Приведени српски свештеници, собрани на протест во Црна Гора (ВИДЕО) - Канал 5

Приведени српски свештеници, собрани на протест во Црна Гора (ВИДЕО)

Црногорската полицијат синоќа го приведе епископот на Српската православна црква , Јоаникиј и уште седуммина свештеници во Никшиќ поради организирање литија, за кршење на забраната на црногорската влада за собири против епидемијата на коронавирус.

Приведени српски свештеници, собрани на протест во Црна Гора (ВИДЕО)

Додека свештениците на СПЦ давале изјава во полициската станица во Никшиќ, неколку стотици граѓани се собраа пред зградата, пеејќи црковни песни и песни за Косово, извикувајќи „ не ги даваме светилиштата“ и „не го даваме епископот“, додека вооружени полицајци застанаа пред нив..

Според црногорските медиуми, владиката Јоаникије, еден од најблиските соработници на митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохије, им се обратил на собраните пред да упаднат во полициската станица и ги замолил да се разотидат и да не ги навредуваат полицајците.

Амфилохије и Јоаникије ја водеа традиционалната литургија по улиците на Никшиќ по повод денот на Свети Василије Острошки, на која присуствуваа неколку илјади граѓани. Молитвата, според митрополитот на СПЦ, требало да се одржи во црквата, но кога виделе колку верници се собрале, „не можеле да се откажат од литијата“.

Директорот на црногорската полициска администрација, Веселин Вељовиќ, рече дека Српската православна црква ја прекршила одредбата со која се забрануваат собири и тој им се заканил на организаторите дека ќе бидат гонети.

„Секој што не се придржува до договорот и ветувањата што им ги дадоа на полицијата, ќе сноси одговорност и последиците што следуваат од тоа“, објави Вељовиќ на Твитер.

YouTube video

Црногорското национално координативно тело за контрола на заразни болести побара итен одговор од обвинителството, во кое ги повика „веднаш вечерва, без одложување и воздржаност, да преземат законски мерки во нивна надлежност и да ги гонат организаторите на нелегални и високо-ризични јавни собири“.

YouTube video

Од почетокот на оваа година, Српската православна црква организира добро посетени протестни маршеви двапати неделно во сите црногорски градови, против законот за слобода на религија, со кој се уредува сопственоста на црковниот имот. Српската православна црква тврди дека црногорската држава сака да ги одземе црквите и манастирите со тој закон, од кои таа верска заедница во Црна Гора има околу 700 објекти.

Откако црногорската влада воведе епидемиолошки мерки против коронавирус кон средината на март, СПЦ запре со протестите, но во исто време најави дека ќе продолжи откако ситуацијата ќе се нормализира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ .

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници.

Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи.

Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година.

Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер