Приведени четири лица од Унгарија и Турција во казино во Неготино - Канал 5

Приведени четири лица од Унгарија и Турција во казино во Неготино

Во казино во Неготино синоќа се приведени едно лице од Унгарија и три од Турција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Приведени четири лица од Унгарија и Турција во казино во Неготино

- Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино, во казино во градот, го приведоа Б.С., на возраст од 40 години од Република Унгарија, а во 23:45 часот и лицата Д.К.(61), А.Л.(38) и И.Ц.(48), сите од Република Турција, затоа што е констатирано дека истите влегле во државава, но, во законскиот рок не пријавиле престојувалиште, со што сториле прекршок по чл.190 ст. 3 од Закон за странци, појаснија од СВР - Велес.

Оттаму додадоа дека за настанот е известен инспектор за странци за понатамошно постапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничка

Учениците заедно со родителите и приредија изненадување на наставничката Даниела, од кое се расплакаа дури  и не толку емотивните.

Емотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничка



⭐ Благодарност до Даниела Јовановска – 5 В ⭐

По пет незаборавни години исполнети со учење, смеа, дружба и безброј спомени, дојде моментот на разделба.

Од срце ѝ благодариме на нашата драга наставничка Даниела Јовановска за целата љубов, трпение, поддршка и посветеност во овие 5 години. ❤️

Таа не беше само наставничка, туку и наш водич, мотиватор и дел од нашето мало училишно семејство.

Сите спомени што ги создадовме заедно ќе останат засекогаш во нашите срца 🤍

5 В – засекогаш ќе ве памети ❤️

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон експлодираше во цивилно пристаниште во Романија, во тек итна евакуација

Силна експлозија одекна во романското цивилно пристаниште Констанца во петок наутро кога беше активиран морнарички дрон.

Дрон експлодираше во цивилно пристаниште во Романија, во тек итна евакуација

Според првичните информации, во експлозијата немало жртви, а властите наредиле итна евакуација на пристаништето непосредно пред инцидентот.

Романското министерство за одбрана потврди дека станува збор за вид морнарички дрон кој активно се користи во војната во Украина, нагласувајќи дека романската армија не поседува такво оружје.

„Морнаричкиот дрон, кој беше откриен во петок наутро, 5 јуни, во цивилното пристаниште Констанца во близина на седиштето на романската агенција за спасување човечки животи на море, се самоуништи околу 10:30 часот. Во експлозијата немаше жртви“, се вели во соопштението на романското министерство за одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез предизвика хасо на социјалните мрежи со своето бујно деколте. Сега, сите се прашуваат дали вградила силикони.

Видео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??

Мегапопуларната пејачка и глумица веќе некое време е главна тема на социјалните мрежи, особено поради врската со нејзиниот нов колега, а сега и поради изгледот на нејзините гради.

Деновиве, Џеј Ло е во центарот на вниманието на јавноста поради филмот „Канцелариска романса“, во кој таа ја игра главната улога.

Брет Голдштајн исто така глуми со неа во филмот, а тие го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД.

Така во вторник тие присуствуваа на премиерата на филмот во Њујорк, а малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер.

Лопез блесна на црвениот тепих во еден од најсмелите фустани во нејзината кариера, а сите очи беа насочени кон нејзиното деколте, кое изгледа двојно поголемо.

Деколтето предизвика и шпекулации и коментари за пластична хирургија. „Дали се нови? Или не ги забележав претходно?“, „Градите нејзини изгледаат сè друго освен природно“, „Изгледаат многу поголеми“, „Од каде се? Но, изгледа одлично“, напишаа некои.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер