МакедонијаПриведено лице во Виница, физички нападнал полициски службеникПри претрес кај него биле пронајдени и одземени дрога и муницијаНа 08.08.2025 во 10.10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.В. во Виница, при што биле пронајдени и одземени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСе рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоциАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без домАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом. Државната енергетска компанија „Џорџија Пауер“ со поддршка на државата планира да сруши околу триесет куќи и да преземе стотици парцели, а сопствениците кои одбиваат да ги продадат им се заканува одземање на домот, објавува „Futurism“. Инфраструктура за центри за податоци Проектот е одговор на растечките енергетски потреби на технолошката индустрија и доаѓа во време кога десетици градови низ САД се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци поради нивната огромна потрошувачка. Планираниот далновод ќе биде долг 1.600 километри и ќе пренесува речиси 10.000 мегавати електрична енергија од новата електрана. Според официјалните бројки, дури 80 проценти од оваа енергија е наменета за центри за податоци, додека остатокот треба да се дистрибуира до локалните фирми и домаќинства. „Џорџија Пауер“ нуди откуп на земјиштето, но ако преговорите не успеат, ќе се случи присилен откуп на имотот повикувајќи се јавен интерес. Жителите, претежно од руралните делови на Џорџија, се противат на планот да ги напуштат домовите за да се обезбеди простор за инфраструктурата што ќе ги напојува системите на вештачка интелигенција. Една од нив, Ансли Браун, чија семејна куќа е на патот на далноводите, таа се огласи на социјалните медиуми за да предупреди за тешката состојба на нејзината мајка. „Немаме избор тука. Ќе ги продолжат тие далноводи“, порачува таа преку видео на Инстаграм. „А зошто? Поради центрите за податоци. Сето ова се случува поради нив.“ Судбината на жителите е неизвесна Портпаролот на Брајан Џек, локален конгресмен и поранешен политички директор во Белата куќа за време на мандатот на Доналд Трамп, за “Fortune“ потврди дека добиле бројни повици за помош од жители со чии имоти управува „Џорџија Пауер“. Округот на Џек вклучува голем дел од засегнатиот имот. Во случајот со семејството на Ансли Браун, приказната се чини дека е завршена. „Џорџија Пауер“ ги заврши преговорите со семејството, иако деталите за спогодбата не се јавни, веројатно поради доверлив договор. Не е познато до кој степен претставникот интервенирал, но компанијата за електрична енергија соопшти дека го цени неговиот ангажман за интересот на граѓаните. За другите сопственици на куќи, иднината е неизвесна и останува отворено прашањето колку трпение ќе има „Џорџија Пауер“ додека технолошката индустрија бара сè повеќе ресурси за развој на вештачка интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook