Притворениот градоначалник на Истанбул пет часа сведочеше пред судот - Канал 5

Притворениот градоначалник на Истанбул пет часа сведочеше пред судот

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше уапсен под обвинение дека е поврзан со група вмешана во корупција, мито и помагање на терористички активности, го заврши петчасовното сведочење пред судот, објавија денеска турските медиуми.

Притворениот градоначалник на Истанбул пет часа сведочеше пред судот

На прашањето за неговиот недвижен имот, возила и други средства, Имамоглу одговори дека целиот свој имот го пријавил во надлежните служби и дека неговата месечна плата изнесува 250.000 лири (околу 6.000 евра).

За време на полицискиот распит за наводните кривични дела „основање и управување со организација со цел извршување на кривично дело и припадност на организација основана заради извршување на кривично дело, поткуп, местење понуди и изнуда“, градоначалникот на Истанбул ,Имамоглу не се изјасни. Тој рече дека не се занимава со овие прашања и дека силно и одлучно ги негира сите обвинувања, пренесува турската телевизија ТРТ Хабер.

На прашањето дали повторно би се изјаснил бидејќи не одговорил на некои прашања, Екрем Имамоглу одговори кратко - „не“.

Имамоглу беше уапсен во средата за време на рација во неговата резиденција, само неколку дена пред да се очекува да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија на прелиминарните избори в недела.

Од апсењето на Имамоглу, илјадници луѓе се собраа во градското собрание на Истанбул на ноќни собири, а дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул, главниот град на Турција, Анкара и третиот по големина турски град, Измир.

Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и ги забранија сите собири и демонстрации во градот до недела.

Коментирајќи претходно за затворањето на Имамоглу, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборуваше за обидите на опозицијата да изврши политички притисок врз полицијата и судството.

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч апелираше да не се одржуваат улични протести по приведувањето на Имамоглу, истакнувајќи дека оваа ситуација на никаков начин не е поврзана со Ердоган.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика дебатите за миграцијата да се водат со „разум“, во услови на зголемени гранични контроли под новата влада на земјата.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

- Имиграцијата никогаш не била лесна, рече Штајнмаер во Берлин на настан по повод 50-годишнината од Интеркултурната недела, национална иницијатива против расизмот.

- Тоа не е само приказна за проблеми. Тоа е исто така секогаш важен дел од приказната за успехот на нашата земја, додаде тој.

Штајнмаер рече дека дискусиите за миграциската политика треба да вклучат и „искрен став кој кажува што сакаме и можеме да направиме“, како и „консензус дека сме и ќе останеме земја со многу потекла, религии и култури“.

- Да се биде Германец денес значи и еднакви права за оние со имигрантски биографии, додаде германскиот претседател.

Околу 21 милион луѓе во Германија, околу една четвртина од населението, или мигрирале во земјата, или се деца на мигранти, рече Штајнмаер.

- Ние сме повеќе од земја со луѓе со имигрантско потекло. Германија е земја со имигрантско потекло … Без имиграција, Германија несомнено би била посиромашна земја, истакна тој. /МИА

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

 Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ја презедоа водечката позиција на крајот од првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Емилија-Ромања, со која започнува европскиот дел од сезоната во Формула 1 во 2025 година.

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

Во Имола, лидерот во светскиот шампионат, Пјастри, запиша време од 1:16.545, победувајќи го својот тимски колега Норис за 0,032 секунди. Сепак, Британецот го постави својот најбрз круг во својот втор летечки круг на меките гуми, кои се од смесата Ц6, која го има своето деби во Формула 1 овој викенд.

Трет на крајот од првиот час подготовки во Имола беше Карлос Саинц, 0,052 зад Пјастри, додека Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа четврти и петти. Двајцата беа за 0,054 и 0,096 побавни од Пјастри, соодветно.

Викендот на Големата награда на Емилија-Ромања, седмата рунда од сезоната 2025 во Формула 1, продолжува во 17:00 часот по наше време со втората слободна тренинг сесија во Имола.

Русија и Украина разменија останки на војници

Русија и Украина повторно ги разменија телата на војниците убиени во конфликтот.

Русија и Украина разменија останки на војници

-Киев ги прими останките на 909 војници, соопшти денеска персоналот одговорен за прашања поврзани со воените заробеници. Војниците беа убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Суми.

Некои од останките дојдоа од мртовечници во Русија. Украинската армија со месеци окупираше делови од западниот руски регион Курск во близина на границата.

Според соопштението, Меѓународниот Црвен крст посредувал во размената. Руските медиуми објавија дека руската страна примила 34 тела.

притисни ентер