Приведени странски државјани, поднесена кривична пријава за „криумчарење на мигранти" - Канал 5

Приведени странски државјани, поднесена кривична пријава за „криумчарење на мигранти"

По насоки на Јавен обвинител од ОЈО ГОКК Скопје, Л.П. и Е.Х. биле сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка.

Приведени странски државјани, поднесена кривична пријава за „криумчарење на мигранти"

Инспекторите од Одделот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера ги приведоа A.Б.(45), државјанин на Косово и Н.С.(49), државјанка на Романија, како и две косовски државјанки, а денеска до ОЈО за организиран криминал и корупција против А.Б. и Н.С. е поднесена кривична пријава, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „Криумчарење на мигранти".

Како што соопштија од МВР, вчера во 17 часот на излез од државата на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје " се пријавиле С.В.(42) со српска патна исправа и Л.Б.(18) со косовска патна исправа, за кои било констатирано дека не се нивни. Во нивна придружба патувала и второпријавената Н.С., која ги спроведувала двете женски лица со туѓи патни исправи, поради што трите биле приведени во полициска станица.

При извршен службен разговор, С.В. за себе дала податоци дека е Л.П.(33) од Косово, а Б.Л. дека е Е.Х.(18) од Косово и појасниле дека со провопријавениот А.Б. биле договорени тој да им организира превоз од Р. Косово до Меѓународен аеродром Скопје и да им овозможи да заминат во Р. Франција со туѓи патни исправи, за одреден паричен надомест.

-Притоа, А.Б. заедно со второпријавената Н.С., која ја претставил како негова сопруга, со возило џип „мерцедес", со француска национална ознака ги земале од Косово и ги пренеле преку косовско-македонската граница. Н.С. ги потврдила нивните наводи и појаснила дека таа требало да им помогне да заминат за Франција, соопштија од МВР.

Оттаму дополнуваат дека по распишана потрага по А.Б., тој околу 23.30 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Белановце и по извршениот разговор комплетно го појаснил делото, додавајќи дека тој им ги дал туѓите патни исправи со цел да заминат во Франција.

По насоки на Јавен обвинител од ОЈО ГОКК Скопје, Л.П. и Е.Х. биле сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека првопријавениот и второпријавената ќе бидат изведени пред Судија за претходна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)

Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова.

Бугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)

Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова, протестирајќи против она што организаторите го нарекоа проруска политика на владата.

Протестот беше закажан за 18:30 часот, а повеќе од 10.000 луѓе го потврдија своето присуство преку Фејсбук страницата на настанот. Протестот беше поддржан од организациите BOEC, Движењето за јавен притисок, Движењето „3 март 1918“ и други групи.

Демонстрантите скандираа: „Оставка и затвор - Радев е срам!“

Организаторите ги обвинија Радев и Јотова дека се засрамиле со својот став за инцидентите во кои бродови биле потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија.

Тие тврдат дека Русија стои зад нападите и дека лидерите на земјата одбиваат да го признаат тоа, објавува порталот „Новините“.

„Јотова и Радев се целосно засрамени од нивното однесување во врска со инцидентите со бродовите што беа потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Цела Европа знае дека ова беа руски напади, само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат. Доста со менталитетот на „зелени чорапи“ (воено-политички кадри)! Доста со глупостите! Доста со зависноста од Русија! Плоштадот нè чека!“, рекоа организаторите.

Тие оценија дека Бугарија станала цел на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин откако поранешните комунисти, за кои тврдат дека само се преправале како „прогресивни“ (Прогресивната бугарска партија), дошле на власт.

Според организаторите, во текот на петте месеци од владеењето на Радев, режимот што го нарекоа „путинистички“ бил одговорен за серија саботажи на бугарска територија.

Тие вклучуваат пожари во воени магацини, напад врз копнена станица Старлинк и руски напади со беспилотни летала врз четири брода во ексклузивната економска зона на Бугарија пред само неколку дена.

Организаторите тврдат дека цивилни морнари биле убиени во нападите. Тие ги обвинија Радев и Јотова дека ја влечат Бугарија во војна со, како што рекоа, кукавичко однесување.

Протестот се одржа и откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии за нафта бидејќи повеќе не се смета себеси за обврзана од таканареченото енергетско примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски, исто така, го критикуваше Трамп минатата недела за неговиот договор за дизел со рускиот претседател Владимир Путин.

Зборувајќи во Брисел, бугарскиот премиер Радев се спротивстави на нападите врз рафинериите и енергетските капацитети за време на пресметката меѓу Украина и Русија.

Тој го поддржа договорот Трамп-Путин за рускиот дизел, нарекувајќи го „чекор 2 што обезбедува намалување на цените на горивата“.

Еден од демонстрантите во Софија рече дека надворешната политика на владата го поттикнала да излезе на протест.

„Тука сум затоа што почнувам малку да се чувствувам засрамен. Не можам да ја разберам оваа повеќеслојна, повеќенасочна надворешна политика на владата“, рече демонстрантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени

Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Сончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

1 Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација.

Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер