СветПриведени се повеќе од 320 лица во Турција (ФОТО)Турските власти приведоа 324 лица осомничени за врски со терористичката организација Исламска држава (ИСИС) во голема операција спроведена низ целата земја, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Турција.Во соопштението се вели дека апсењата се извршени во 47 провинции, а меѓу приведените има лица осомничени за финансирање на ИСИС, како и лица за кои се верува дека претходно биле активни во организацијата. „За мирот, единството и солидарноста на нашата нација, неуморно продолжуваме со нашите операции, дење и ноќе, 365 дена во годината“, се вели во соопштението на министерството, наведувајќи дека деталите за националноста на уапсените не се објавени, пренесе АП. Турција претходно спроведе слични операции против членови на ИСИС, која изврши неколку смртоносни напади во земјата, вклучително и пукање во ноќен клуб во Истанбул на новогодишната ноќ 2017 година, кога беа убиени 39 лица. Turkey’s Interior Ministry: 324 Suspected ISIS Members Arrested pic.twitter.com/HjgNFu9U6q — ME24 - Middle East 24 (@MiddleEast_24) May 13, 2026 Во декември минатата година, избувна вооружена престрелка меѓу членовите на ИСИС и полицијата во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест екстремисти. Минатиот месец, тројца напаѓачи отворија оган врз полицијата пред израелскиот конзулат во Истанбул, што доведе до престрелка во која еден напаѓач беше убиен. Извор: Б92Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУште 20 институции влегуваат во системот за електронска архиваВо наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава. „Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “ Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува. „М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“ Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа. „Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“ Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРедици и превоз до Битола - пензионерите од неколку градови подигнуваа готовина од Алта банкаОрганизиран автобуски превоз имаше и денеска пред експозитурата на Алта банка во Битола, каде пензионерите и примателите на социјална помош од неколку градови подигнуваа готовина. Редици граѓани повторно пред експозитурата на АЛТА банка во Битола, која и денеска ги отвори шалтерите за исплата на готовина до 20 илјади денари за пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат платежни картички. Во Битола пристигнаа и клиенти од други градови, откако Народната банка организираше автобуски превоз од Прилеп, Охрид и Ресен. По околу еден час патување, први пристигнаа прилепчани, а нешто подоцна и охриѓани и ресенчани. Граѓаните велат дека брзо завршиле работа. Сепак очекуваат што поскоро да се нормализира исплатата и во нивните градови, за да не мораат да патуваат на други места за да дојдат до своите пари. Од понеделник, шалтерска исплата ќе им биде овозможена и на клиентите во Тетово и Струмица. За клиентите во Скопје, каде што АЛТА банка има шест експозитури, засега нема информација кога ќе им биде овозможена ваква услуга. Дополнително, како што најави гувернерот Трајко Славески, од понеделник се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежните картички – од 10 на 15 илјади денари. Славески најави и дека клиентите ќе можат во целост, без ограничување на износот, да располагаат со идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери што доаѓаат од институции и компании кои имаат сметки во други банки…Славески и понатаму уверува дека состојбата во АЛТА банка е добра, дека таа е ликвидна и високо капитализирана банка. Вчера откри дека шест потенцијални инвеститори пројавиле интерес за купување на банката, меѓу кои и странски инвеститори, а биле одржани средби и со две домашни банки. Сепак, нивните имиња засега не ги открива. Во меѓувреме, истече тридневниот рок во кој српскиот регулатор требаше да се произнесе дали белградската АЛТА банка самостојно ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Народната банка најави дека по истекот на десетте дена од воведувањето привремена администрација ќе ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Привремената администрација стапи на сила на 1 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРускиот град Норилск е окован во снег и мраз- темепратурата се спушти на минус 26 (ВИДЕО)Вистински зимски сцени доаѓаат од рускиот град Норилск, каде што ниските температури, силните ветрови и обилни снежни врнежи создадоа речиси нереални сцени.Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува градот покриен со снег, додека силните налети на ветер и леденото време даваат впечаток дека целата област е целосно замрзната во зима, а луѓето се поделени во коментарите. Оние кои го гледаат само на своите телефони - зимските сцени изгледаат прекрасно, додека оние кои мораат да ги напуштат своите топли куќи и да излезат надвор велат дека не е многу пријатно. Еден од коментарите е многу впечатлив, а корисникот прашал колку (веројатно државата) им дава на луѓето да живеат таму: „Се прашувам колку милиони им даваат месечно за да не избегаат од таму?“ View this post on Instagram A post shared by Екатерина Горланова (@gorlanova_ekaterina11) Норилск, еден од најсеверните градови во светот, е познат по својата исклучително сурова клима и долгите зими, но сцените што доаѓаат оттаму повторно потсетуваат на условите во кои живеат жителите на овој град во постудениот дел од годината. Според извештаите на локалните медиуми, кон крајот на октомври, температурата во некои делови од Норилск паднала на минус 26 степени Целзиусови, додека субјективното чувство на студ достигнало минус 30 степени Целзиусови поради временските услови. Улиците, покривите и автомобилите покриени со снег и мраз, како и силните ветрови го отежнале движењето уште повеќе и ја намалиле видливоста. Зимското време не е невообичаено во овој дел од Русија, но секој нов бран студ повторно покажува колку е сурова климата на далечниот север. Норилск се наоѓа над Арктичкиот круг, во област каде што долгите зими, ниските температури и силните ветрови се дел од секојдневниот живот. Жителите се навикнати на екстремни временски услови, додека ваквите сцени се речиси незамисливи за луѓето од потоплите региони.Тагови: мраз снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter