Признание за животно дело за Мето Јовановски - Канал 5

Признание за животно дело за Мето Јовановски

Годинашен лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ од Крива Паланка е еден од најголемите македонски актери Мето Јовановски, кому на отворањето на фестивалот му беше доделено признание за животно дело.

Признание за животно дело за Мето Јовановски
На првата фестивалска вечер во НУ Центар за култура Крива Паланка беше прикажан краток филм посветен на животот и делото на Јовановски.

Театарскиот критичар Гоце Ристовски говореше за животот и делото на Јовански, за кого рече дека е актер со маркантно присуство и на телевизија и во театарот, носител на повеќе од 30 меѓународни награди и признанија.

- Мето Јовановски е грамаден актер кој оставил голем, траен, печат на театраот, но и филмот, во Македонија, на Балканот и пошироко. Восхитен од неговата огромна љубов кон театарот јас секогаш стојам простум пред него и учам од неговата културна етика. Горд сум што сум сведок на овој голем чин од историјата на мојот град Крива Паланка и посакувам ореолот на светецот Јоаким Осоговски чие име го носи фестивалот да го следи и овенча со светлина и успеси големиот Јовановски и во иднина, истакна Ристовски.

Наградата за животно дело што се доделува секоја година за посебни заслуги во развојот на македонската театарска уметност му ја врачи градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

- Благодарен сум и горд што сум лауреат на еден фествал кој е успешна приказна, мост, спона за народите во заедништво, како зрак светлина во мракот наталожен на овие простори од стереотипите на минатото, изјави Јовановски.

Тој додаде дека сите досегашни учесници на овој фестивал се вградени во мозаикот на големината и убавината-театарот.

- Според Достоевски убавината ќе го спаси светот, а јас велам, убавината во нашите души е дар Божји кој треба да се негува за да ги затоплува нашите закоравени срца. Преку театарот и традицијата на неговото постоење ова се постигнува сосема лесно, рече Јовановски.

Нагласи дека се надева оти Крива Паланка со своите убавини и културни добра и понатаму ќе биде центар на културата.

- Овој град со вековна традиција нека и понатаму зрачи со силата на убавото во чест на илјадалетното постоење на Св. Јоаким Осоговски и нека биде ориентир за сите посетители. Благодарам од срце за наградата, а овој фестивал е добра традиција и патоказ дека историјата и традицијата треба да се негуваат, заврши Јовановски.

Организацискиот одбор на фестивалот секоја година доделува признание за животно дело, а до сега го добиле актерите Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски и Страшко Милошевски.

На ревијалната фестивалска програма која започнува вечер ќе настапат театри од Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во Турција

Повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија

Повеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во Турција

Илјадници луѓе се собраа во Анталија, местото на годишната конференција на ОН за климатските промени COP31, за да протестираат против собирот за кој велат дека ги игнорира барањата на „вистинските жртви на климатската криза“, јавуваат новинарите на АФП.

Свикани од неколку невладини организации за животна средина и човекови права, синдикати и политички партии, повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија, според проценките на полицијата.

„Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат“

„Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат на COP“, се пожали Халиме Саман од платформата на Народниот климатски самит, која организира алтернативна конференција заедно со COP31, каде што претставници на речиси 200 земји дискутираат за решенија за климатските промени.

„Турција е копретседател на COP31, но сè уште нема план да се откаже од фосилните горива. Се отвораат нови термоцентрали и рудници за јаглен. Тие ја имаат крвта од маслиновите дрвја масакрирани во Акбелен на своите раце“, рече таа, осврнувајќи се на шума во југозападна Турција која стана симбол на борбата против проширувањето на рудниците за јаглен.

„Компаниите што предизвикуваат уништување на животната средина во Турција се меѓу спонзорите на COP31. Сакаме да ги симнеме овие маски“, додаде Саман.

Активист пешачел речиси 600 километри за да учествува во протестот

Активистот Јашар Гокоглу, 78, пешачел речиси 600 километри од Адана, во јужна Турција, за да учествува на алтернативниот самит и протест.

Неговиот роден град стана една од главните дестинации за пластичен отпад увезен од Европската Унија, што придонесува за загадувањето на Средоземното Море и земјоделското земјиште.

„Адана се наоѓа на најплодната земја во светот, но се соочува со безброј опасности: електрани на јаглен и нови петрохемиски проекти. Но, ние сме тука пред сè за да кажеме не на увозот на пластичен отпад“, објасни тој.

„Фарса спонзорирана од монополи“

Ѓокоглу не очекува ништо од конференцијата COP31, која ја нарекува „фарса спонзорирана од монополи“.

„Ние сме вистинските жртви на климатската криза. За разлика од COP31, од кој знаеме дека ништо нема да произлезе, ние ќе издадеме своја завршна декларација“, рече тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела.

„Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“.

За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот.

„Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ.

Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер