Привршува откупот на вишокот тутун и се бара план за новото производство - Канал 5

Привршува откупот на вишокот тутун и се бара план за новото производство

Привршува откупот на вишокот тутун, проценет на 1500 тони, за што се продолжи рокот до крајот на март.

Привршува откупот на вишокот тутун и се бара план за новото производство

Прилепскиот тутунски комбинат од 700 тони презел 60 насто, а купуваат уште пет фирми, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот.

– Се откупува вишокот тутун. И денеска, а остануваат, до крајниот рок уште три работни дена од понеделник до среда. Со податоците од вчера, се откупени вкупно 26 200 тони тутун. Останува да се купува денеска, и во понеделник, вторник и во среда. Мислиме дека ќе се преземе сиот тутун. Моментално откупуваат: Прилепскиот тутунски комбинат, „Секе", „Алијанса" од Кавадарци, „Сокотаб" од Битола, „Мисиријан" и „Пашоски". Немаме прецизни информации колку се откупени од вишокот тутун, но убедени сме дека до среда, 31 март, ќе бидат откупени сите количества, изјави Стомнароски.

Координаторот на четирите новоформиранит здруженија на тутунарите Игор Мирчески и Стомнароски, претседател на Сојузот, се согласни дека има реакции на процената и на висината на одбитоците.

– Тутунарите на откупните пунктови чекаат во редици да го предадат својот род. Ако се знае фактот дека за неколку дена завршува овој продолжен рок за откуп, кај нив се зголемува тензијата. Процената на фирмите е катастрофална. Само родот од прва класа- врв, се купува во тројка, а сите останати берби се преземаат во четврта класа со високи одбитоци, над 20 проценти. Тажна е сликата да се предава родот за 60 до 70 денари, вели Мирчески.

– Има реакции на тутунарите за процената и висината на одбитоците. Ние реагиравме и до Министерството за земјоделство и до земјоделскиот инспекторат. Од нивна страна и од откупувачите беше кажано дека, претежно, е останат тутун од првата берба и скапаниот тутун и затоа одбитоците биле повисоки и цената е таква каква што е. Инспекторатот е на терен, но немам податоци колку и какви забелешки и реакции има, изјави Стомнароски.

Паралелно, во тек е склучувањето договори за новата реколта по исти цени и со намалени количества. Извесно е, а и министерот за земјоделство Хоџа нагласи, дека новата реколта се ограничува на 21 000 тони. И новите здруженија и Сојузот бараат дебата и државата да го задолжи министерството за земјоделство да реши – што ќе посадат оние кои нема да бидат тутунари. Според Мирчески, мора да има програма.

– Испративме отворено писмо до владата, до откупувачите, до Министерството за земјоделство, до катедрата на земјоделскиот факултет, до Институтот за тутун, да се организира јавна расправа за да се решат проблемите за новата реколта. Во спортивно, ќе бидеме сведоци за уште една промашена година за тутунарите. Апелираме институциите сериозно да ја сфатат нашата иницијатива и да се каже што да работат тутунарите, ако веќе не може да склучат договори за новата реколта тутун, бидејќи откупувачите излегоа со пресметки дека новата реколта ќе тежи само 21 000 тони. Ако се знае фактот дека секоја година се произведуваат околу 25 000 тони, и в година ќе дојдеме до ситуација да има 4 000 тони вишок тутун и може да наидеме на иста, тешка реколта. Сега договорите се потпишуваат на иста цена, но со намалени количества и многу тутунари ќе останат без договори. Затоа, бараме дражвата да го задолжи Министерството за земјоделство, да најде начин, да се направи програма што да работат овие тутунари кои ќе останат без договори. таа трансформација и тие обуки да ги изврши министерството за земјоделство за да не лутаат тутунарите, самоиницијативно да садат други култури. Слушам мноу ќе се префрлат на производство на пиперка, па наредната реколта да имаме проблем со производството и пласманот на пиперките, вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани здруженија.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија нагласува дека и оттаму се бара јавна расправа, а министерството треба да направи реонизација на производството.

– Договарањето е при крај. Оваа година ќе се склучат договори за 21 500 тони. И ние, како Сојуз на земјоделски здруженија имаме побарано од Министерството за земјделство и имаме добиено ветување дека по завршувањето на откупот, ќе седнеме на заедничка маса со откупувачите, со Министерството и со Комисијата при министерството за оние наши барања кои ги имавме со измена на Правилникот за откуп на тутунот и за измена на некои законски одредби кои, сметаме, оваа година правеа проблем. И ние побаравме да има количества како лани, но откупувачите беа категориќни дека ќе купат онолку колку што може да продадат. Но, за да нема вишок, сметам дека Министерството за земјоделство треба да направи реонизација. Во оние реони каде може да се сади друга култура, да се сади, а онаму каде успева само тутунот и луѓето живеат само од тутунопроизводство, треба да им се склучат договори и да им се откупува тутунот, зашто тоа им е единствена егзистенција, објаснува Стомнароски.

Сите тутунарски асоцијации сакаат сигурно тутунопроизводство, без проблеми за пласманот и за откупот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е напаѓачот на забавата во Швајцарија, уби 22- годишна Италијанка и рани петмина

Швајцарската полиција уапси 43-годишен маж осомничен за пукање на рејв забава во Арау, каде што минатиот викенд беше убиена 22-годишна Италијанка, а пет лица беа ранети. 

Уапсен е напаѓачот на забавата во Швајцарија, уби 22- годишна Италијанка и рани петмина

Апсењето е извршено по обемна потрага по инцидентот на хиподромот Шахен. Жртвата е идентификувана како Марија Спинели.

Пукањето се случило во раните утрински часови во недела, околу 2:30 часот, веднаш по завршувањето на техно забавата „Aarau Rave VOL. 7“. Според изјавите на сведоците за швајцарскиот весник Blick, посетителите првично помислиле дека станува збор за огномет. Паниката се појавила само кога некој извикал: „Сите на подот!“.

Еден од сведоците му рекол на Blick дека се обидел да реанимира жена која крварела од прострелна рана, но без успех. Полицијата подоцна потврди дека таа починала на местото на настанот. Другите петмина повредени, четири мажи и една жена, сите на возраст меѓу 24 и 27 години, биле пренесени во болница. Нивните повреди се движат од полесни до тешки, а сите живеат во Швајцарија.

Истрага и апсење

По пукањето во Арау, главниот град на северниот швајцарски кантон Аргау, полицијата започна голема операција. Во соопштението за медиумите, тие наведоа дека претресот резултирал со апсење.

„Како дел од претресот, во понеделник, 31 август 2026 година, малку пред еден часот наутро, беше приведен 43-годишен швајцарски државјанин. Потоа, човекот беше уапсен под сомнение за сторено кривично дело“, објави полицијата. Тие додадоа дека засега се претпоставува дека сторителот дејствувал сам.

Полицијата, исто така, соопшти дека истрагата за точниот редослед на настаните, позадината на злосторството и можниот мотив е сè уште во тек.

Реакции на трагедијата

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја објави смртта на италијанската државјанка Марија Спинели. „Моите мисли се со другите повредени, меѓу кои и двајца италијански државјани, и со сите погодени од овој настан“, напиша таа на социјалната мрежа X.

Тркачкиот клуб Аргау, кој управува со хиподромот, го изрази својот шок од инцидентот. „Изразуваме најдлабоко сочувство до сите погодени и нивните семејства во овие тешки времиња“, се вели во нивното соопштение.

Швајцарскиот диџеј Текибо, кој настапи на забавата, напиша на Инстаграм дека настанот бил „апсолутно рок“. „Техно и рејв забавите треба да бидат места на слобода и безбедност, а не места каде што се случува нешто вакво“, рече тој.

Настанот беше најавен како техно забава на покриениот хиподром за околу 3500 посетители. Градот Арау, кој се наоѓа на околу 45 километри западно од Цирих, има приближно 22.300 жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентина во шок: Се повлече Меси

Она што беше најавувано сега доби епилог. 

Аргентина во шок: Се повлече Меси

Легендарниот Лионел Меси одлучи да се повлече од репрезентацијата, објави тој на својот официјален профил на Инстаграм. Тој објави и емотивна порака.

Лионел Меси играше на овогодинешното Светско првенство, стигна до финалето со Аргентина и беше поразен од Шпанија со 1-0 по продолженијата. Сега Меси се огласи по Светското првенство, по долго време, и откри дека повеќе нема да игра за Аргентина.

- По сето ова време што помина од финалето, откако многу размислував за сè, сакам да им кажам на сите дека се повлекувам од репрезентацијата... Тоа беше одлука што ме болеше и што ми ја боли душата, но разбирам дека дојде време за тоа. Ви се колнам дека секогаш сум давал сè од себе, не само во последните неколку години кога сè се освојуваше, туку и порано. Секогаш сум се борел и сум оставал сè за овој дрес, за да ви дадам радост и да ве направам горди што сте Аргентинци преку фудбалот.

- Сè уште има малку време и некои фази полека се затвораат, а оваа е една од оние што многу ме боли. Сакам, сакав и секогаш ќе сакам да бидам дел од националниот тим. Се испразнив од себе, немам што повеќе да дадам. А покрај тоа, некои навистина одлични момци доаѓаат по мене кои заслужуваат да бидат тука. Ви благодарам за целата љубов и поддршка во текот на овие 20 години. Ќе ми недостига да ве слушам одвнатре, од теренот.

- Сега ќе бидам уште еден од вас, ќе ве бодрам и ќе ве поддржувам секогаш однадвор - во добри и лоши времиња, а особено тогаш. Благодарам на моето семејство што секогаш беше тука за мене, што ме придружуваше на ова прекрасно, но тешко патување. Благодарам на секој тренер, соиграч и службено лице со кого имав можност да го споделам ова патување. Носам со себе спомени и моменти што никогаш нема да ги заборавам.

- Си заминувам смирен и горд затоа што, заедно со моите соиграчи, ви ги дадов моментите за кои сонувавме. Беше лудо да го доживеам сето тоа заедно со вас. Ве сакам! Фала му на Бога што ме направи Аргентинец. Напред Аргентина! Ги напишав овие зборови на 21 јули, два дена по финалето. Денес, по сè што се случи со мојот татко, сум уште поубеден во мојата одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул го претстави еден од најскапите играчи во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Бредли Баркола (23) е нов играч на Ливерпул, објави англискиот клуб. Францускиот крилен напаѓач пристигна од ПСЖ за фиксна сума од 125 милиони евра, плус 20 милиони евра во можни бонуси. 

Ливерпул го претстави еден од најскапите играчи во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Основниот износ на надоместокот го направи трет најскап играч во историјата на Ливерпул, зад Александар Исак (145 милиони евра) и Флоријан Вирц (125 милиони евра). Доколку договорените бонуси се реализираат, тој би бил изедначен на врвот со шведскиот напаѓач. Тој потпиша петгодишен договор.

Баркола дојде во ПСЖ пред три години од Лион со надомест од 45 милиони евра. Оттогаш, одигра 152 натпревари со учинок од 39 гола и 37 асистенции. Освои три француски и две титули во Лигата на шампионите, како и два домашни купа, како и еден Интерконтинентален куп. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.

Тој влегува на седмото место, а може да скокне и на третото.

Трансферот на Баркола е еден од најскапите во историјата. Фиксната сума за надомест од 125 милиони евра го става на седмото место. Го дели со Јано Диоманде, кој неодамна се пресели од Лајпциг во Реал за истата сума.

Доколку се исполнат условите за активирање на бонусот од 20 милиони евра, тој се искачува на третото место, од кое ќе го истисне малку поевтиниот Александар Исак. Тој беше купен и од Ливерпул минатото лето.

Најскапи трансфери во историјата:

1. Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра

2. Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра

3. Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за 145 милиони евра

4. Морган Роџерс од Астон Вила во Челзи за 137 милиони евра

5. Елиот Андерсон од Нотингем во Манчестер Сити за 135 милиони евра

6. Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра

7. Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за 125 милиони евра

8. Бредли Баркола од ПСЖ во Ливерпул за 125 милиони евра

9. Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра

10. Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 118 милиони евра

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер