Притвор за петмината осомничени Турци за убиството во Штип - Канал 5

Притвор за петмината осомничени Турци за убиството во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица.

Притвор за петмината осомничени Турци за убиството во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите осомничени се турски државјани, од кои тројца имале пријавено престојувалиште во Штип, додека извршителот на убиството и еден од помагачите биле без пријавен престој во државава.

Постои осовано сомнение дека првоосомничениот 21-годишник, на почетокот на месецов во Скопје, од непознато лице за сума од 1.100 евра купил пиштол со калибар од 9мм, со избришани податоци за модел и сериски број.

Потоа со тој пиштол, на 8 мај во вечерните часови, во кафе-бар во Штип, со умисла и од безобѕирна одмазда лишил од живот едно лице, исто така турски државјанин со престој во Штип.

Преку мобилни апликации се договориле со жртвата да се сретнат за наводно да ги надминат долготрајните недоразбирања меѓу нив. Но, по 15-минутен разговор во угостителскиот објект, осомничениот влегол во тоалетот и веднаш излегол, па на вратата која го дели отворениот од затворениот дел од кафулето го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми во правец на оштетениот, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои подоцна починал.

Истата вечер, останатите четворица осомничени – тројца мажи и една жена, сите на возраст од 22 до 28 години, му помогнале на сторителот по извршеното кривично дело за кое е запретена казна доживотен затвор.

На точно неутврдена локација во Штип го качиле во автомобил БМВ со кој управувала осомничената девојка и сите заедно се упатиле кон Скопје. Кај наплатната станица Миладиновци на автопатот Штип-Скопје биле пресретнати и запрени од полициска патрола и се дале во бегство, но биле уапсени.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Толпа до смрт претепа странец во Јужна Африка (ВИДЕО)

Странски државјанин бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан.

Толпа до смрт претепа странец во Јужна Африка (ВИДЕО)

Странец бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан, град на источниот брег на Јужна Африка, откако бил нападнат од група од околу 50 луѓе, соопшти полицијата. Тензиите и антиимигрантските протести продолжуваат да се разгоруваат во најразвиената економија во Африка.

Според полициските информации, неидентификуваниот маж, за кој се верува дека е на возраст меѓу 35 и 45 години, прво му се приближиле двајца мажи по патот, по што бил нападнат од поголема група луѓе. Мажот бил прогласен за мртов на местото на настанот.

YouTube video

Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно

Полицијата започна истрага за убиството, а мотивот за нападот сè уште не е утврден. Убиството се случило по бранот антиимигрантски протести што ја зафатија Јужна Африка оваа година, од кои некои станаа насилни. Порано овој месец, продавници и автомобили беа запалени во Дурбан и Совето, во близина на Јоханесбург.

Портпаролот на покраинската полиција, Роберт Нетшиунда, изјави за Би-Би-Си дека полицијата не може да шпекулира за мотивот за убиството во Дурбан и дека ќе сподели повеќе информации штом ќе бидат потврдени.

Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно, признавајќи ја потребата од реформирање на имиграцискиот систем. Владата тврди дека десетици илјади странски државјани се депортирани или вратени во нивните земји откако започна засилена акција против нелегалната миграција на почетокот на оваа година.

Веќе се пријавени напади врз луѓе од други африкански земји.

Една од групите зад протестите, „Марш и Марш“, првично постави рок до 30 јуни за сите недокументирани мигранти да ја напуштат Јужна Африка. Пред тој рок, беа одржани неколку протести, а беа регистрирани и напади врз луѓе од други африкански земји.

Како резултат на тоа, неколку земји, вклучувајќи ги Зимбабве, Нигерија и Гана, презедоа чекори за враќање на своите државјани, плашејќи се од понатамошно насилство. Нигерија ги обвини јужноафриканските власти дека се одговорни за смртта на двајца нејзини државјани тој месец.

Гана, исто така, ја потврди смртта на својот државјанин, Баширу Исак, татко на три деца, кој беше застрелан за време на анти-странските протести во Кејптаун. Неговата смрт предизвика дипломатски спор со Јужна Африка, чии власти тврдеа дека обемот на насилството е преувеличен. Јасинта Нгобесе-Зума, една од лидерките на движењето „Марш и марш“, ги отфрли обвинувањата дека е ксенофобична. „Не можеме да живееме со овие луѓе со години, а потоа, кога велиме дека сè е премногу и дека е доста, добиваме одговор дека сме ксенофобични“, изјави таа за програмата „Фокус на Африка“ на Би-Би-Си.

Јужна Африка останува една од главните дестинации во Африка за мигрантите

Јужна Африка се соочува со ксенофобични напади речиси две децении. За време на раширеното насилство врз странските државјани во 2008 година, повеќе од 60 лица беа убиени, а десетици илјади мораа да ги напуштат своите домови.

Најновите немири се случуваат во услови на широко распространета сиромаштија, големи социјални нееднаквости и невработеност, што влијае на околу една третина од работоспособното население.

Мигрантите често се обвинуваат дека им одземаат работни места на домашното население, придонесуваат за криминал и ставаат дополнителен товар на јавните услуги. И покрај економските тешкотии, Република Јужна Африка е сè уште една од главните дестинации на африканскиот континент за мигрантите кои бараат работа, безбедност и подобри животни можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Навистина е задоволство, еве денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме.

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Денеска бевме во посета на една преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овдека коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија коишто доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква.

Во таа насока и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатака оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти.

Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница.

Благодарам уште еднаш и заокружете го бројот 1 во недела, изјави Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целост

Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма.

Радичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целост

Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма, односно во мојата програма на ВМРО-ДПМНЕ и јас како градоначалник коишто ќе ги реализираме во целост.

Во делот на инфраструктурата заедно со мене е министерот за транспорт, ќе го замолам во однос на проектите да се обрати, рече Стојанче Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер