МакедонијаПриведен маж од Радовишко поради обљуба на 77-годишна женаПолициски службеници го привеле А.С.(42) од радовишкото село Злеово, поради сомнение дека нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена, соопшти денеска МВР.Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВидео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез предизвика хасо на социјалните мрежи со своето бујно деколте. Сега, сите се прашуваат дали вградила силикони.Мегапопуларната пејачка и глумица веќе некое време е главна тема на социјалните мрежи, особено поради врската со нејзиниот нов колега, а сега и поради изгледот на нејзините гради. Деновиве, Џеј Ло е во центарот на вниманието на јавноста поради филмот „Канцелариска романса“, во кој таа ја игра главната улога. Брет Голдштајн исто така глуми со неа во филмот, а тие го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД. Така во вторник тие присуствуваа на премиерата на филмот во Њујорк, а малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер. Лопез блесна на црвениот тепих во еден од најсмелите фустани во нејзината кариера, а сите очи беа насочени кон нејзиното деколте, кое изгледа двојно поголемо. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Деколтето предизвика и шпекулации и коментари за пластична хирургија. „Дали се нови? Или не ги забележав претходно?“, „Градите нејзини изгледаат сè друго освен природно“, „Изгледаат многу поголеми“, „Од каде се? Но, изгледа одлично“, напишаа некои.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОНЗа првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година добивајќи поддршка од дури 174 земји членки на гласањето во Њујорк.Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на економски и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и силна потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата. Во објава на социјалните мрежи, Силјановска-Давкова истакна дека овој резултат е плод на активна, принципиелна и доследна надворешна политика, како и на долгогодишни дипломатски напори за обезбедување меѓународна поддршка. И премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува признание за вложените напори во надворешната политика и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Трам повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека повторно задремал за време на состанокот во Белата куќа. 79 годишниот Трамп ги „одмори“ очите неколку моменти за време на состанокот за енергија и се потпре на столот. На американскиот претседател му се придружија министерот за внатрешни работи Даг Бургум, министерот за енергетика Крис Рајт и администраторот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин. Белата куќа одговори на тврдењата изнесени од некои американски медиуми. WATCH: President Trump appeared to briefly fall asleep during an Oval Office event yesterday. The incident came just days after Secretary of State Marco Rubio said he had never seen Trump fall asleep, telling lawmakers that the president "doesn't sleep."pic.twitter.com/t0dDZMZEqu — Clash Report (@clashreport) June 5, 2026 Портпаролот Дејвис Ингл ги отфрли обвинувањата и рече дека Трамп е „најпаметниот, најдостапниот и најенергичниот претседател во американската историја“. Тој додаде дека претседателот „работи деноноќно за да ја направи земјата уште поголема од кога било досега“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter