Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаПриведени 47 лица по немирите во Белград, 17 полицајци се повредени47 лица се приведени по синоќешните нереди во Белград, кои избија по масовниот протест на студентите во блокада.. 47 лица се приведени а 17 полициски службеници се повредени по синоќешните протести во Белград на кои повикаа од „Студентите во блокада“ а кои завршија со инциденти и судири со полицијата. Како што пренесуваат српските медиуми немирите почнале по завршување на протестот кога луѓето си заминувале во близина на Пионерскиот парк и српското Народно собрание каде вообичаено се собираат поддржувачите на власта. Жандармеријата веднаш интервенирала откако според медиумите значително се зголемило полициското присуство. Неколкумина млади луѓе биле соборени откако фрлале шишиња со вода кон Жандармеријата, кога таа почнала со интервенција, а дел од насобраните фрлале и факели. Полициски кордон бил поставен и на улицата Крал Милан, а дошло до судир меѓу полицајците и демонстрантите на аголот со улицата Кнез Милош. Протестите се одржаа на четири локации а најголемиот собир беше на плоштадот Славија под мотото „ Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ и беше повторено барањето за вонредни избори. „Изборите се неопходен чекор, ајде така да кажеме. Но не знам што ќе излезе од тоа. Се зависи од тоа колку лажат. Мора на избори а мораме и вака.“ „Првин ова да се реши на реални и праведни избори. Да се не краде и да не се „мати“. Не викам само оваа власт, се крадеше сто години наназад, не можам да се помирам 64 години на нон стоп некој краде, на тоа треба да се спротиставиме. Оваа младина е вистинско нешто и ние треба да застанеме позади нив и конечно ситуацијата да се помести од „мртва точка“.“ „Проблемот е страв, преплашеност, корупција, незаинтересираност, нестручни луѓе, одвратни и злобни луѓе на многу важни позиции кои и не сакаат да ги извршуваат и не знаат да си ја вршат работата.“ Дојдов за да видат колку не има, колку има незадоволни граѓани и дека е стварно крајно време да се распишаат избори и се што е проблем да се поправи и да се направат едни фер и коректни избори Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој моментално е во официјална посета на Кина, исто така се огласи за настаните во Белград. Тој ги повика студентите на дијалог но и порача дека неговиот мандат наскоро ќе истече и оти може да поднесе оставка. „Како претседател на Србија ги повикувам на дијалог, мислам дека тоа е поважно од партиските прашања, поважно е нашите политички препукувања и верувам дека можеме да дојдеме преку разговор до решение кое ќе значи смирување на тензиите. Наскоро ми истекува мандатот и јас не можам, можеби ќе поднесам оставка.“ Вторито петкогидшен мандат на Вучиќ како претседедател истекува следната пролет, а според неговите најави, оваа есен ќе се одржат предвредвремени парламенатрни изброри. Со најавата за можна оставка, се потврдуваат предвидувањата на тамошните аналитичари дека Вучиќ на тие избори ќе ја предводи листата на СНС во обид да ја задржи власта и да биде премиер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрогаНа ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин. За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градовиВо Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови. Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур. Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении. Hélas, j’avais vu juste : la France dérive dangereusement vers la faillite et le chaos. https://t.co/D7lQ064dTO — Julien PERIER (@JulienPERIER_83) October 17, 2026 Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар редОд информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter