Приведен млад жител на неготинско Криволак поради закани преку интернет - Канал 5

Приведен млад жител на неготинско Криволак поради закани преку интернет

 Жител на неготинското село Криволак бил приведен рано утрово поради закани преку интернет, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Приведен млад жител на неготинско Криволак поради закани преку интернет

- Денеска во 1:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода А.А., на возраст од 26 години од село Криволак, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа и платформа за интеренет комуникација, му се заканувал на 67-годишник од Неготино. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР - Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права

Поранешниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, поднесе тужба против Турција до Европскиот суд за човекови права поради дисциплинските санкции што му беа изречени додека беше на чело на турскиот клуб. 

Мурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права

Судот во Стразбур ја прифати тужбата на разгледување и официјално побара изјава од турската влада, која има шест месеци да одговори, пишуваат турските медиуми.

Случајот произлегува од санкциите што му ги изрече Дисциплинскиот комитет за професионален фудбал (PFDK) на Турската фудбалска асоцијација за коментарите што ги даде по натпреварот против Трабзонспор во ноември 2024 година. Португалскиот стручњак потоа беше казнет со забрана за пристап до соблекувалната и казни во износ од неколку стотици илјади турски лири. Откако Арбитражниот комитет на Турската фудбалска асоцијација ја потврди првичната одлука, Мурињо одлучи да се обрати до Европскиот суд за човекови права.

Аргументи на тужбата

Во својата тужба, Мурињо наведува дека дисциплинските тела на Турската фудбалска асоцијација не се независни и дека неговите права на слобода на изразување се прекршени со казните што му се изречени. Тој исто така тврди дека не му била правилно доставена образложената одлука за казната, која, според него, му го одземала правото на фер судење.

Европскиот суд за човекови права забележува дека известувањето испратено до турската влада не го прејудицира исходот од спорот, туку го означува почетокот на официјалната постапка.

Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Фенербахче во 2024 година, а го напушти клубот во август 2025 година. Во тој период, тој го водеше тимот во 62 натпревари и постигна просек од 2,02 поени по натпревар. Тој моментално е на клупата на Бенфика, а медиумите го поврзуваат со можно враќање во Реал Мадрид доколку претседателот Флорентино Перез обезбеди нов мандат на чело на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат.

Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Во Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите.

Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови.

Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп.

За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер