МакедонијаПриватните превозници во Скопје најавуваат дека утре нема да сообраќаат ако не им се исплати долгот од ЈСПАко приватните превозници утре до 9ч не добијат поголема сума од онаа за која тврдат дека им се должи за да можат да функционираат, најавуваат дека ќе се повлечат целосно од сообраќај. Засега велат нема никаква најава од ЈСП дека ќе се надмине проблемот. Приватниците се жалат дека немаат повеќе средства да си ја вршат работата, која ја вршеле и кога како што велат, ЈСП не можело поради недостатокот на нафта. -По 10 часот целосно се повлекуваат сите автобуси. Апелираме што побргу да се надмине проблемот, да ни се уплатат средствата, како што знаете веќе ЈСП кога остана без нафта беа принудени да се повлечат, а нашите автобуси останаа и возеа. И покрај големиот долг и преголемиот број на патници, не ги оставивме патниците и возевме, така да ова веќе е неиздржилво,- - Јовица Зафировски – приватен превозник. Зафировски вели дека во петокот по расправијата со директорот на ЈСП – Кушовски им биле исплатени по 500.000 денари кои според нив се премалку. Најавија дека на јавноста ќе и достават финансова картичка која тврди дека покажува дека вкупниот долг кон нив е 170 милиони денари. -Веднаш по таа расправија уплатил по 500.000 денари, но тоа не задоволува, тоа е премалку, од висината што треба да ни се уплати, инаку во текот на утрешниот ден, ние ќе ви доставиме финансова картичка од сите пакети и дека долгот е толку и дека ние не манипулираме со бројки, манипулираше директорот на ЈСП. На пакет еден 35 милиони денари доспеан долг, а вкупниот долг е над 70 милиони денари. Вкупниот долг кон сите 3 пакети е 170 милиони а доспеан долг е 90 милиони денари,- - Јовица Зафировски – Приватен превозник. Кој е ставот на ЈСП и дали ќе има обид за надминување на овој проблем за приватните превозници да останат во јавниот превоз, кој и онака е во незавидна состојба, засега останува мистерија. Канал 5 се обиде во неколку наврати да стапи во контакт со директорот Драги Кушовски, но тој не одговори на повиците и пораките. Тагови: ЈСП Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16