ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
2ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
МакедонијаПривремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 21. Виз Ер Скопски маратонВо недела во Скопје ќе важи привремен режим на сообраќај, поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон. На оваа спортска манифестација ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земј,. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот. Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Стартот на маратонската, полумаратонската и штефатната трка e во 08:05 часот пред Собранието на Р. Македонија, додека натпреварувачите на Комерцијална Банка трката на 5 км ќе стартуваат во 08:00 часот во близина на Црвениот крст на РМ и ќе се движат во насока на Аеродром. Сепак, организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Трасата на Комерцијална Банка 5K трката започнува во близина на Црвениот крст на РМ, право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Васко Карангелевски“ и по истата траса назад до целта – Плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“. Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, со тоа што полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а маратонците трчаат уште еден круг. За време на одржувањето на маратонот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици, при што МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници долж трасите на движење и навремено да го планираат своето движење.Тагови: маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА го кочи трансферот на Реал вреден 120 милиони евраОфицијалната објава за преминот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу двете агенции што го застапуваат играчот. Во конфликт се „Максидел менаџмент“ (Maxidel Management), во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“ (Roc Nation), мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, агенцијата што посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со „Рок Нејшн“ – агенцијата што моментално го застапува играчот – и дека притоа бил прекршен нивниот претходен договор, пишува „АС“ (AS). Поради овој судир на агенциите дури и познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо минатата недела објави дека Диоманде договорил трансфер во Реал Мадрид за сума „поголема од 100 милиони“, а подоцна ESPN извести дека станува збор за трансфер вреден 122 милиони евра, плус дополнителни десет милиони во бонуси. Поради лошата објава на Романо се огласи и германскиот Лајпциг. Директорот на РБ Лајпциг, Филип Хинце, остро реагираше кон новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е веќе договорен: „Некои таканаречени експерти пред неколку дена напишаа дека трансферот е завршен и извикаа ’here we go‘ [препознатливата фраза на Романо – заб. на уред.]. Но, тоа не е точно; сè уште не сме стигнале до таа фаза“, изјави Хинце. Спорот не е само внатрешно прашање меѓу двете компании, бидејќи директно влијае на трансферот меѓу германскиот клуб и Реал Мадрид. Според прописите на ФИФА, оваа ситуација би можела да ја искомплицира регистрацијата на играчот. Реал Мадрид тврди дека не биле запознаени со спорот и сметаат дека тој не се однесува на клубот. Тие очекуваат конечната одлука да биде во нивна корист, иако трансферот моментално е во мирување. Едно од предложените решенија е издавање привремена дозвола за Диоманде додека не се решат правните аспекти на договорот, со оглед на тоа што сите други услови се веќе договорени. Износите и распоредот на плаќањата кон Лајпциг се утврдени, документацијата е подготвена, а договорот на играчот е изготвен. Сепак, конечната одлука зависи од ФИФА, која ја има примено жалбата и моментално ја разгледува. Меѓународното фудбалско тело строго ги регулира активностите на агентите и има овластување да го одложи, па дури и да го одбие внесувањето на трансферот во системот доколку постои спор во врска со правата за застапување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Драма во Србија, спасено момче заглавено на карпа висока 15 метриПогледнете ја акцијата за спасување на момче заглавено на карпа висока 15 метриДрамата во манастирот „Преображение“ во Овчар Бања заврши со успешна акција на пожарникарите-спасувачи, кои безбедно ги спуштија од стрмната карпа висока 15 метри заробеното момче и двајцата монаси, кои први пристигнале на помош. Вистинската драма се одвиваше синоќа во близина на манастирот „Преображение“ во Овчар Бања, кога момчето се искачи на непристапна карпа висока околу 15 метри, од која не можеше безбедно да слезе. Момчето дошло во манастирот со своите родители по повод празникот Преображение, кога во манастирскиот двор имало голем број верници и деца. Во еден момент, тоа се оддалечило и се искачило на стрмна карпа, а ситуацијата станувала сè поопасна. Кога виделе дека детето е во неволја, двајца монаси тргнале кон него за да се обидат да му помогнат, но и тие се нашле на непристапен терен. Набрзо на местото на настанот пристигнале припадници на Противпожарната и спасувачка единица и ја започнале сложената операција за извлекување. Со брза, смирена и професионална интервенција, пожарникарите-спасувачи успеале безбедно да ги спуштат момчето и двајцата монаси. Операцијата завршила без повреди, а детето било вратено кај родителите. Првите фотографии од местото на настанот сведочат за тешкиот терен на кој се одвивало спасувањето, но и за присебноста и храброста на припадниците на Противпожарната и спасувачка единица. Во знак на благодарност за успешното спасување, еден од монасите им подари икона на пожарникарите. Уште една интервенција беше успешно спроведена – без повреди и со безбедно враќање на детето во прегратките на родителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМЗ: Светска недела на доењетоДоење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира!По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето. Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства. По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09