Признанија за 22-ца врвни спортисти за достигнати спортски успеси - Канал 5

Признанија за 22-ца врвни спортисти за достигнати спортски успеси

Национални признанија денеска добија 22 врвни спортисти кои имаат големи достигнувања во екипните спортови. 

Признанија за 22-ца врвни спортисти за достигнати спортски успеси

22-ца врвни спортисти од Македонија кои постигнале големи достигнувања во екипните спортови денеска на свечена церемонија во Владата на Македонија, добија Национални признанија. Признанијата им ги додели премиерот Христијан Мицкоски, кој во говорот напомена дека овој настан не е само формалност туку чин на искрена и заслужена почит за луѓето кои не барале ништо, а дале сè, и затоа државата воспоставува нов принцип во кој врвниот спортски успех мора да се вреднува не само во моменти на еуфорија, туку и во текот на целиот живот.

Меѓу наградените е еден од најдобрите фудбалери во Македонија, Горан Пандев, кој со Интер ја освои Лигата на шампионите. Тој во изјава за Канал 5 рече дека му се исполниле сите детски соништа а најголема гордост за него е учеството на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во 2021 година. Вели, среќен е што државата не ги заборавила.

Со емотивен говор за наградата се заблагоради и Гордана Нацева, која бранејќи го голот на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година, екипата стана европски шампион во ракомет. Наградата ја посвети на нејзината ќерка, а рече благодарение на ова свечено признание, емоциите денеска и се исти како пред 23 години.

Од свечената сала во Владата најгласно одекна пораката наменета за најмладите, ниту една причина да не им биде изговор за откажување од соништата.

YouTube video

Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон

Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Епл“ коишто увозник од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници, соопшти денеска Царинската управа.

Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон

За случајот е поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост и е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета вредност доколку би се продавале како оригинални е 5,6 милиони денари.

Од Царината информираат дека изминатите денови се сузбиени повеќе случаи на криминални активности. Мобилен скенер на Табановце при контрола на товарно моторно возило запленил над 112 парчиња разна стока, во најголемиот дел спортска облека со потписот на „Најк“, што сторителот се обидел да ја шверцува во државата.

Исто така, патничко комбе натоварено со специјално дизајниран и изработен разладувач наменет за македонска фирма, чиј испраќач е фирма од Србија поминал на граничен премин без да ја пријави стоката и за неа да плати царински давачки. Истото е стопирано на патниот правец Куманово - Скопје од мобилен царински тим од којшто е спречен во намерата. Против сторителот е поведена соодветна постапка, а стоката е запленета.

Информираат и дека мобилен царински тим при контрола на патничко моторно возило на влез во државата на граничен премин Табановце кај четворица патници, македонски државјани, открил вкупно 60 илјади евра. На патниците, согласно Законот за девизно работење вратени им се по 10 илјади евра, а останатите вкупно 20 илјади евра се запленети.

Во текот на изминатата една година мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги откриле и спречија 275 обиди за криминални активности, или за повеќе од двојно споредбено со годината претходно кога имало евиденција за 118 заплени.

Шакшука

Шакшука е традиционално јадење од Блискиот Исток, направено од јајца во богата, зачинета доматна соса. Идеално за доручек, ручек или лесна вечера.

Шакшука

Состојки:

Маслиново масло

4 до 6 јајца

1 чешне лук, ситно сечкан

1 главица кромид, тенко исечена

2 црвени пиперки, тенко исечени

1 кг домати, исечкани на коцки

1 лута пиперка, ситно исечкана

Неколку гранчиња магдонос (само листовите)

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во поголема тава загрејте маслиново масло на средна температура.

Додадете го сечканиот кромид и лукот. Пржете неколку минути додека омекнат.

Ставете ги црвените пиперки и лутата пиперка, и пржете додека пиперките омекнат.

Додадете ги доматите и по желба, харисата. Посолете и забиберете по вкус.

Намалете ја температурата и гответе 10–15 минути додека сосот се згусне.

Со лажица направете вдлабнатини во сосот и внимателно скршете ги јајцата во нив.

Покријте ја тавата и гответе 5–8 минути, или додека белките се стегнат, а жолчките останат течни.

Посипете со свеж магдонос и веднаш сервирајте.

Совет: Најдобро се комбинира со леб или пита, за да не пропуштите ниту капка од вкусниот сос.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Шпанскиот фудбалски стратег Марти Сифуентес е нов тренер на Лестер објави синоќа тимот од Чемпионшип лигата.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Лестер се раздели со поранешниот тренер Руд ван Нистелрој минатиот месец откако клубот испадна од Премиер лигата.

На негово место седнува 43-годишниот Шпанец кој изминатите две години беше на клупата на Квинс Парк Ренџерс.

Во својата тренерска кариера Сифуентес ги предводеше и норвешки Сандефјорд, дански АаБ и шведски Хамарби, како и тимови од шпанските пониски лиги.

притисни ентер