Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта - Канал 5

Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, синоќа во 21:20 часот го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово.

Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Кошта во Тирана излезе со нов моментум за проширувањето на Европската унија

Доследност и доверба.

Кошта во Тирана излезе со нов моментум за проширувањето на Европската унија

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, доцна синоќа, пред неформалната вечера што ја приреди за учесниците на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана од Западен Балкан, на платформата Х објави дека има нов моментум во проширувањето на Европската унија.

„Понатамошните напори за напредок кон пристапување мора да бидат водени од фундаментални принципи: доследност и доверба“.

„Доследност - од страна на ЕУ во одржувањето на проширувањето на врвот на својата политичка агенда. И доследност од страна на партнерите во усогласувањето со нашите вредности и спроведувањето реформи. Доверба - ова може да се изгради само преку отворен дијалог. Внатрешно, меѓу партнерите во регионот и со институциите на ЕУ и земјите-членки“, напиша Кошта

Судот го прифатил предлогот за замена на ефективниот со куќен притвор за Бектеши

Основниот суд Кочани го прифатил предлогот на јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши.

Судот го прифатил предлогот за замена на ефективниот со куќен притвор за Бектеши

Судот се уште нема одлучувано по останатите предлози на обвинителство за 19 лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Портпаролот на основниот суд Кочани во изјава за МИА информира дека судија на претходна постапка одлучувал по предлогот за бектеши, додека за другите се чека делегирање на член од Кривичен совет и да се произнесат адвокатите по предлозите. Државното јавно обвинителство претходно, соопшти дека до судот во Кочани освен предлогот за замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ за две лица, доставен е предлог и за продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор за 18 лица.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во Скопје

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во Скопје

Како што информира МНРиНТ, по предвидениот официјален пречек Муцунски и Мајнл-Рајсингер ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе следува и билатерална средба помеѓу двете делегации. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, реафирмирање на австриската поддршка на македонската интеграција во Европската Унија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.

Најавена е и заедничка прес-конференција на министрите по средбите.

Според МНРиНТ, ова е прва посета на Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година.

притисни ентер