Приватниците и Град Скопје си подадоа рака - Канал 5

Приватниците и Град Скопје си подадоа рака

Прво анализа на експерти кои ќе ја утврдат, па од јануари покачување на цената по изминат километар.

Приватниците и Град Скопје си подадоа рака

..Ова е решението за кое Град Скопје, дел од советниците и приватните превозници си подадоа рака на денешната координативна седница за конечен излез од ќорсокакот. Со ваквиот предлог превозниците велат се задоволни и дека најдоцна до понеделник ќе се вратат во сообраќај, воедно очекуваат од сите советнички групи, кога ќе дојде време за гласање да го подржат предлогот.

-Заклучно со 01.01.2025 година ќе стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на договорот и ќе имаме ние нова цена. Очекувате поддршка од сите советници за иницијативата? Да, нормално, зошто да не, сите советници беа за да ни се даде покачување, дали ќе биде еден месец порано или подоцна, ние тука сме во служба на градот и очекуваме нормално дека ќе гласаат,- Јовица Зафировски – Приватен превозник.

Советникот од СДСМ во советот на Град Скопје Гордан Шутаров смета дека ваквиот предлог ќе донесе долгорочно решение и стабилност за приватните превозници, кои покачувањето би го добиле заедно со ребалансот на буџетот на Нова година. Воедно и тој порача дека советниците треба да бидат обединити околу ова прашање.

Кога сме се одлучиле да се бавиме со локална политика, некои партиски стеги, партиски размислувања мора да ги надминеме, да се надминеме себеси со оглед на тоа дека локалните самоуправи всушност и Градот Скопје постои за да ги решава и ги задоволува потребите на градот Скопје и кога се решаваат проблемите на граѓаните на Скопје, место за политика тука нема.

Сепак, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Стојановски кој ја напушти координативната средба во кабинетот на градоначалничката Арсовска не откри дали ќе ја поддржат иницијативата. Тој вели, заклучокот кој советот го донесе вчера за покачување од 30 денари е валиден бидејќи имало кворум, а истиот смета дека отфрлен поради политички причини.

-Ова го има само во режими, во државите како Северна Кореја, како во времето на Енвер Оџа и како во времето на Чаушеску во Романија, вакво непостапување и непочитување на советот досега немало никаде, а за тоа се свесни и граѓаните и новинарите. Ние пристапивме кон приватните превозници и донесовме еден заеднички став за решавање на нивниот проблем привремено до месец мај, се понатака, денеска што се случува е само едно големо политиканство и нечесни задкулисни игри,- Тонско Мартин Стојановски.

На вчерашната седница по бројни кавги и препукувања, советниците на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа заклучок за покачување на цената од 30 денари по изминат километар, но истата од страна на Град Скопје беше отфрлена како невалидна, бидејќи немало кворум, ниту соодветни анализи.

YouTube video

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Фолксваген планира постепено да ја укине „ID.“ ознаката во името за електрични возила.

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Уште во 2026 година, компанијата има намера да го замени ова алфанумеричко брендирање со традиционални имиња на автомобили. Целта е да се поедностави понудата.

„ID.“ беше лансиран во 2017 година со концептна верзија на компактниот модел „ID.3“, кој влезе во производство во 2019 година. Сега станува збор за цела низа производи, од „ID.3“, „ID.4“... па сè до „ID.Buzz“.

Мартин Сандер, член на одборот на „ Volkswagen “ одговорен за продажба, маркетинг и постпродажба, во интервју за „ Auto und Wirtschaft “ откри дека компанијата има намера да се врати на користење на конвенционалните имиња за електрични возила.

Иако Сандер не навлезе во детали, Фолксваген претходно објави дека традиционалните имиња би можеле да се користат и за електрични возила, како што се „Fox“, „Polo“, или „Golf“.

Извор: Б92

Паолини го освои Рим

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини е победничка на турнирот ВТА 1000 во Рим со награден фонд од над шест милиони евра.

Паолини го освои Рим

Шестата носителка Паолини попладнево во финалето кое траеше час и половина убедливо ја совлада четвртата носителка, Американката Коко Гоф, со 6-4, 6-2, станувајќи првата домашна тенисерка што ја освоила титулата во Рим по пауза од 40 години.

Паолини доминираше во финалето и ја освои својата трета титула во кариерата, а за победата во Рим заработи 877.390 евра, додека поразената Гоф инкасираше 456.735 евра. /МИА

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Денес, Андреј Хоивик, претставник на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), беше качен на покривот на зградата на словенечкиот парламент во Љубљана, објави Дневник.си.

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила брзо пристигнаа на местото на настанот.

Пожарникарите поставија скали, а по неколку минути Хоивик се согласи да слезе од покривот, а потоа беше предаден на медицинскиот персонал и пренесен во болница.

„Она што го прават во оваа земја не е исправно“

За време на инцидентот, Хоивик им се обратил на минувачите од покривот, нагласувајќи дека „не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб“, но верува дека „она што го прават во оваа земја не е исправно“. Како што објавува „Дневник.си“, во еден момент тој ѝ рекол на жената на покривот: „Ана, те молам, ако направиш уште еден чекор напред, ќе скокнам долу, ветувам“.

Полицијата потврди дека никој не е повреден, а инцидентот се третира како итна помош за лице во психолошка криза. Мотивот за инцидентот не е официјално познат, но извори велат дека Хоивик покажувал знаци на исцрпеност и емоционална исцрпеност во последните недели.

Пратеничката група на СДС се огласи на социјалните мрежи за да нагласи дека животните искушенија понекогаш се премногу тешки и бара разбирање и сочувство.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер