Приведени тројца државјани на Чешка, пронајдени стари монети - Канал 5

Приведени тројца државјани на Чешка, пронајдени стари монети

При контрола на видео надзорен систем  на теренот на ПС за ГН Старавина, на местото викано „Брест“ вчера било забележано моторно возило „дачија дастер“ со странски регистерски таблички.

Приведени тројца државјани на Чешка, пронајдени стари монети

По извршени проверки, синоќа во 19 часот, во близина на село Подмол, полициски службеници го пронашле возилото и при извршена контрола констатирано е дека во него биле J.M.(26), Ф.К. (53) и M.H. (47), сите од Чешка, а сместени во закупен стан во Прилеп. Тие се лишени од слобода и спроведени во ОВР Прилеп.

Како што соопшти МВР, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојувале трите лица, при што е пронајдена метална кутија во која имало 20 стари монети.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина

Во 2023 год. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше над 56 милион евра во компанијата Eldorado Gold, финансирајќи го развојот на проектот „Скуриес“ во северна Грција. Ние се уште спиеме. Длабоко сон.

И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина

Инвестицијата од реномирана институција како ЕБОР, која има строги критериуми за заштита на животната средина и одржливост, јасно покажува дека отворањето на нови рудници денес се темели на одговорен пристап.
Проектот „Скуриес“ каде ископот веќе се одвива, се очекува наскоро да почне и со преработка со што ќе стане главен „играч“ на ЕУ за обезбедување бакар и злато — ресурси кои се од суштинско значење за глобалната економија и, што е уште поважно, за зелената транзиција. Бакарот е клучен метал за развојот на обновливите извори на енергија и електричните возила, со што директно придонесува кон намалување на глобалните емисии на јаглерод.

Овој проект е доказ дека балансот помеѓу економскиот развој и зачувувањето на природата е возможен. Преку ригорозни проценки на влијанието врз животната средина (EIA) и континуирана соработка со локалните заедници, современите рударски проекти интегрираат напредни технологии кои го минимизираат еколошкиот отпечаток, ја штитат водата и почвата, и обезбедуваат целосна рекултивација на земјиштето по завршувањето на експлоатацијата.

Проектот „Скуриес“ нè потсетува дека со вистинските партнери, транспарентност и цврста посветеност кон животната средина, рударството станува моќен сојузник во градењето на зелена и просперитетна иднина за сите нас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица тешко повредени во сообраќајката кај Битола

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила.

Осум лица тешко повредени во сообраќајката кај Битола

Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила.

Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во Битолската клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Иџе повторно ги поместува границите – Македонија добива нова причина за гордост

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе.

Ристовски: Иџе повторно ги поместува границите – Македонија добива нова причина за гордост

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона.

Настанот, кој се одржа на Водно, означи почеток на едно ново поглавје во кариерата на македонскиот автомобилист кој со години е синоним за врвни резултати, професионализам и промоција на Македонија на европските патеки.

Министерот Ристовски истакна дека успесите на Игор Стефановски се инспирација за младите генерации и доказ дека со посветеност, дисциплина и упорност македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во Европа.

-Иџе со години е еден од најсилните амбасадори на македонскиот спорт. Секој негов настап е промоција на нашата држава, а секој негов успех е успех на Македонија. Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува спортистите кои со својата работа, резултати и професионален однос ја афирмираат државата на меѓународната сцена. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе нови победи и ќе испише уште едно значајно поглавје во историјата на македонскиот автомобилизам - изјави министерот Борко Ристовски.

Новото натпреварувачко возило претставува значаен чекор во кариерата на Игор Стефановски – Иџе и е дел од подготовките за новите предизвици на европската сцена, каде што македонскиот шампион и оваа сезона ќе се бори за највисок пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер