МакедонијаПриведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња Полициски службеници од Полициското одделение Камењане, синоќа на локалниот пат кон с.Камењане запреле возило управувано од 19 - годишник без дозвола, а по пронаоѓање на куче во багажниот простор повредено во борби со кучиња, бил приведен. Полициски службеници од Полициското одделение Камењане, синоќа на локалниот пат кон с.Камењане запреле возило управувано од 19 - годишник без дозвола, а по пронаоѓање на куче во багажниот простор повредено во борби со кучиња, бил приведен заедно со двајцата сопатници малолетници. -На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од с.Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола. При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул“, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане. Заедно со возачот, лишени се и двајца 17- годишни сопатници од с.Желино, наведуваат од МВР. Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Деколтето на НиколСветската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание. Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град. Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка. Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел. Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во БелизеНурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метриГолемата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет. „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет. Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз. Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay). По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници. Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори. На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето. Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња. Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“Тагови: Ана Ивановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter