Признанија за најдобрите во крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2023 - Канал 5

Признанија за најдобрите во крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2023

По повод претстојниот 17 Март - Ден на крводарителството, Општинска Организација на Црвен крст Велес синоќа ги додели традиционалните признанија за најдобрите во крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2023 година. 

Признанија за најдобрите во крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2023

Признание за 100 пати дарувано крв доби Тодор Хаџи Ристов, за 75 дарувања наградени се Божо Димовски, Димче Наумов и Стефан Јовчев.

Признание за 50 дарувања им беше врачено на Ѓоре Коцев, Наунчев Игор, Иван Стојанов, Пејчиновски Дени, Јордан Кирков, Драганчо Талевски, Снежана Петрушевска, Роберто Јаневски и Нино Николов.

Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството, значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2023 година и за поддршка на крводарителството, Благодарница им се додели на: Команда за обука и доктрини на Армијата на Северна Македонија, „Скил ап академија“, Средното училиште ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, Основна организација на Црвен крст Градско и мотиваторите за крводарителство Благое Климкаров, Дончо Николовски, Слободан Бошков и Зоран Јаневски

Признание за развој и поддршка на крводарителството добија и Службата за трансфузиона медицина од Велес и д-р Лилјана Поцкова, д-р Славе Јорданов, Мимоза Николова, Милка Илиева и Душанка Темова, сега сите во пензија.

Поцкова, која 40 години работеше во Службата за трансфузиона медицина во Велес, за МИА изјави дека е пресреќна што го добива ова признание за нејзината работа на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка.

-Се гордеам што вечерва сум во друштво на крводарителите, со кои сум соработувала цел мој работен стаж. Чест е да се работи и да се биде во друштво со најхуманите луѓе кои се со големо и хумано срце и секогаш спремни да даруваат крв и спасат нечиј живот во опасност и им помагаат на сите болни на кои итно им е потребна драгоцената течност. Нашата служба за Трансфузиона медицина во Велес многу напорно работеше во сите изминати години, а младите наши колеги продолжуваат и сега за поттикнување на крводарителството, кое во Велес и пошириокиот регион е секогаш на врвот на најуспешните во земјава. Се надевам дека крводарителите и понатаму ќе останат хумани и ќе ја даруваат драгоцената течност, секогаш кога е потребно, потенцира д-р Поцкова.

На свеченоста настапија учениците од ОМУ „Стефан Гајдов“, а се прикажа и видео спот, кој го изработија волонтерите од Клубот на млади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер