Приведен директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин Рустеми - Канал 5

Приведен директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин Рустеми

СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје.

Приведен директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин Рустеми

По неколку неделниот хаос со ѓубрето во Скопје и по инспекциските надзори паднаа првите апсења – приведени се две лица од КХС, посочија од обвинителството, а според извори на Канал 5 од истрагата станува збор за директорот на претпријатието Сабахадин Рустеми и уште едно лице од раководството. Од ОЈО Скопје посочија дека двајцата се сомничат кривичното дело – загрозување на животната средина и природата со отпад. Дополнително, прибрана е дополнителна документација.

-По наредба на ОЈО Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување на докази. Приведени се двелица од раководството на ЈП Комунална хигиена – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело 230 од кривичниот законик. - ОЈО

Набргу по апсењето на директорот Рустеми, пристигна реакција и од градоначалничката Арсовска на социјалните мрежи и со соопштение до медиумите. Таа во својата објава вели дека премиерот Мицковски и МВР со апсењето на директорот сеат страв пред вториот изборен круг. Таа за состојбите го обвинува УО на КХС, односно претседателката Јулијана Спировска, која вели дека три години ги опструира сите набакви и работата на прептријатието.

Но, институционалниот одговор засега не ја менува состојбата. Поразени и понижени – вака го опишуваат чувството скопјани од сликата која периодов владее со Скопје. полните контејнери и просторот околу нив и натаму остануваат на секој чекор во „метрополата“ – па граѓаните веќе состојбата ја коментираат и со шегување.

-Прекрасно изгледа, одлично – ова е круната на се/.Бидејќи тука живеам, на приземјето сум, ова е многу убаво, како доаѓа, филм да се снима./. Се чуствувате ли поразен како скопјанец од сликата што ја гледаме изминативе денови? Многу, многу. Лоша слика, поразена, понижена/Јас сум роден во Скопје, вака ѓубре немало никогаш, никогаш, јас еве 80 години ќе наполнам. Нормално е во 2025 вака да ни изгледаат улиците? Не, ова е лудница.

Ако смрдеата изминативе денови беше само во околината на контејнерите сега може да се почуствува и подалеку.. Дождот само дополнително ја влоши состојбата..

-Дождот изминатите два дена можеби ја изми прашината од улиците, но сето она што е во контејнерите и околу контејнерите, се разлеа по нив..

Сепак, дождот на виделина извади уште една поразителна слика – вака изгледа денеска реката која е испеана во бројни песни и е дел од државниот грб. Во Вардар која никогаш не изгледал повалкан се слеваат илјадници шишиња и секакви предмети – кои тешко можеа да ги избегнат и речните птици. На што личи Вардар ќе се види и надвор од државава низ објективот на туристите.

-Работам во областа на туризмот, со странски туристи работат, велат повалкан град во светот не сме виделе.

Ваквиот став може да се забележи и кај странските блогери кои изминатиов период го посетиле Скопје и каде го коментираат отпадот кој е на секој чекор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невиден хаос во рингот- масовна тепачка по завршувањето на мечот во Турција (ВИДЕО)

Боксерски натпревар во Турција помеѓу Умут Чамкиран и Мурад Алиев се претвори во тотален хаос откако заврши, бидејќи во рингот избувна масовна тепачка, и тоа додека телевизиските камери беа вклучени.

Невиден хаос во рингот- масовна тепачка по завршувањето на мечот во Турција (ВИДЕО)

Во рингот се појавија огромен број луѓе, и многу брзо сè стана хаотично, а беа упатени и првите удари, по што ситуацијата целосно ескалираше во масовна тепачка.

Снимките ги прикажуваат и боксерите како учествуваат во хаосот. Тензиите се зголемија масовно, додека во рингот имаше над 50 луѓе. Тие се фрлаа од јаже на јаже, и не е познато дали има повредени.

Обезбедувањето на крајот се стрча во рингот за да ги раздели сите присутни, иако им требаше долго време да воспостават контрола, со оглед на бројот на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фон дер Лајен по нападот во Краков: Посилни сме од омразата и екстремизмот, Европа е со Полска

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го изрази своето тагување и неверување по нападот во Краков.

Фон дер Лајен по нападот во Краков: Посилни сме од омразата и екстремизмот, Европа е со Полска

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го изрази своето тагување и неверување по нападот во Краков, велејќи дека знамињата на ЕУ се спуштени на половина копје во спомен на жртвите и во знак на почит кон службите за итни случаи кои реагираа на нападот.

„Тие го претставуваат европското единство и солидарност. Посилни од омразата. Посилни од екстремизмот“, рече фон дер Лајен на платформата X.

Таа во друга објава рече дека нејзините мисли и срца се со жртвите, нивните семејства и сите жители на Краков.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Им се заблагодарувам на херојските полицајци кои ги ризикуваа своите животи за да реагираат. Европа е со Полска во тага и солидарност“, рече претседателката на Европската комисија.

Полска денес започна дводневна национална жалост за убиството на шест лица во масовното пукање во Краков вчера, за кое полската влада рече дека веројатно било инспирирано од крајно десничарската идеологија, додека полицијата ги засили безбедносните мерки.

Според полициските наоди, сторителот на нападот во Краков во саботата бил полски државјанин и жител на Островјец Свјетокржиски, кој имал дозвола за огнено оружје и немал криминално досие.

Според полската новинска агенција ПАП, полицијата пронашла голем број огнено оружје и муниција во неговиот автомобил.

Во пукотница на Главниот плоштад во Краков во саботата попладне, маж (24) застрелал шест лица од возило во движење, а во неговата куќа биле пронајдени уште три тела, за кои се сомнева дека се родителите и сестрата на напаѓачот.

Меѓу жртвите на пукотницата на Главниот плоштад во Краков се четворица полски државјани, еден британски државјанин и една жена која не е од полска, изјави денес Кшиштоф Кленцар, војводата на Мала Полска.

Според него, меѓу повредените, кои се 16 и се лекуваат во шест болници, има 11 Полјаци и пет странци, од кои 14 се во стабилна состојба, еден во сериозна состојба, додека сторителот е во критична состојба. Тој бил подложен на неколку операции во текот на ноќта во болница во Краков и неговата состојба во моментов е опишана како критична.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кортни Кардашијан се огласи по шпекулациите дека се разведува од Тревис Баркер (ВИДЕО)

Кортни Кардашијан (47) се осврна на гласините за разводот од нејзиниот сопруг Тревис Баркер (50). 

Кортни Кардашијан се огласи по шпекулациите дека се разведува од Тревис Баркер (ВИДЕО)

Риалити ѕвездата откри во новата епизода од „Кардашијан“, која се емитува денес, како реагирала кога нејзината портпаролка ја информирала дека едно списание подготвува сторија за нивното наводно раскинување.

„Ѝ реков слободно да ја објави сторијата“

„Мојата портпаролка ми пиша утрово. Таа рече: „Има едно списание кое вели дека ти и Тревис повеќе не живеете заедно и дека раскинувате. Дали има вистина во тоа?““, сподели Кортни.

Нејзината реакција беше неочекувана. Наместо веднаш да ги негира гласините, таа ѝ рече на портпаролката да го остави списанието да ја објави сторијата.

„Ѝ реков: „Кажи им да ја објават“. Да видиме што ќе се случи“, се присети таа.

Потоа Кортни јасно стави до знаење дека тврдењата за развод не се вистинити. Во разговор со нејзиниот пријател Сајмон Хак, таа објасни дека гласините се создадени поради измислени приказни што се шират на социјалните мрежи.

„Тие знаат дека не е вистина. Тие знаат дека виделе некое глупаво видео на TikTok од човек кој измислува приказни“, рече таа.

Притоа, Хак ги критикуваше теориите на заговор за познатото семејство, особено споменувајќи ги неверојатните видеа создадени со помош на вештачка интелигенција.

„И луѓето веруваат во тоа. Толку е бизарно“, коментираше Кортни.

Тие се во брак од 2022 година

Кортни Кардашијан и тапанарот на Blink-182, Тревис Баркер, почнаа да се забавуваат во 2021 година и се верија во октомври истата година. Тие се венчаа во мај 2022 година.

Во јуни 2023 година, Кортни објави дека е бремена за време на концертот на Blink-182, кога држеше знак на кој пишуваше „Травис, бремена сум“. Нивниот син Роки се роди во ноември истата година.

Двојката отворено зборуваше за тешкотиите со кои се соочија на патот кон заедничко дете. За време на бременоста, Кортни мораше да се подложи на итна фетална операција, а подоцна им се заблагодари на лекарите што го спасија животот на нејзиниот син.

Зборуваа и за губење на нероденото бебе

Во документарецот „Травис Баркер: Погласно од стравот“, објавен во август оваа година, двојката откри дека доживеале и губење на бременост пред раѓањето на Роки.

„Кога го изгубивме нашето бебе, бевме скршени. Плачевме со денови. Сè што сакавме беше дете заедно“, сподели Кортни.

Кортни има три деца од претходната врска со Скот Дисик, Мејсон (16), Пенелопе (14) и Рејн (11), додека Баркер има и деца од претходни врски.

И покрај гласините што кружат на интернет, Кортни сега јасно стави до знаење дека тврдењата за нејзиниот развод од Тревис не се точни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер