Проблеми со Фејсбук Месинџер во Европа - Канал 5

Проблеми со Фејсбук Месинџер во Европа

Најмногу проблеми се пријавени во Велика Британија, Франција, Белгија и Послка.

Проблеми со Фејсбук Месинџер во Европа

Фејсбук Месинџер, една од најпопуларните апликации за допишување во светот моментално не работи во голем дел од Европа.

Број корисници пријавуваат дека оваа апликација, која ја користат стотици милиони, а веројатно и милијарди луѓе, моментално не работи, проблемите се појавиле околу 11 часот.

Според „downdetector“ најмногу проблеми се пријавени во Велика Британија, Франција, Белгија и Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропадна обидот на Левица за координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик

На два дена до истекот на рокот во Собранието да се донесе Изборниот законик, опозицискиот блок остана без заедничка позиција откако пропадна обидот да се свика координативен состанок инициран од партијата Левица. 

Пропадна обидот на Левица за координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик

Од СДСМ обвинуваат дека состанокот е како што велат, „класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити„ , да создаде слика дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик.

-Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. – Порачаа од СДСМ преку партиското соопштение.

Од Левица обвинија дека одбивањето на СДСМ за координација околу изборниот законик е неодговорно опозициско однесување во момент во кој како што велат, постои реална можност за заедничко дејствување.

За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните. Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика. – велат од Левица.

Од ДУИ пак велат дека не ја прифатиле поканата од Левица за присуство бидејќи истата ја добиле само еден час пред започнување на состанокот.

За ВМРО-ДПМНЕ денешниот пропаднат обид за опозициска координација е доказ дека опозицијата намерно го блокира овој чекор од реформската агенда.

-Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го исполниме последниот „benchmark“ што го имаме како врска од реформската агенда. Доколку тоа не се случи во текот на денешниот ден, а со оглед дека рокот е до 15 јули, уште еднаш ќе се покаже хипокризијата, каде што во првиот дел од денот не обвинуваат дека не сме ориентирани кон исполнување на реформите за приближување кон Европската Унија, во вториот дел од денот самите ги блокираат,- - Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

По ова станува се поизвесно дека по четиримесечни преговори во Министерството за правда и неколку обиди да се деблокира Изборниот законик кој е заглавен во Собрание со над 13 илјади амандмани, дека истиот нема да биде донесен до 15 јули кога треба да се испрати извештајот за реформската агенда до ЕК.

Освен моделот на гласање на дијаспората, од партиите се чека и консензус за изборниот модел како и за и финансирањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Син со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му

Запечатена капија, непријатна тишина и љубопитни погледи – нова семејна трагедија ја потресе јавноста, син синоќа си го уби татка си во скопски Чаир,  откако убиениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга и мајка на уби

Син со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му

За семејната драма со смртни последици, остана да сведочи крвта која се уште е свежа на плочникот во тесниот двор.

Членовите на семејството што ги затекнавме на местото, не сакаа да говорат пред камера за семејната драма со смртни последици се случила околу 23 часот, но во разговор ни посочија дека 31 годишниот Бесар, прво му задал еден удар со нож на 52 годишниот татко Авни, кој успеал да стане за да побара помош, по што неговиот син се вратил и му нанел уште неколку смртоносни убоди.

Ножот, со кој го извршил убиството во обид да го прикрие го фрлил во оваа шахта тука, излегол на одредено време, а кога се вратил дома, полицијата набргу го пронашла, а по кратко време било пронајдено и оружјето.

Според нашите инфомрации, настанот во МВР го пријавил таткото на убиениот и дедо на убиецот околу полноќ, повикал и итна медицинска помош, но веќе било предоцна.

-Полициски службеници од секторот за внатрешни работи Скопје, го лишија од слобода 31 годишниот Б.Џ од Скопје, затоа што според пријавеното со нож му нанел убодни рани на својот татко. Таа по настанот била пренесена во Градската болница, Св. Наум Охридски во Скопје каде и била укажана помош,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Дел од соседите велат дека во овој дом имало историја на насилство и викотници, на што се жалела 54 годишната сопруга на убиениот, за кој велела дека често бил во под дејство на алкохол..

Дали досега имало официјални пријави за семејно насилство до МВР се уште одговор нема, а од ОЈО Скопје велат дека издадени се насоки за случајот и дека постапката е во тек, а телото на 52 годишникот, по нивна наредба, е дадено на обдукција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Унгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување.

„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар.

Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно.

Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер