Претседателот на Советот, Трајко Славески посочи дека оваа цена ќе се применува до Мај, односно кога истекуваат договорите на приватните превозници, а одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во службен весник
„Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните, со тоа ја заклучувам денешната седница, ги молам службите во најкус можен рок, секторот за поддршка на совет до 17 часот да ми достави заклучок од денешната седница со потпис, кој ќе го проследам до градоначалник. “
За ваквата одлука, претходно градоначалничката Арсовска од говорницата посочи дека цената се утврдува според критериуми и формула каде ќе бидат во предвид земени сите апсекти и истата не смее да се утврдува поинаку.
„Тие повеќе бараа, не знам како се испреговоривте да ја намалите цената, но не смее да биде ни повеќе ни помалку од она што го диктира пазарот и условите, не се одредува врз основ на желба. Повикувам на одговорност на советот, одлуката што ќе ја донесете самите ќе имате одговорност на истата, а ние по ваше задолжение ќе направиме Ако сакате да направиме нешто долгорочно тоа може службите да ви го објаснат, ако сакате да направите нешто од денес за утре, можам само да се иземам одговорност ако донесете било каков акт.“
Приватните превозници кои порано ја напуштија седницата поради атмосферата која се создаде.. Велат дека се задоволни од предлог одлуката цената од километар да се покачи за 30 денари, а во сообраќај велат се најверојатно се враќаат во понеделник.
Се надеваме дека претходно ќе има нова анализа и од мај месец ќе утврдено повторно цена за да можеме од мај месец да имаме барем иста цена како што е сега, во најмала рака.
Сепак, додека се решава еден проблем, во ЈСП се содава нов. Директорот Кушовски потврди дека е блокирана сметката на претпријатието поради доспеан долг за нафта. Уверува дека се работи активно на решение на состојбата и дека нема да има никакви импликации врз тендерот за набавка на гориво кој е во тек, ниту пак врз платите на вработените.