Приведена малолетна девојка која организирала проституција во школо! - Канал 5

Приведена малолетна девојка која организирала проституција во школо!

17 годишната Алекса Никол де Армас немала мобилен телефон па сите „услуги“ ги договарала преку социјалните мрежи. Таму можел да се види и ценовник - за орално задоволување 50, за секс со девица 100 долари! Малолетничката ги подведувала ученичките од две средни училишта на Флорида!

Приведена малолетна девојка која организирала проституција во школо!
Приведен е и 21 годишниот Џон Мошер кој имал секс со малолетничка и за тоа платил 40 долари.

Полицијата дознала за проституцијата во училиштата откако четири ученички се пожалиле на другари дека Алекса се обидела да ги врбува.

- Зошто да подведувам стари проститутки кога имам млади и свежи и можам да ги продадам? Ова ќе го правам се додека заработувачката е добра - напишала Алекса на социјалната мрежа во комуникација со свој „бизнис партнер“.

Таа немала мобилен телефон па сите „услуги“ ги договарала преку социјалните мрежи.

Разработила проституција во средните училишта „Venice“ и „Riverview“ во Сарасота на Флорида.

Таму полицијата нашла и ценовник - за орално задоволување 50, за секс со девица наплаќала 100 долари! /извор: nydailynews.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Претставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. 

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија.

Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“

Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. 

Видео:  Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин:  „Боже, чувај нè од такви пријатели“

„Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин.

Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина.

Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“

За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател.

Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во Велес.

Власта и МВР се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво врз обичните полициски службеници.

Само полицајците да бидат виновни со цел да ги заштитат високите полициски функционери, командири, началници и раководители.

Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош.

Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита.

И сега цела вина им се префрла само на полицајците.

Зошто не се опфатени командирите, началниците и раководителите во тие седум месеци?

Не можеле обични полицајци да држат пријави и изваштаи во фиока.

Ако се виновни девет полицајци, тогаш покрај поединечната одговорност се поставува и прашањето дали системот не функционира или намерно штити одредени поединци.

Обвинителството треба и Панче Тошковски да го опфати.

Во јавноста беа изнесени наводи дека Росица му испратила порака со барање за помош на неговиот телефон.

Зошто тоа не е направено? Да се провери, да се обезбеди комуникацијата.

Зошто Тошковски не ги реазреши раководителите, командирот или началникот? Или тие што се ВМРО не смеат да се чепакаат?

Обвинителството мора да ја испита целата линија на одговорност, од службениците што постапувале по пријавите, локалното раководство па се до министерот.

Ова не е правда. Ова е неказнивост и заштита на раководните структури на ВМРО.

Ова не е систем туку партиска контрола која работи по наредби од горе.

Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид.

Излегоа информации и сведоштва за наводна полициска бруталност и врз 15 годишно момче од Охрид.

ВМРО се занимава само со заташкување и заштита на своите а сега гледаме дека се фокусирани и на тоа да ги запре протестите во земјата. И со кампања и со притисоци.

Уште колку жртви треба да има за Тошковски да си поднесе оставка!

Доста беше. Оставка Тошковски.

Изјава, СДСМ, Кети Штерјова, пред МВР

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер