3Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
МакедонијаПробиена речиси половина од делницата на автопатот Миладиновци - ШтипОколу 43 проценти од новиот автопат „Гоце Делчев“ од Миладиновци до Штип се веќе пробиени. Работата на терен трае пет месеци. Реализирано е повеќе од она што е планирано.Инвестицијата од 208 милиони евра во изградбата на 47 километри нов автопат треба да се заврши за три години. Моментално на терен се ангажирани 260 работници и 136 градежни машини. Се работи со забрзано темпо кое се очекува од август да се засили дополнително, изјави премиерот Груевски кој заедно со ресорниот министер Јанакиевски извршија увид во градежните работи на новиот автопат. Кинеската компанија Синохидро која е главен изведувач ќе гради 10 километри од автопатот, останатите ќе ги градат домашни подизведувачи Гранит и Бетон. Автопатот ќе биде во широчина од 28 метри и неколку клучки. Ова е еден од трите нови автопати што се градат во државата. Моментално се работи и автопатот од Кичево до Охрид и на автопатската делница Демир Капија - Смоквица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од МицкоскиСите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси. Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи. Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници. Остана само Максо да го „одработи“ авансот што го доби од Мицкоски. ЗНАМ не е политичка партија. ЗНАМ е сте сателит на ВМРО, здружение создадено и финансирано од страна на Христијан Мицкоски за да му обезбеди разбивање на единствената опозиција, да ги збуни гласачите и во последните две години да плука по опозицијата. Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“. Сега, кога партијата ви се распаѓа и граѓаните кои ви веруваа се измамени, останува само прашањето: Кога ќе се огласи Обвинителството по пријавата за тендерите во Пошта? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ФудбалСедум рекорди на волшебникот од Аргентина, ова го може само Лионел Меси!Седум рекорди на фудбалското божество, ноќ за историја на Лео Меси.Аргентинецот испиша нови страници од историјата.Селекцијата на Аргентина утрово ја победи репрезентацијата на Алжир со убедливи 3:0, а светот повторно беше сведок на апсолутната магија на човек кој одбива да остари. Лионел Меси ги постигна сите три гола на натпреварот, постигна прекрасен хет-трик и одигра натпревар кој ќе биде запишан со златни букви во историјата на фудбалот. Оваа ноќ не беше посебна само поради победата и трите гола, туку и поради фактот што Меси успеа да урне, постави или израмни дури седум неверојатни рекорди само во еден натпревар. Покрај тоа што го одбележа својот 200-годишен настап во дресот на репрезентацијата на Аргентина на овој натпревар. Ова се седумте историски достигнувања на Меси. 1. Најмногу голови во историјата на Светските првенства (Изедначен рекорд) .Со постигнување на три гола, Лионел Меси стигна до бројката од 17 голови на Светските првенства. Со овој настап, тој се изедначи на првото место на листата на стрелци на сите времиња и го дели тронот со германскиот легендарен стрелец Мирослав Клосе. 2. Првиот играч кој се појавил на шест различни Светски првенства. Со истрчувањето на теренот, Меси стана првиот фудбалер во историјата на најважната споредна работа на светот- фудбалот кој има официјален настап на шест различни Светски шампионати. 3. Најстариот стрелец на хет-трик на Светските првенства. Меси утрово стана и најстариот фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик на еден натпревар на Светските првенства. 4. Најмногу комбинирани голови и асистенции во историјата на Светските првенства. Со трите нови гола, Меси ја подигна својата директна скала на перформанси на историски врв. Тој сега е играчот со најголем придонес во головите во историјата на Светските првенства - вкупно 24 (комбинирани голови и асистенции). 5. Кралот на шутеви од далечина - најмногу голови надвор од шеснаесетникот. Еден од головите против Алжир Меси го постигна со удар од далечина, од надвор од шеснаесетникот, со што волшебникот на гаучосите оствари нов рекорд на Мундијалите, стрелец на шест голови постигнати надвор од шеснаесетникот во историјата на Светските првенства. 6. Најмладиот и најстариот стрелец во историјата на Аргентина на Светското првенство Со овие голови, Меси затвори совршен круг кој трае две децении. Тој држи уникатен рекорд како најмлад и најстар стрелец за аргентинската репрезентација во историјата на Светското првенство. 7. Прекрасен јубилеј: 200-ти настап за паметење Против Алжир, Меси го прослави својот неверојатен 200-ти натпревар во дресот со националниот грб на Аргентина, и тешко можеше да замисли подобар начин да ја круниса оваа историска годишнина отколку со три гола и седум срушени рекорди.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаботна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, ИрскаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска.За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија. Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од водечките ирски тинк-тенк центри за меѓународни односи и европски прашања. Посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската Унија и е насочена кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, како и кон обезбедување континуирана поддршка за процесот на проширување на Европската Унија и реформските напори на државата на патот кон полноправно членство во Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00