Приведен 34-годишен гостиварец осомничен за убиство на неговиот татко - Канал 5

Приведен 34-годишен гостиварец осомничен за убиство на неговиот татко

Во Гостивар, 34-годишен маж бил лишен од слобода под сомнение дека го убил својот 63-годишен татко во семејниот дом, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Приведен 34-годишен гостиварец осомничен за убиство на неговиот татко

-Денеска во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица - Гостивар го лишија од слобода М.Д. поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица - Гостивар, машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д., на возраст од 63 години од Гостивар, со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство, од слобода е лишен неговиот син, информираа од МВР.

Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но, случајот не го пријавил кај надлежните служби.

Известен бил јавен обвинител. Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер