Призна дека испратила 11.000 луѓе во смрт: 97-годишна Германка на суд проговори за Холокаустот - Канал 5

Призна дека испратила 11.000 луѓе во смрт: 97-годишна Германка на суд проговори за Холокаустот

Ирмгард Фурнер, 97-годишна жена која служела како секретарка во концентрационен логор за време на Втората светска војна, зборувала за прв пат за време на нејзиното судење во Регионалниот суд во Германија.

Призна дека испратила 11.000 луѓе во смрт: 97-годишна Германка на суд проговори за Холокаустот

Ирмгард работела во концентрациониот логор Штутхоф во Полска од јуни 1943 година до април 1945 година, прва жена на која ѝ се суди во Германија за злосторства од нацистичката ера во последните децении.

Таа е обвинета дека играла клучна улога во смртта на над 11.000 луѓе.

Фурнер претходно негирала дека знаела за Штутхоф за време на нејзиното судење, иако сведочењето на нејзиниот сопруг во 1954 година покажало дека тој знаел дека луѓето во логорот биле гушени со гас.

Судењето на Фурнер, кое започна во октомври 2021 година, наиде на критики за негирање на грозоморните злосторства.

„Жал ми е за сѐ што се случи“, на крајот изјави Фирхнер. „Жалам што во тоа време бев во Штутхоф.“

Таа пред почетокот на судењето напишала писмо до претседателот на советот во кое ја доведува во прашање смислата на постапката. Таа потоа побегнала пред првиот ден од судењето, за потоа да биде уапсена. Оттогаш таа молчи на судските рочишта.

Медиумите кои го следеа судењето ја нарекоа „секретарка на злото“. Фирхнер имала 18 години кога почнала да работи во кампот. На неа ѝ се суди како малолетничка поради нејзината возраст во времето кога биле извршени делата. Обвинителите бараат двегодишна условна казна, што значи дека нема да се соочи со затворска казна доколку биде осудена.

Нејзините адвокати побараа ослободителна пресуда минатата недела - што би можело да биде последното судење на нацистички функционер вклучен во воени злосторства - велејќи дека доказите не успеале да докажат дека таа била свесна за убиствата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во петок ќе се задржи сончево и топло време. Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер. Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. септември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 10. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате.

Кариера

Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма.

Кариера

Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник.

Здравје и совет

Вежбајте дисциплина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата.

Кариера

Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате.

Здравје и совет

Потсетете се што е тоа што го сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте.

Кариера

Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат.

Здравје и совет

Малите грижи уште повеќе се намалуваат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни.

Кариера

Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки.

Здравје и совет

Размислете за своите достигнувања.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава.

Кариера

Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право.

Здравје и совет

Држете се до познатите навики.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри.

Кариера

Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства.

Здравје и совет

Немојте да бидете премногу дрски.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав.

Кариера

Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас.

Здравје и совет

Преоден пад на имунитетот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места.

Кариера

Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат.

Здравје и совет

Неопходно ви е релаксирање.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност.

Кариера

Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени.

Здравје и совет

Верувајте му на вашето шесто чуло.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво.

Кариера

Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер