Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција - Канал 5

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

 Малолетници проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција во Неготино, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

- Рано изутрина во 00:05 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од овој град. Кога ги забележале полициските службеници, двајцата малолетници проголтале бела грутчеста материја, што подоцна ја исфрлиле од устата и им била одземена, информираа од СВР - Велес.

Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, адвокат за малолетници и претставник од Центар за социјални работи - Неготино.

- Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров

Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров

Без електрична енергија денеска од 8 до 9 часот ќе останат корисници на ул.„1“ во општина Петровец, а од 9 до 16 часот од ул.„Стив Наумов“ бр.69,65,63а,63б,102а,102б,102в, ул.„Славе Георгиевски-Шнајдерот“ бр.1,3,5 и 7, од ул.„Тетовска“ и од ул.„Јосиф Јосифовски-Свештарот“ бр.35,35а,37,36,34 и 32 во општина Центар.

РЦЕУК – Скопје информира дека прекин во снабдувањето со струја од 9 до 16:30 ќе има за дел од ул.„Франклин Рузвелт“, „Дрезденска“ и „Рампо Левката“ во општина Карпош и дел од ул.„Знеполе“ и околни улички од 10.00 до 14.00 часот во општина Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 1. јули 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 1. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 1. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Можете малку да земете пауза.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете.

Кариера

Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.

Здравје и совет

Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија.

Кариера

Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате.

Здравје и совет

Одете каде што ви е добро.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени,

Кариера

Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални.

Кариера

Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично.

Здравје и совет

Бидете упорни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете.

Кариера

Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување.

Кариера

Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат.

Здравје и совет

Разбудете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин.

Кариера

Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми.

Здравје и совет

Погледнете добар филм и опуштете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја.

Кариера

Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови.

Кариера

Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму.

Кариера

Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска и Сотир Костов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска и Сотир Костов

Мирјана Најчевска и Сотир Костов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер