Приведениот американски војник во Русија призна вина

 Американскиот војник Гордон Блек, кој е во притвор во Русија, се изјасни за виновен за кражба и соработува со истрагата, соопшти неименуван претставник на руското Министерство за внатрешни работи.

Блек е приведен на 2 мај од полицијата во рускиот град Владивосток. Американецот е приведен под сомнение дека крадел од жена со која бил во интимна врска.

Судот му одреди на Блек притвор до 2 јули.

САД ги предупредуваат своите граѓани да не патуваат во Русија поради повеќе причини, а една од нив е потенцијалното вознемирување и ризикот од притвор во комбинација со произволно спроведување на законот од страна на руските власти.

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црква во селото Смоларе

Синоќа дошло до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, информираа денеска од ТППЕ Струмица.

Додаваат дека веднаш по првите повици од жителите на селото ТППЕ Струмица испратила екипа од пожарникари-спасители, кои и покрај тешко пристапниот терен успеале да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.

-Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото, висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват доста високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потврдуваат дека пожарот е локализиран, но дека се уште има внатрешно горење на одредени места.

-Во текот на вчерашниот ден интервенирале 25 лица од ЈП „Национални шуми“ Подружница „Беласица“ – Струмица, со 4 теренски возила. Екипите се повлекле од терен во текот на вечерните часови, а останале 4 лица заради контрола. Во текот на ноќта, на терен заминала и ТППЕ Струмица со 5 пожарникари и 2 против пожарни возила. Врз пожарот се уште се дејствува согласно можностите за превенција против негово ширење до негово целосно гаснење, се наведува во утринската информација од ЦУК.

Пожарот избувна на 10 ноември во подножјето на планината Беласица меѓу селата Смолари и Мокрино, Општина Ново Село.

САД: Севернокорејските трупи веќе се борат во Украина, но не е јасно со каков успех

- Дали Русија навистина ќе има корист од севернокорејските трупи на бојното поле во голема мера ќе зависи од тоа колку добро ќе може да ги интегрира во своите вооружени сили, изјави заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател.

Повеќето војници од севернокорејскиот контингент од 10.000 војници, испратени во Русија за да и помогнат во борбата против Украина, влегле во борба во западниот регион Курск, но неизвесно е дали нивното вклучување во војната ќе се исплати, изјави портпаролот на Стејт департментот.

- Дали Русија навистина ќе има корист од севернокорејските трупи на бојното поле во голема мера ќе зависи од тоа колку добро ќе може да ги интегрира во своите вооружени сили, изјави заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател.

- Некои од предизвиците што Москва ќе мора да ги надмине во овој поглед се поврзани со интероперабилноста, јазичната бариера, командата и контролата, а исто така и во комуникациите, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неколку дена исто така соопшти дека некои од севернокорејските војници, кои според него се вкупно 11.000, се судриле со украинската армија во руската погранична област Курск.

Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација.

Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА.

На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.

притисни ентер