Приведен мажот чија сопруга и ќерка вчера починаа по пад од балкон во скопско Тафталиџе - Канал 5

Приведен мажот чија сопруга и ќерка вчера починаа по пад од балкон во скопско Тафталиџе

Стојанче Јовановски, сопругот и татко на сега починатите мајка и ќерка кои трагично животот го загубија по пад од зграда во Тафталиџе имал богатo криминално досие. 

Приведен мажот чија сопруга и ќерка вчера починаа по пад од балкон во скопско Тафталиџе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека тој по вчерашниот настан е уапсен и ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Според податоците против Јовановски во изминатите две години МВР имало поднесено десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. Кај него, тогаш биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава. Но по барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост, односно обврска за јавување во суд.

Изминативе две години биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, како што посочи Тошковски, во сите наврати оштетената Ивана се повлекувала од поднесените пријави. Така било и на вчерашниот кобен ден. Два часа пред трагичниот настан била примена пријава за расправија меѓу сопружниците пред суд, а полициски службеници пристигнале на адресата десетина минути подоцна. МВР има видео снима каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден“, кажа Тошковски. Според службените белешки како што истакна жената потпишала изјава со која се откажува од пријавата, наведувајќи дека немало физички контакт, туку недоразбирање со сопругот и дека не бара понатамошна полициска постапка. Таа, според документот, навела дека не сака настанот да се третира како семејно насилство и дека брачните односи ќе ги решава по мирен пат и преку развод.

Тошковски нагласи дека МВР ќе треба да утврди дали изјавата била дадена доброволно или под евентуална присила, дали осомничениот бил присутен, како и дали постоело влијание или притисок. Министерот истакна дека новите законски овластувања на КЗ и даваат на полицијата пошироки можности за постапување по службена должност, особено кога се констатираат видливи телесни повреди. Во такви случаи, жртвата нема да може да го повлече предметот, а Министерството ќе мора да продолжи со постапката.

Според податоците на МВР за семејно насилство во 2026 година има 28 кривични пријави а до сега се процесуирани 12 по брза постапка и одредени се 5 притивори за разлика од 2024-та година кога биле 213 кривични, 21 по брза постапка, но одреден само еден притвор. Сопругот, како што изјави Тошковски МВР сега го товари за неколку кривични дела – наведување на самоубиство и нанесување на телесни повреди, семејно насилство.

Oд ОЈО Скопје денеска соопштија дека обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Во текот на вчерашниот ден беше наредена и обдукција на починатите. Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побара детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави.

Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации, соопштија од ОЈО.

Министерство за социјална политика, демографија и млади денеска соопшти дека по вчерашниот трагичен случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, се врши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјална работа Скопје, и оти по неговото завршување јавноста ќе биде запознаена со наодите и понатамошните мерки. Според првичните информации, починатата жена и сопругот првпат се евидентирани во ЦСР Скопје во октомври лани, додека на 2 февруари до нив е примен допис од МВР за физички напад на сопругот врз сопругата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец.

Претседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа рече дека не може со сигурност да каже дали ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но истакна дека ќе бидат потребни значителни промени за ситуацијата да се одвива поинаку од она што таа го очекува.

„Знаеме дека стапките на инфлација ќе останат високи во наредните квартали“, рече Лагард во интервју за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“.

Таа додаде дека колку се повисоки и колку подолго остануваат високи, толку е поголем ризикот за среднорочната цел на ЕЦБ.

„Внимателно ги следиме индикаторите што укажуваат на идните случувања, како што се повеќегодишните договори за плати, очекувањата за плати на компаниите - и досега не гледаме знаци за промена на трендот“, рече Лагард, според „Блумберг“.

Со оглед на тоа што инфлацијата во еврозоната е двојно поголема од целта на ЕЦБ од 2 проценти, а економијата продолжува да расте стабилно, некои функционери сигнализираа можност за уште едно зголемување на стапката за четвртина процентна стапка следниот месец.

Тоа би бил најновиот потег во низата, по два такви потези откако војната со Иран ги зголеми цените на енергијата.

Сепак, клучното прашање е колку монетарно затегнување може да се справи валутниот блок од 21 земја без да го поткопа економскиот раст, објави Блумберг

Уште едно зголемување на каматните стапки би ги турнало трошоците за задолжување до горниот крај од опсегот каде што нивното влијание врз економијата се смета за безопасно.

Холанѓанецот Клас Кнот и Шпанецот Пабло Ернандез де Кос се борат да ја наследат, изјави претседателката на Еврогрупата во петокот.

На прашањето дали планира да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, Лагард одговори дека тоа не е нејзин план, но дека сака да зборува во дебатата и да го изрази своето мислење за кандидатите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)

Финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше погоден од ракетен напад, а инцидентот ја оштети зградата на нафтената компанија Сауди Арамко.

Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)

Според информациите што ги објавија странските медиуми, прозорците на зградата биле скршени на неколку ката, додека дел од фасадата е оштетен, објави Лориент.

Нападот се случил денес, откако воената коалиција предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала ракети лансирани од Јемен, за кои се вели дека им припаѓаат на јеменските бунтовници Хути.

Сведоци потврдија за АФП дека бил погоден деловниот комплекс на Финансискиот округ Крал Абдула (КАФД), во кој се наоѓа и кулата Арамко. Според нив, штетата била видлива на неколку ката од зградата, вклучувајќи скршени прозорци и оштетување на фасадата.

Сепак, првичните извештаи не беа јасни дали зградата била директно погодена од ракета или штетата е предизвикана од остатоци од ракета што претходно била пресретната од воздушната одбрана.

Саудиското Министерство за енергетика подоцна соопшти дека административната зграда на Арамко била цел на обидот за напад, но дека штетата била ограничена на остатоци. Според официјалните информации, немало повредени или смртни случаи во инцидентот.

Воената коалиција соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила две крстосувачки ракети насочени кон Ријад и јужните делови на кралството.

Нападот врз финансискиот центар предизвика особена загриженост бидејќи е еден од најпрепознатливите симболи на економските и социјалните реформи на Саудиска Арабија. Комплексот KAFD вклучува бројни канцелариски згради, финансиски институции, станбени згради, продавници и метро станица што ја користат многу луѓе секој ден.

Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои ги интензивираа меѓусебните напади во последните месеци. Тензиите дополнително се зголемија откако Хутите ги обвинија саудиските сили за смртоносни напади врз цивили во Јемен.

Засега нема потврда дека нападот предизвикал прекини во работата на „Арамко“ или на неговите нафтени постројки. Властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените

Платата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. 

АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените

Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата.

Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година.

Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените.

Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници.

АД ЕСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер