Приведени возачи во Пробиштип и Гевгелија затоа што управувале возила под дејство на алкохол - Канал 5

Приведени возачи во Пробиштип и Гевгелија затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Полициски службеници лишиле од слобода возачи во Пробиштип и Гевгелија, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Приведени возачи во Пробиштип и Гевгелија затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На ул.„Кочо Рацин“ во Пробиштип синоќа во 23:40 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Д.Г.(41) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, како што наведуваат од МВР, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Г., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,66 промили алкохол во крвта.

На 30.01.2026 во 01:20 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.М.(58) од Валандово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал М.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, од МВР најавуваат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерок

Легендарните фотографии од времето кога најдобриот светски фудбалер Лео Меси го држи бебето Ламин во рацете добива специјално издание, откако нивната приказна повторно го освои светот.

Легендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерок

„Topps“ го најави издавањето на специјална колекционерска картичка инспирирана од една од најпознатите фотографии во историјата на модерниот фудбал – моментот кога Лионел Меси во рацете го држеше тогаш уште бебето Ламин Јамал.

Фотографијата е направена за време на престојот на Меси во Барселона, како дел од хуманитарна кампања на УНИЦЕФ.

Она што првично претставуваше симпатичен промотивен момент, со текот на годините доби речиси филмска симболика, бидејќи момчето од фотографијата прерасна во една од најголемите млади ѕвезди на светскиот фудбал и стандарден првотимец на каталонскиот гигант.

Интересот за оваа фотографија нагло порасна по финалето на Светското првенство, во кое Јамал и шпанската репрезентација ги победија Меси и Аргентина со тесен резултат од 1:0.

Многумина го опишаа натпреварот како симболично предавање на палката, со оглед на тоа што лесно можеше да биде последен настап на 39-годишниот Аргентинец на светската сцена. Токму поради моќната приказна што ги поврзува овие две фудбалски епохи, компанијата „Topps“ одлучи да ја овековечи култната фотографија на ексклузивна колекционерска картичка, која сигурно ќе привлече големо внимание кај колекционерите и фудбалските фанови ширум светот.

Почнувајќи од 2031 година, Topps ќе стане и официјален партнер на ФИФА за производство на колекционерски сликички, преземајќи ја таа улога од реномираната компанија Panini по долги години.

Topps работи во рамките на Fanatics – компанија што во последниве години значително го проширува своето присуство на пазарот за спортски колекционерски предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан конечно седна на клупата на Франција

 Она што беше најавено уште во ноември, сега е официјално потврдено – Зинедин Зидан стана новиот селектор на Франција.

Зидан конечно седна на клупата на Франција

Оваа вест ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, откривајќи нешто што беше одамна познато, бидејќи Дешам веќе го беше најавил своето заминување од селекторската позиција по Светското првенство.

Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешам на чело на „триколорите“, со што стави крај на една од најдолгите и најуспешните селекторски ери во модерниот фудбал. Дешам ја предводеше Франција 14 години.

Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, а со националниот тим ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Под негово водство, Французите играа во финалињата на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во 2022 година, а стигнаа и до полуфиналињата на ЕУРО 2024 и на Светското првенство во 2026 година.

Зидан ја помина целата своја сениорска тренерска кариера во Реал Мадрид, кој го предводеше во два мандата. За време на првиот, од 2016 до 2018 година, освои три последователни титули во Лигата на шампионите, како и Ла Лига, шпанскиот Суперкуп, два Суперкупа на УЕФА и две Светски клупски првенства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет

 Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет, обезбедени се рекордни средства и силна поддршка за развојот.

ВМРО-ДПМНЕ:  Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само две години ја врати културата и туризмот таму каде што им е местото, меѓу стратешките приоритети на државата.

По години на запоставеност, денес културата добива рекордни вложувања, а туризмот добива политики што отвораат нови можности за развој и промоција на Македонија.

Средствата за годишната програма за култура се зголемени од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти.

Поддршката за националните установи е зголемена за 25 проценти, а нивните сопствени приходи се зголемени за дури 150 проценти во споредба со 2023 година, што е потврда дека инвестициите даваат резултати.

По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој се поддржани 108 проекти, а по речиси една деценија повторно се реализира и откуп на ликовни дела од македонски автори.

Зголемена е и поддршката за домашната кинематографија, при што буџетот на Агенцијата за филм е речиси двојно зголемен, од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година.

Паралелно со тоа, капиталните инвестиции во културата се повеќе од двојно зголемени. Во тек е реализација на значајни проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, Македонскиот народен театар, новите простории на Џез оркестарот и повеќе проекти за заштита на културното наследство.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува силна поддршка и за развојот на туризмот, така што буџетот за оваа намена е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од над 200 проценти.

Во соработка со туристичкиот сектор се отвораат нови туристички пазари, а во завршна фаза е и Националната стратегија за развој на туризмот, со која Македонија ќе стане поконкурентна и поатрактивна туристичка дестинација.

Разликата е очигледна, додека во минатото културата и туризмот беа ставени на маргините, денес тие повторно добиваат институционална поддршка, рекордни инвестиции и јасна визија за развој.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што ја зајакнуваат македонската култура, го штитат културното наследство и го развиваат туризмот како значаен двигател на економскиот раст и промоцијата на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер