Признание за придонес за регионалната бизнис интеграција за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот на Стопанската комора - Канал 5

Признание за придонес за регионалната бизнис интеграција за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот на Стопанската комора

Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната економска соработка и интеграција на бизнисот. 

Признание за придонес за регионалната бизнис интеграција за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот на Стопанската комора

Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција.

Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната економска соработка и интеграција на бизнисот. При доделувањето на признанијата, во рамки на средбата помеѓу бизнис заедниците од двете држави, претседателот Азески посочи дека оваа со оваа награда бизнис заедницата им оддава благодарност на двајцата премиери за нивната конитнуирана заложба и посветеност во насока на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и создавање нови можности за бизнис-заедницата.

Андреј Пленковиќ, како лидер на земја членка на Европска Унија, со своето искуство и активен ангажман дава значајна поддршка на процесите на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, пренесувајќи знаење, практики и стандарди кои придонесуваат за побрзо усогласување со европското законодавство и деловна култура. Посветеноста кон зајакнување на економските врски помеѓу двете држави е потврдена и со последната одлука на Хрватска за одобрување на можноста за издавање долгорочни визи за професионалните возачи со што се продонесува за надминување на проблемот со престој во шенген зоната.

Проф. д-р Христијан Мицкоски, како што вели Азески, преку својата посветеност на економските реформи, подобрувањето на инвестициската клима и зајакнувањето на регионалните економски врски, активно работи на позиционирање на Република Северна Македонија како доверлив партнер и атрактивна дестинација за инвестиции. Неговите заложби за унапредување на инфраструктурната поврзаност, дигиталната трансформација и поддршката на приватниот сектор создаваат основа за одржлив економски раст и поголема конкурентност.

Во своето обраќање на заедничкиот деловен настан кој се одржа во Охрид на бизисмените од двете држави (Хрватска и Македонија), Азески вели - човекот сигурно не работи за да добие признание, но може да се каже дека не е рамнодушен кога другите изразуваат почит кон неговата работа. Признанието доаѓа неочекувано на различни начини, но најчесто го сугерираат пријатели и следбеници кои знаат што значи тоа. Особено значајни се признанијата што доаѓаат од странство, а најмногу од деловни здруженија. На овој начин се дава признание за долгорочни ангажмани за подобрување на соработката меѓу земјите. Сепак, тоа е признание и голема обврска да се удвојат напорите што се вложени досега за државата и општеството да одат напред.

Зошто најголемата и најбројната бизнис заедница во нашата земја ги избра овие двајца господа за таков гест на почит? Бидејќи нивната политичка работа со децении е доминирана од бизнисот и економијата, особено регионалната соработка. Го познавам г-дин Пленковиќ уште од Мостарскиот саем, а г-дин Мицкоски уште од времето кога работеше во Електростопанството на Македонија и отсекогаш се залагал за развој на бизнисот и економска соработка. Нашата комора годинава слави 104-годишнина и е членка на сите светски коморски здруженија.

На бизнис средбата помеѓу двете земји во присуство на премиерите и економски министри од двете земји присуствуваа и првите луѓе на Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, ИГМ Трејд Кавадарци, Макпрогерс Виница, Кожувчанка Кавадарци, Тиквеш АД Кавадарци, МЕПСО АД Скопје, кои ја презентираа заинтересираноста за поголема соработка но и остварување нови деловни партнерства.

Билатералниот настан од ваков тип е основа за заеднички, преку визија заснована на соработка, интеграција и споделени европски вредности, да се работи на создавање на поинтегриран регион, во кој економиите се поврзани, а бизнисите имаат поголеми можности за развој, раст и интернационализација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 2. до 9. ноември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 2. до 9. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 2. до 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

Здравје и совет

Не го потценувајте здравиот и мирен сон.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм.

Кариера

Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

Здравје и совет

Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели.

Кариера

На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет

Немојте да пиете студени пијалоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни.

Кариера

Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Здравје и совет

Би сакале да истражувате непознати места .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност.

Кариера

Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно.

Здравје и совет

Човек на човека е лек.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства.

Кариера

Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Здравје и совет

Не заборавајте на редовниот одмор и сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете.

Кариера

Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

Здравје и совет

Можете да поместувате планини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии.

Кариера

Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Здравје и совет

Занимавајте се со јога и медитација.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги.

Кариера

Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација.

Здравје и совет

Никаде не брзајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност.

Здравје и совет

Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат.

Кариера

Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение.

Кариера

Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Не ги напуштајте новите идеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. 

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година.

Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот.

Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци.

Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари.

Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот.

Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

 По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“.

Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг.

Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија.

Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет.

Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза.

Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето.

Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција.

Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер