Приведен премиерот на Босна и Херцеговина Фадил Новалиќ заради можна вмешаност во аферата „Респиратори’’

Премиерот  на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е приведен за испитување во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита во рамките на истрагата за аферата „Респиратори“.

Премиерот на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ Фикрет Хоџиќ синоќа се приведени на испитување во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита во рамките на истрагата за аферата „Респиратори“.

Во средата полицијата му го одзеде телефонот на новалиќ за вештачење, при што треба да се утврди со кого контактирал за набавката на респираторите.

Спорните респиратори се набавени од Кина за 5,3 милиони евра, но се неупотребливи на одделенијата за интензивна нега, а истрагата треба да утврди како „Сребрена малина“ можела да увезе респиратори, кога е регистрирана како фирма за преработка и одгледување на овошје и зеленчук.

Фирмата бизнисот го добила со непосредна спогодба, а договорот го потпишал Солак.

Села од Форино: По 15 јули ќе го ослободиме и Али Ахмети од заробеништво

Коалицијата „Сега е време" меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, одржа митинг во село Форино во Гостивар. 

Носителот на шестата изборна единица, исто така претседател на Алијанса за Албанците, Зиадин Села објаснувајќи делови на изборната програма, се фокусираше на ограничување на коцкањето и нагласи дека во првите сто дена по доаѓањето на власт ќе донесат закон со што казина ќе има во хотели со пет ѕвезди.

Села вети дека ако оваа коалиција победи на изборите, ниту еден Албанец нема да биде загрозен заради неговата партиска припадност. Истакна дека идејата на ДУИ за албански премиер е обид за камуфлажа на дискриминација и угнетување на Албанците.

– Не можам да разберам, како сега тие можат да побараат Албанец да биде премиер?Тие се на власт 18 години и ја добија поддршката и гласовите на Албанците. Како досега не ја остварија оваа идеја и што навистина бараат сега, рече Села.

Додаде дека доаѓа времето на промена, со што, рече, по 15 јули Али Ахмети ќе биде слободен, затоа што досега некогаш беше заробен од страна на ВМРО, а некогаш и од СДСМ.

Барајќи поддршка на овие избори, Села истакна дека Албанците треба да гласаат за албанските кандидати, а не за списоците што се дел од, како што рече, каков било договор за коалиција што и служи на другата страна.

Шефот на изборниот штаб и генералниот секретар на партијата Арбен Таравари на митингот изрази оптимизам за победа.

– Промената што ја започна Гостивар ќе продолжи со Липково и Струга. Претседателе, ви ветувам дека во Гостивар победата над ДУИ ќе биде два спрема еден, рече Таравари.

На присутните им се обратија и кандидатите за пратеници Газменд Абдија, Елхоме Мемеди, Афан Елези и Халил Снопче. Презентирајќи делови од програмата, тие меѓу другото ветија дека ќе бидат вистинскиот глас на Албанците во Парламентот, создавајќи над 25.000 слободни работни места./МИА.

Жерновски ги прими акредитивните писма од именуваниот прв амбасадор на Кипар Константинос Елијадес

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, по пат на видео конференциска врска ги прими акредитивните писма од страна на Константинос Елијадес.

Новоименуван нерезидентен амбасадор на Република Кипар за Република Македонија, со седиште во Белград.

Како што соопштија од кабинетот на заменик – министерот, Жерновски му посака добредојде и успех во вршењето на својата функција во Македонија, и тоа како прв именуван амбасадор на Република Кипар во Република Македонија по воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави.

Во разговорот, се посочува, беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент на европската интеграција и перспективи на Македонија.

-Взаемно беше изразено задоволство што на 01.07.2020 е направен уште еден многу значаен чекор кон Европската Унија, по усвојувањето на предлог преговарачката рамка од страна на Европската комисија. Жерновски се заблагодари за континуираната и одлучна поддршка на Република Кипар во нашиот европски интегративен процес, како и позитивната и конструктивна улога во процесот на решавањето на спорот со Грција. Воедно, изрази уверување дека Кипар ќе продолжи со подеднаков ангажман да се зазема за нашата понатамошна интеграција во Унијата, при што истакна дека очекуваме до крајот на годината да се одржи меѓувладината конференција која што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу Македонија и Европската Унија, стои во соопштението.

Амбасадорот Елијадес, пак, ја реафирмираше поддршката на Кипар за започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, како и за помош за исполнувањето на потребните реформски определби. Изрази задоволство што како прв амбасадор ќе има прилика да придонесе во интензивирањето македонско-кипарското пријателство, акцентирајќи го потенцијалот кој постои за натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

На средбата, се нацедува, беше истакнато дека постои потенцијал за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и Кипар, но и цврста и силно изразена волја за изградба на пријателски и срдечни односи на соработка во сите области од взаемен интерес. Фокусот ќе биде ставен на економската соработка и туризмот, преку организирање на бизнис форуми преку кои ќе се зајакне оваа соработка меѓу бизнис заедницата.

Соговорниците, се додава, разменија мислења и за состојбите во нашиот регион, како и најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во нашата земја во пресрет на предвремените парламентарни избори.

притисни ентер