1ЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!
МакедонијаПриведен скопјанец баран за издржување затворска казна По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.Во Полициското одделение Ростуше синоќа во 21.30 часот било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода. Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран со наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело по член 392 став 2 од Кривичниот законик. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!Банките шурат ли шурат! Тоа е единствениот точен опис за економскиот терор што се случува врз грбот на македонските граѓани.Додека народот едвај врзува крај со крај и се соочува со сурова инфлација и прескапа кошница, банкарскиот сектор само за првите девет месеци од 2026 година оствари застрашувачка нето-добивка од 224,4 милиони евра, додека само од провизии и надоместоци граѓаните се олеснети за рекордни 154 милиони евра – што претставува скок од над 10 отсто во однос на лани! Ова не е пазарна економија, ова е класична, државно аминувана пљачка во која секојдневните трансакции, одржувања на сметки и дигитални плаќања се претворени во златен рудник за туѓите сметки. ЛДП прашува каде е во оваа масовна ограбеност власта и импотентниот гувернер кои се целосно неспособни да го зауздаат овој хаос? Се сеќавате на симболичните најави на гувернерот Трајко Славески дека „треба да се преиспита политиката“ на провизиите? Да потсетиме дека владата со години се прави слепа и глува за ова безобразно шурење тврдејќи дека провизиите „не биле законска материја“? Ниту една реална мерка, ниту еден заштитен механизам за граѓаните – освен празни алибија додека банките им ја цицаат и последната капка крв од семејниот буџет. Истовремено, за сомнителни зделки, скандали како оние со „Алта банка“ и партиски тендери време се наоѓа во секое време, но за заштита на обичниот човек – апсолутна институционална импотенција. А решението постоеше и сѐ уште стои на маса! Либерално-демократската партија (ЛДП) уште одамна поднесе конкретен и функционален предлог за укинување и строго ограничување на овие паразитски банкарски провизии кои го празнат секој денар од џебот на граѓанинот. Но, тој предлог беше брутално и срамно отфрлен од владеачкото мнозинство. Нѐ мавтаа и лажеа дека системот ќе ги заузда банките, а во реалноста само ги оставија одврзаните раце на мафијашкиот банкарски картел да не третираат како сопствени банкомати. Ако секој месец се прашувате зошто сте сѐ посиромашни и зошто платата Ви се топи уште во првите пет дена, да знаете дека тоа е директен благослов од неспособниот владин апарат, гувернерот и институциите кои работат исклучиво за профитот на банкарските моќници. Време е да се стави крај на ова лудило. Прифатете го предлогот на ЛДП и законот за зауздување на банкарските провизии. ЛДП нема да молчи пред оваа пљачка – време е за одговорност, а не за празни владини соопштенија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканПродолжува конститутивната седница на српското собраниеПо два бурни дена, продолжува дискусијата во Собранието на Србија. Пратениците денес го избираат претседателот на Собранието.Пратениците во Собранието на Србија денеска ја продолжуваат конститутивната седница на новиот, 15-ти состав на Парламентот. На дневен ред е изборот на претседател на Собранието, а кандидатите се: пратеничката група „Студентска листа“ го предложи Александар Чупиќ за претседател на Собранието, додека „Александар Вучиќ – Србија победува“ го предложи Стојан Раденовиќ. Со конституирањето на Собранието на Србија, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на нова Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗапочна историскиот состанок Трамп, Путин, Си ЏинпингЗапочнува историска средба во Кина, на претседателите на САД, Русија, и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. Пред средбата домаќинот Си ручал со американскиот претседател Трамп. Претседателот на САД Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа историска трилатерална средба во Шенжен, Кина. Клучните теми вклучуваат војната во Украина, нуклеарното оружје и меѓународната безбедност. Трамп изјави дека тројцата лидери „испишуваат историја“, Путин ги истакна заедничките интереси во однос на решавањето на војната во Украина, а Си повика на соработка во справувањето со глобалните прашања. За време на своето воведно обраќање на трилатералната средба со Си Џинпинг и Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп ја истакна важноста на соработката меѓу трите нуклеарни сили. „Се наоѓаме во единствена позиција да разговараме за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на Земјата“, рече Трамп. Тој додаде дека е „клучно“ САД, Кина и Русија да соработуваат за да се спречи ширењето на нуклеарното оружје кон други држави. „Токму тоа го правиме во однос на Иран. Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје“, изјави Трамп. Потоа се осврна на војната во Украина, напоменувајќи дека веќе имал „долг разговор“ со Путин на таа тема. „Мислам дека Путин – а се надевам и другата страна – би сакале да видат крај на таа војна“, рече американскиот претседател. Во своето воведно обраќање на трилатералната средба со Доналд Трамп и Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна „заедничката одговорност“ на трите нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност. „Како победници во Втората светска војна, Кина, Русија и САД мора да го зачуваат и зајакнат системот на меѓународното право“, рече Путин. Рускиот претседател нагласи дека трите земји имаат „бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина“. Тој додаде дека Русија, САД и Кина можат „значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста“. На трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека трите земји мора да соработуваат за да се справат со глобалните проблеми. „Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој е навистина подготвен да преземе одговорност“, рече Си, како што пренесува Ројтерс.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter