Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија
1Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија
МакедонијаПриведен возач во Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол од 2.41 промилиПолицијата вчера после полноќ го лишила од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица кој се сомничи за „безобѕирно управување со моторно возило“ бидејќи кај него биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта при сообраќајна контрола.-На 02.07.2025 во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта, стои во соопштението од МВР. По целосно документирање на случајот, како што дополнуваат, против Б.М. ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Тагови: алкохол во крвта полицаец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПрироден феномен или загадување?Природен феномен или загадување- Обилните дождови и поплави поттикнале брз раст на планктони на познатиот остров.Морето кај популарниот тајландски туристички остров Ко Лан оваа недела пдобило светло, интензивно зелена боја и непријатна миризба, откако обилните дождови и поплавите поттикнале цветање на планктонот. Долж поголемиот дел од крајбрежјето можеа да се забележат густи наслаги со зелена боја и непријатна миризба, додека капачите главно се преместија на плажи што не се погодени од оваа природна појава. „Она што всушност го гледаме со голо око е бојата што ја создава еден вид планктон наречен *Noctiluca*“, изјави високиот истражувач и раководител за истражување на морската животна средина, Арвут Мунхапон. Тој наведе дека цветањето на планктоните е природна појава што се повторува, но дека состојбата се влошила на глобално ниво бидејќи климатските промени довеле до затоплување на морињата. „Преку испирање на почвата, земјоделските ѓубрива и отпадните води богати со хранливи материи навлегуваат во морето и го поттикнуваат брзиот раст на планктоните“, додаде Мунхапон. Во изминатите недели Тајланд беше погоден од значителни поплави, вклучително и во централните провинции и во Бангкок, што ја зголеми количината на слатка вода што се влева во Тајландскиот Залив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во АлбанијаПретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец оствари средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија.Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец оствари средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија во рамки на својата студиска посета. Целта на средбата беше студентите директно да се запознаат со историјата, положбата и современите предизвици со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија. Стерјовски пред студентите го презентираше историскиот контекст на создавањето на албанската држава и развојот на статусот на македонското население во Албанија низ различните историски периоди. Посебен дел од разговорот беше посветен на современата положба на Македонците, остварувањето на нивните права и предизвиците поврзани со зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет. Средбата продолжи со отворена дискусија во која студентите покажаа особен интерес за прашањата поврзани со правата на Македонците во Албанија, нивната политичка и општествена положба, како и механизмите за заштита и унапредување на правата на националните малцинства. Една од темите на разговорот беше и прашањето за влијанието на Бугарија врз македонската заедница во Албанија. Стерјовски ги изнесе своите ставови за активностите и политиките преку кои, според него, Бугарија го зголемува своето влијание врз Македонците во Албанија, вклучително и преку можностите што ги создава нејзиното членство во Европската Унија. Според Стерјовски, овие активности отвораат сериозни прашања во однос на зачувувањето на македонскиот национален идентитет и спротивставувањето на процесите на асимилација. Во разговорот било истакнато и значењето на директниот контакт меѓу студентите, истражувачите и претставниците на македонската заедница, особено во услови кога прашањата поврзани со националните малцинства често се разгледуваат од различни историски и политички перспективи. „Ваквите средби со млади историчари се особено значајни затоа што им овозможуваат директно да се запознаат со историјата, реалноста и современите предизвици на македонската заедница во Албанија, надвор од стереотипите и едностраните толкувања“, истакна Стерјовски. Средбата во Пустец претставуваше можност за студентите од Брисел одблизу да се запознаат со животот на македонската заедница во Албанија и со прашањата што се од значење за нејзиното зачувување и развој. Стерјовски им се заблагодари на студентите за интересот и отворената дискусија, оценувајќи дека ваквите академски и непосредни средби придонесуваат за подобро разбирање на историјата и современата положба на Македонците во Албанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеАсоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот Наметнувањето на возраста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постапката пред јавноста и не е во нечив интерес,.Наметнувањето на возрста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постпаката пред јавноста и не е во нечив интерес, соопштија од Асоцијацијата на специјализанти кои имале комуникација со медицинскиот факултет. Според критериумите според бодирањето успехот на кандидаите биле 9,29 и 9,21 а успехот на Василевски бил 8,20. Од асоцијацијата информираат дека тој бил вработен во ПЗУ „Медикус Хелп“ скоро 10 години. „Неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од страна на тогашниот работодавач, ПЗУ „Медикус Хелп“. По престанокот на работниот однос во приватната установа престанало и финансирањето на приватната специјализација. Поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, специјализацијата во септември 2026 година му била прекината согласно важечките прописи, согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани “-„Асоцијација на специјализанти“. Дарко Василевски продолжува со штрајкот глад и не се откажува од барањата да се ревидира изборот. „Јас ја доплатив специјализацијата и обрзложив на факултет за моето доцнење“, изјави Дарко Василевски. Од Медицинскиот факултет посочија дека изборот бил направен според сите критерируми и дека еднаш му било одговорно на Василевски дека наводите се паушлни и неосновани и дека враљвотувањето е според условите кои ги исполниле кандидатите. Министерот Клековски посочи дека има конкурси за работа и Василевски може да се пријави во друга здравствена институција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook