Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоци - Канал 5

Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоци

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоци

На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден пиштол „Застава“ за кој не поседувал дозвола. Л.З. е лишен од слобода по член 396 од Кривичниот законик, а Б.Љ. е приведен по член 80 од Закон за оружје.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а подоцна со судска наредба биле извршени претреси кај Л.З. и Б.Љ.. Кај Л.З. не се пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. биле пронајдени и одземени едно репетирачко долго огнено оружје за кое поседувал дозвола и едно пневматско оружје, куршуми калибар 9 мм и пиштол за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младоженец загина на пат кон црквата во која требало да се венча- трагедија во Белгија

Жордан Кинард (29), татко на две деца, бил само на неколку минути од венчавката со жената на својот живот кога автомобилот што го возел кон црква се лизнал од патот.

Младоженец загина на пат кон црквата во која требало да се венча- трагедија во Белгија

Човекот зад воланот бил неговиот кум и брат на неговата идна невеста Полин. Страшната несреќа се случила околу 13:30 часот во саботата на пошумен дел од патот во белгиската покраина Луксембург.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот, но младоженецот бил прогласен за мртов, објавува британскиот The Sun. Возачот бил повреден и итно префрлен во болница. Во несреќата немало други возила, соопшти полицијата.

Локалната полиција започнала истрага за да ја утврди точната причина зошто автомобилот се лизнал. Во времето на фаталната несреќа имало неколку лица во возилото.

Џордан и Полин се венчале во градското собрание пред нешто повеќе од еден месец и требало да се венчаат во црква минатиот викенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Криминалец осум години бил во бегство, го сменил изгледот и живеел во Турција како жена- го издал еден детал

По осумгодишна потера, турската полиција го уапси Тугрул Башар, осуден крадец кој значително го променил својот изглед додека бил во бегство и, според локалните медиуми, со години живеел претставувајќи се како жена.

Криминалец осум години бил во бегство, го сменил изгледот и живеел во Турција како жена- го издал еден детал

Башар беше осуден на три години затвор за кражба во 2010 година, но успеа да избегне апсење и остана во бегство следните осум години.

Според полицијата, во тој период, неговиот изглед се променил толку многу што истражителите повеќе не можеле да се потпираат на неговите стари фотографии за да го пронајдат. Како резултат на тоа, тие ја промениле тактиката и почнале да ги следат неговите движења и начин на живот.

Според локалните медиуми, истражителите утврдиле дека Башар ја користел официјалната турска лична карта на неговата биолошка сестра и ја претставувал како своја за време на безбедносните проверки.

Полицијата конечно го лоцирала во населбата Кадикој во Истанбул, каде што била извршена рација. За време на операцијата, му биле земени отпечатоци од прсти, а проверката го покажала неговиот вистински идентитет и потврдила дека тој е бараниот Башар.

По апсењето, тој бил префрлен во полициска станица во областа Кадикеи во Турција и приведен. Според полицијата, тој треба да ја отслужи првичната тригодишна казна за пресудата за кражба.

Меѓутоа, против него е покрената и посебна истрага за наводно лажно претставување и користење туѓи документи. Доколку обвинителите поднесат обвинение за кражба на идентитет или фалсификување документи, Башар би можел да се соочи со дополнителна казна.

Иако го променил својот изглед и начинот на кој се претставува во текот на годините поминати во бегство, според достапните информации, тој официјално не го променил своето име или пол во турскиот граѓански регистар.

Поради оваа причина, властите сè уште го наведуваат како маж во официјалните документи. Според турските прописи, информациите од официјалните документи играат улога и во одредувањето на сместувањето на затворениците, па затоа Башар треба да ја отслужи казната во машки затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено е телото на 3-годишниот Ноа кој исчезна од детско игралиште, заврши потрагата во Британија

Полицијата потврди дека е пронајдено тело во потрагата по тригодишниот Ноа. 

притисни ентер