Привршува манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ - Канал 5

Привршува манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“

Како мошне успешна и посетена од велешани била манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“, оцени денеска на прес-конференција Јордан Витанов, директор на Народниот театар „ЈХК-Џинот“ од Велес.

Привршува манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“
Тој потсети дека имаше бројни културни настани вредни за внимание кои го предизвикаа интересот кај публиката. Меѓу нив посебно кинеските артисти од Драгон Кинг Фу Академијата од Пекинг со нивниот модерен танц и кунг фу вештини.

- Интерес кај велешката публика предизвикаа и трите претстави од Танц фест кои како дел од годинешниот Танц фест освен во Скопје беа презентирани и во Велес, а со одлична соработка што ја имаме со директорката на Танц Фест, Рисима Рисимкин, потенцира Јорданов.

Тој воедно најави дека како завршување на манфестацијата „Велес-Град на културата 2015“, Народниот театар со спонзорство на Општина Велес, која во целост ја подржа оваа културна манифестација на Министерството за култура, како награда за Нова година ќе ги почести велешани со пет бесплатни претстави во периодот од 26 до 30 декември.

За сите претстави заинтересираните треба навреме да си обезбедат бесплатни билети од касата на театарот.

Како што инфорира Васил Зафирчев, уметнички директор на велешкиот Народен театар, во рамки на манифестацијата „Велес- Град на културата 2015“ најинтересни за велешани биле театарските претстави.

- Одигравме 30-тина претстави, кои ги видоа седум илјадна публика, додека во театарот се одржаа 45 настани, дел на голема, дел на мала сцена, а кои беа посетени од 15 илјади гледачи. Оваа бројка од 22 илјади публика која ги посетила настаните во нашата зграда, е една респектабилна и ни е задоволство што бевме домаќини на толку многу артисти, од земјава и странство, потенцира Зафирчев.

Најголемо внимание кај публиката привлекла театарската продукција, потоа музичкиот дел каде преовладуваше класичната музика, потоа танцот и современ балет кои беа нова содржина во Велес. Танц фест диспензираше дел од програмата во Велес, гостуваа Македонската опера и балет, а потпишан беше и Меморандум со велешкиот театар за соработка и до година кога повторно ќе гостуваат со по една балетска и оперска претстава.

Сцената годинава беше домаќин и на два фестивали: на античка драма ,,Стоби“ и на независниот фестивал на алтернативен театар ,,Импакт“, а каде се претставија и театри од Турција ,Романија, Словенија, Албанија и Грција.

- Публиката во Велес имаше можност да ужива во игрите на Националниот ансамбл „Танец“, ги проследи и концертите на Дуке Бојаџиев и Тони Китановски, на Васил Хаџиманов и неговиот бенд и многу други, потсети Зафирчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвитените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер