Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
1Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
БалканПритворен полковникот од грчкото воено воздухопловство за пренесување доверливи воени информации во КинаСпоред грчките медиуми, 54-годишниот полковник се соочува со доживотна затворска казна, но според новиот воен кривичен законик, осудата може да доведе и до одземање на грчкото државјанство.Мерка притвор му е одреден на полковникот во грчкото воено воздухопловство, кој беше уапсен за оддавање доверливи воени информации во Кина, по вчерашниот маратонски исказ даден пред истражен судија и пред јавен обвинител во Воениот суд и е пренесен во затворот во Коринт, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, 54-годишниот полковник се соочува со доживотна затворска казна, но според новиот воен кривичен законик, осудата може да доведе и до одземање на грчкото државјанство. Неговите адвокатите по одредениот притвор посочија дека токму тоа било и нивното барање и барањето на уапсениот, односно прво да биде притворен и потоа да му се суди, а за време на исказот признал, ја презел одговорноста и побарал да биде осуден. Како што објасни адвокатот Василис Хирдарис, со апсењето полковникот почувствувал олеснување, бидејќи со тоа, завршил еден „исклучително опасен процес за него“, додека пак во однос на делата објасни дека зделката не била со државен орган на Кина, туку со приватна компанија која дава консултантски услуги на компании од Кина и други азиски земји за пронаоѓање инвестициски можности во Европа, во земјите членки на НАТО и во западните земји. Но, откако отпатувал во Кина, работите се промениле и како што рече адвокатот, бил силно притиснат да пренесе или НАТО документи или било какви други документи поврзани со можни чувствителни информации. - За жал, беше принуден и под притисокот и од страв бидејќи му рекоа: „Го знаеме твоето семејство, знаеме каде живееш, знаеме каде работиш“ и беше принуден да учествува во нешто што навистина не сакаше. Но, мислам дека апсењето беше ослободувачко за него, посочи адвокатот. Паралелно прочита и изјава напишана од самиот полковник во која вели дека без намера, првично се вклучил во нешто што потоа се развило на кошмарен, опасен и незаконски начин, а при дадениот исказ во Воениот суд, не се обидел ниту да се оправда, ниту да се брани. - Од самиот почеток бев на располагање на мојата служба и на правосудството, со единствена цел да им помогнам во расчистувањето на случајот, кој, сепак, произлезе од услови што беа особено опасни и неконтролирани, а во кои се најдов и кои доведоа до делата за кои сум обвинет. Искрено им се извинувам на татковината, на Вооружените сили, на колегите и на моето семејство. Со апсолутна доверба во военото судство, барам да бидам казнет со праведна и разумна казна, напишал обвинетиот, како што информираше неговиот адвокат. Адвокатот дополнително објасни дека во целиот случај не постоеле соработници или соучесници. Полковникот од грчкото воено воздухопловство минатата седмица беше уапсен „поради јасни индиции за извршување кривични дела согласно Воениот кривичен законик, односно собирање и пренесување доверливи информации од воено значење на трети лица, со опасност од нанесување штета на националните интереси“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаВо Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетотВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.Тагови: ребаланс на Буџетот собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјаваВицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски. На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24