Приватните специјализанти на средба со Таравари - Канал 5

Приватните специјализанти на средба со Таравари

Приватните спцијализанти се очекува денеска да се сретнат со министерот за здравство Арбен Таравари.

Приватните специјализанти на средба со Таравари

Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина вчера во изјава за МИА информира дека средбата со Таравари ќе се одржи во 10 часот во просториите на Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Арбен Таравари вчера соопшти дека на денешната владина седница е донесена одлука за вработување на 600 приватни специјализанти од кои 300 до крајот на годинава.

-Уште едно реализирано ветување. До крајот на годинава ќе се вработат 300, а идната година плус 300 приватни специјализанти. Денеска по предлог на Министерството за здравство, на владина седница ја разгледавме и ја усвоивме информацијата за вработување приватни специјализанти од областа на здравството, неопходни за јавните здравствени институции во Република Северна Македонија за 2024 година, напиша на социјалните мрежи Таравари.

Со оваа одлука, како што посочи Таравари, Министерството за финансии се задолжува до декември 2024 година да обезбеди дополнителни финансиски средства во износ од 38.000.000 денари за вработување на 300 приватни специјализанти.

Специјализантката Илиоска Чешлароска поздрави владината одлука за вработување на приватни специјални, но повеќе информации како ќе се одвива целиот овој процес очекуваат да добијат на денешната средба со министерот за здравство Арбен Таравари.

-Ние за утре имаме закажано средба со министерот за здравство Арбен Таравари, па претпоставувам дека на таа средба ќе се дискутира подетално како ќе се одвиваат тие вработувања. Прочитавме дека ќе бидат 300 оваа година, а 300 следната. Утре очекуваме да се прецизира кои ќе бидат во првата група на вработувања, што ќе биде со оние колеги кои нема да бидат опфатени во првата етапа на вработување итн. Вработувањето како точка беше едно од нашите барања, но мора да видиме како ќе се одвиваат тие вработувања, на кој начин, што со оние колеги кои нема да бидат опфатени со вработувањето, дали нив ќе им бидат покачени платите и како ќе се одвива. Да видиме која е нивната замисла, рече Илиоска Чешлароска.

Приватните специјализанти изминатиот период постојано бараа подобри услови за работи и повисоки примања. Тие организираа неколку протести, а во април годинава стапија и во генерален штрајк. Меѓу нивните барања се зголемување на платите, повторно воведување бесплатно здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како и регулирање на работниот статус.

На државните клиники во земјава работат околу 400 приватни специјализанти за месечен надоместок од 26.000 денари, а едно од нивните барања беше негово покачување на 40.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пласичен хирург е убиен поради операција на задник- платен убиец го застрелал во глава пред сопругата

Германскиот естетски хирург Александар Аслани (57) е убиен во неговата клиника во луксузното шпанско одморалиште Марбеља.

Пласичен хирург е убиен поради операција на задник- платен убиец го застрелал во глава пред сопругата

Истражителите се сомневаат дека станува збор за професионално организирано убиство по договор, а истрагата е фокусирана на два можни мотиви, објави Пипл.

Пред неколку дена, еден маж мирно влегол во ординацијата на естетскиот хирург и го убил Аслани со неколку истрели во главата. Неговата сопруга, Жанин, била сведок на нападот, по што истрчала врескајќи на улицата.

Осомничениот, 18-годишен шведски државјанин, бил уапсен 24 часа по злосторството. Според шпанските медиуми, се верува дека е поврзан со озлогласената банда „Шотаз“. Полицијата наводно го пронашла благодарение на регистарската табличка на неговиот мотоцикл.

Местото на злосторството била клиниката Цирумед во Марбеља, каде што Аслани извршувал пластични операции.

Групата „Шотаз“ потекнува од проблематичната населба Ринкеби во близина на Стокхолм и сега е активна на Коста дел Сол, според извештаите на медиумите. Истражителите ја поврзале мрежата со сериозен организиран криминал.

Според медиумските извештаи, групата наводно се занимава и со обезбедување на платени убијци, за што наплаќаат помеѓу 10.000 и 12.000 евра.

Младиот Швеѓанец од африканско потекло е во притвор. Според извештаите, тој одбил да даде каква било изјава пред судијата за можните соучесници.

По прегледувањето на медицинските картони на пациентите и интервјуирањето на вдовицата Жанин и вработените во клиниката, полицијата истражува два можни мотиви за убиството.

Првиот можен мотив - Неуспешна операција на задникот

Една од трагите води до богата Саудијка која сакала да го зголеми задникот или да се подложи на процедура позната како „бразилско подигнување на задникот“ (BBL), која чинела 40.000 евра.

Александар Аслани извршил ваков вид операција илјадници пати. Меѓу неговите клиенти имало жени од светот на филмот и телевизијата, порно актерки, па дури и принцеза. Благодарение на ваквите процедури, тој стекнал голем углед во светот на естетската хирургија.

Меѓу неговите пациенти била и интернет ѕвездата Никол Џулија, која ја изразила својата тага и благодарност за неговата работа по неговата смрт.

„Ви благодарам, докторе, за вашите вешти раце и вашата грижа“, рече таа во прошталната порака.

Според германскиот весник „Билд“, по првата операција на жена од Саудиска Арабија, за која наводно му биле платени 16.000 евра, Аслани одбил да изврши втора, претходно договорена интервенција.

Наводно, тој сметал дека пациентката е психолошки неспособна да ја издржи следната фаза од операцијата. По неговата одлука, богатиот и, наводно, влијателен човек побарал да му бидат вратени парите.

Наводно, Аслани одбил да ја врати првата уплата, по што добил сериозни закани.

Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали спор околу естетската хирургија можел да биде мотив за ангажирање на платен убиец.

Според медиумските извештаи, двојката ја напуштила Шпанија и сè уште не се вратила во својата матична земја.

Веста за смртта на хирургот ги потресе и бројни познати личности кои биле подложени на процедури во неговата клиника. Британската актерка Ајслин Хорган-Волас, која позираше со својот колега Двејн Џонсон на фотографија, се збогува со него со емотивна порака.

„Скршено ми е срцето. Д-р Аслани беше прекрасна личност, со големо срце“, рече актерката.

Друг можен мотив - Одмазда по смртта на пациентка

Друга линија на истрага се однесува на смртта на колумбиска пациентка, која наводно починала по естетска операција во клиниката на Аслани.

Според германските медиуми, семејството на починатата жена било ужаснато од објаснувањето што го добиле од клиниката по нејзината смрт.

Истражителите сега истражуваат дали случајот можел да биде мотивиран од одмазда и дали е можно да е поврзан со убиството на хирургот.

Сепак, сè уште не е потврдено дека ниту еден од случаите е директно поврзан со злосторството. Во тек е меѓународна истрага, а полицијата се обидува да утврди кој можеби го нарачал убиството и дали осомничениот имал соучесници.

Меѓу познатите пациентки на Александар Аслани била Хана Елизабет Овен, ѕвезда на реалното шоу „Остров на љубовта“.

За многумина кои го познавале Александар Аслани, неговото убиство е шок. Бројни жени кои биле подложени на естетска операција во неговата клиника се збогувале со него на социјалните мрежи.

Покрај неговата професионална работа, Аслани беше почитуван и поради неговите хуманитарни активности. Неговата посветеност на бесплатните операции во Јужна Африка и Индија беше особено значајна.

Тој и неговата сопруга патуваа во Калкута секоја година, каде што хирургот оперираше сиромашни деца родени со расцеп на усните и непцето.

Додека полицијата продолжува да ги истражува можните мотиви и врски на осомничениот со организираниот криминал, останува прашањето кој го нарачал убиството и што навистина стои зад ликвидацијата на германскиот естетски хирург во Марбеља.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свадбарска колона правела метеж во сообраќајот- свадбарите се казнети со 11.000 евра (ВИДЕО)

Неодамнешната свадбена прослава се претвори во серија сообраќајни прекршоци, за кои свадбената поворка скапо плати.

Свадбарска колона правела метеж во сообраќајот- свадбарите се казнети со 11.000 евра (ВИДЕО)

Во францускиот град Сен-Прје, полицијата издала 87 казни за несоодветно однесување за време на интервенција, додека вкупната вредност на казните достигнала неверојатни 10.945 евра. Според објавените податоци, од возачите биле одземени 242 казнени поени, објавува „Ле Паризиен“..

Градоначалникот на Сен-Прје, Жил Гаскоњ, објави во сабота, 26 септември, дека забележал „особено проблематично однесување“ за време на свадба. Тој, исто така, објави видео на Фејсбук, на кое се гледа колона автомобили со свадбари кои свират со сирените.

Градоначалникот нагласи дека побарал вклучување на градската и националната полиција, со задача да интервенираат и да ги евидентираат забележаните прекршоци.

„Резултатот е недвосмислен“, рече Гаскоњ, истакнувајќи дека се изречени 87 казни, дека казните вкупно изнесуваат 10.945 евра и дека на возачите им се одземени 242 казнени поени за прекршоци во сообраќајот.

„Свадбите се добредојдени во Сен-Прие, но не и несоодветното однесување и опасните дејствија“, заклучи градоначалникот и им се заблагодари на полицајците кои учествуваа во интервенцијата.

Сепак, ова не е единствениот случај во Франција во кој властите одлучија остро да реагираат на однесувањето на свадбените гости во сообраќајот.

На неколку стотици километри оддалеченост, во Ница, кон средината на септември, градоначалникот Ерик Чоти објави дека откажал свадба закажана за тој ден, откако свадбената поворка, според него, го блокирала автопатот и направила низа прекршоци.

„Побарав вклучување на градската полиција и откажување на свадбата закажана за 11 часот наутро во паркот Феникс“, објави Сиоти на социјалната мрежа X.

Тој предупреди дека свадбената прослава не му дава право на никого да ја загрози безбедноста и да ги игнорира сообраќајните прописи.

„Во Ница, свадбата не го оправдува дивото возење или непочитувањето на правилата. Секоја свадба што предизвикува нарушување на јавниот ред и мир автоматски ќе биде прекината“, рече градоначалникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се враќа ли Британија во ЕУ- Бернам најави важен самит (ВИДЕО)

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец .

Се враќа ли Британија во ЕУ- Бернам најави важен самит (ВИДЕО)

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец и го повика парламентот да го поддржи во приближувањето кон блокот на долг рок.

Зборувајќи пред парламентот по паузата, Бернам, кој водеше кампања за останување на Велика Британија во ЕУ на референдумот во 2016 година, потврди дека самитот ЕУ-Велика Британија ќе се одржи на 20 ноември. Самитот претходно беше одложен откако неговиот претходник, Кир Стармер, поднесе оставка.

Бернам рече дека се надева дека ќе постигне договор за хармонизирање на стандардите за храна, поврзување на системот за тргување со емисии и овозможување на повеќе млади луѓе да живеат, работат и студираат во странство. Сите овие мерки, рече тој, ќе придонесат за економски раст.

Сепак, неговиот став за долгорочно зближување со ЕУ предизвика критики од некои пратеници, бидејќи повтори дека Велика Британија треба да разгледа различни опции за своите идни односи со блокот, објави Ројтерс.

Тој се залага за долгорочен пристап кон ЕУ

„Во интерес на Велика Британија е да постигне договор во таа насока. Верувам дека нашите шанси за тоа ќе бидат подобри ако сме отворени да разговараме за нашиот однос со ЕУ на подолг рок. Ако сме сериозни во врска со зголемувањето на економскиот раст, контролата на имиграцијата и зачувувањето на нашите вредности и безбедност, треба да разговараме за тоа. Статус кво не е доволно добар за Велика Британија“, им рече Бернам на пратениците во Долниот дом.

Додека Стармер избегнуваше повторно разгорување на поделбите околу односите со ЕУ, Бернам тврдеше дека Велика Британија немала корист од напуштањето на ЕУ и треба „смирено и трезвено да го разгледа“ својот однос со блокот.

Неговите зборови повторно ја отворија дебатата што ја подели Велика Британија од референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање на ЕУ, додека 48 проценти го поддржаа останувањето.

Конзервативниот лидер Камил Баденох рече дека е „заблуда“ да се верува дека враќањето во ЕУ ќе ги реши проблемите на Велика Британија.

Од друга страна, лидерот на либералните демократи, Ед Дејви, изјави дека земјата треба повторно да стане полноправна членка на Унијата.

Бернам повтори дека конечната одлука ќе ја донесат британските граѓани, кои ќе разгледаат различни опции за односите со ЕУ во иднина.

Тој се осврна и на анкетите на јавното мислење кои, според него, покажуваат дека поддршката за повторно приклучување кон Унијата е зголемена по Брегзит.

Сепак, поддршката често се намалува кога граѓаните се прашуваат дали би ја прифатиле обврската да придонесат во буџетот на ЕУ и да го воведат еврото.

„Уверен сум дека јавното мислење во моментов го поддржува прагматичниот пристап што го предлагам. Ни треба ваков вид лидерство за да ставиме крај на деценијата талкање и поделби и да ја водиме земјата напред“, заклучи Бернам.

Потсетете се дека пред неколку дена, британскиот премиер Бернам ја обвини Русија за мешање во референдумот за Брегзит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер