3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаПритвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во КочаниЕкс министерот за економија Крешник Бектеши е спроведен во истражниот затвор во Шутка откако судот му определи 48 часовен краткотраен притвор.Бектеши претходно помина и 24 часа во полициска станица во врска со фалсификуваната лиценца за кабаре што ја имал клубот Пулс издадена во период кога тој го водел министерството за економија. Во краткотраен притвор се и поранешните директори на ДПИ Горан Трајковски и ДЗС, Беким Максути. Обвинителството во меѓувреме побарало притвор за уште двајца, или досега вкупно 16 лица, а сите предлози се прифатени од кочанскиот суд. -Доцна синоќа завршија сите рочишта во кои е изречена мерката, со што постапката за досега предложените мерки е завршена. Основен суд Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 16 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен притвор е во траење од 48 часа,- Основниот суд Кочани. Меѓу притворените се сопственикот на локалот и организаторот на настанот, обезбедување, продавач на билети, член на пазарен инспекторат, еден трудов инспектор како и други лица кои се поврзуваат со трагичниот инцидент. За што конкретно се сомничат обвинителството засега не открива. Тоа ќе се образложи во истрагата, но велат дека се работи за лица за кои постојат сомненија дека со своето постапување или непостапување придонеле за трагедијата. Вчера државниот обвинител Коцевски кажа дека најголем дел од приведените се сомничат за тешки дела против општата сигурност. -Се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства,- изјави– Љупчо Коцевски – Државен јавен обвинител. Овие притвори истекуваат утревечер. Според законот обвинителите може да бараат уште еднаш 48 часа притвор за секој од осомничените за да бидат обезбеднеи додека се собираат доказите, а потоа може да се бараат по 30-дневни притвори со отворањето на формалната истрага. Освен фалсификат лиценца, досегашната истрага на обвинителството покажа дека импровизираната дискотека Пулс во Кочани каде животот го загубија 59 лица немала хидрантска мрежа и доволно против пожарни апарати, освен едниот друг излез немало, другата врата била заклучена со катанец. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Свет„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени. Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди. Тагови: Парагвај Црн петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлбанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независностаАлбанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег... Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31