Пристигнува новиот Голф, последна генерација со мотор со внатрешно согорување - Канал 5

Пристигнува новиот Голф, последна генерација со мотор со внатрешно согорување

Volkswagen Golf веќе некое време не е бестселер во Европа, но сепак е еден од најпосакуваните модели на нашите простори.

Пристигнува новиот Голф, последна генерација со мотор со внатрешно согорување

Затоа, новиот модел се чека со посебно нетрпение. Сепак, не треба да очекуваме многу бидејќи Volkswagen веројатно не смета на Golf да се врати меѓу првите три најпродавани модели во Европа. Оние чие сеќавање добро ги служи, знаат дека Golf беше најпродаваниот нов модел во Европа од 2007 до 2021 година. Минатата година падна на 5то место, дури и го надмина евтиниот Dacia Sandero и стариот Fiat 500.

Сепак, VW Golf сè уште има респектабилна продажба од која би било штета да се откажат. Затоа, се подготвува нов модел или подобро кажано, обновено издание од последната генерација и воедно последна придвижувана од конвенционалните мотори.

Ќе го препознаете по новите светла и малку редизајнираните браници. Подеднакво дискретни промени ќе има и внатре, со исклучок на поставување на поголем централен екран. Рендерите на колегите од kolesa.ru покажуваат и што точно нѐ чека.

За крај ќе ги споменеме сега уште почистите мотори со стандардот Euro 7. А тоа значи само едно – дополнително поскапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!

Додека јавноста го чека цела недела да пушти глас, да почне да работи, да си ја заработи платат од граѓаните, да си го обели образот, Јавното обвинителство сѐ уште нема отпочнато постапка за прославата на независноста.

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!

Либерално-демократската партија (ЛДП) се нуди да помогне за конечно да има подеднаква правда за сите во Македонија.

„ЛДП бара јавното обвинителство да покаже дека има способни кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци и веднаш да отвори постапка поврзана со трошењето пари од државна лотарија“, вели во изјава истакнатиот правник и член на Извршниот одбор на ЛДП, Илија Чилиманов.

Тој додава дека кога веќе се вратија од летниот годишен одмор и сон и се фатија со експресни постапки за заштита на „шефот на елитата“, може да се позанимаваат и со барање на одговори на следниве прашања.

„Нели станува збор за ист модус операнди, механизам односно модел на извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од кривичниот законик кога Артан Груби и претходната гарнитура ги заобиколувале одредбите од Законот за трговските друштва и со заклучоци од Владата и наложиле на Државна лотарија да преземе финансиски обврски во износ од 8,3 милиони евра? И сега со начинот на кој се извлечени парите за прославата на независноста во 2026 година, актуелниот премиер, генералниот секретар на Владата и директорот на Државна лотарија го направија апсолутно истото. Донеле заклучоци на владата со кои парите од нераспределената добивка ги пренасочиле надвор од буџетот на државата“, посочува Чилиманов.

ЛДП гласно реагираше и на штетните измени на кривичниот законик направени во септември 2023 година, а кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е предвидено и казниво со Кривичниот законик.

„Па кога веќе јавното обвинителство го гони Груби според тој член, има законска основа да поведе постапки против актуелните функционери. Доколку прераспределбата на средства е направена без одлука од Собранието на акционери, со ист криминален модел, Државната лотарија повторно се користи како приватна партиска каса и вонбуџетски фонд за да се изиграат одредбите од Законот за буџет и редовните процедури, а милионски суми да завршат кај претходно договорени приватни субјекти“ вели Чилиманов и додава дека за ЛДП нема „ваши“ и „наши“ пред законите.

Доколку јавното обвинителство го гони Груби, а молчи за премиерот и актуелните функционери кои преку иста шема потрошија милиони евра за десеттина прослави и концерти по нивна волја, тоа е директен доказ за селективна правда и заробено правосудство.

„Државната комисија за спречување на корупцијата ја послуша ЛДП и веќе отвори предмет по допрен глас. Сега, заедно со граѓаните, бараме Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, исто така по допрен глас, брзо како и ДКСК да поведе постапка во која ќе обезбеди соодветни докази покрај другите и заклучоците од Владата и склучените договори. На тој начин, конечно ќе се покаже дека Јавното обвинителство ѝ служи на правдата, а не е само институционален штит на новата елита. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда исто како и елитата, можеби и повеќе“, заклучува Чилиманов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги

Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред.

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Вашингтон, се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата, позицијата на државата во регионот, партнерството со Соединетите Американски Држави, европската интеграција, како и плановите за економски, инфраструктурен, енергетски и технолошки развој на државата.

Мицкоски истакна дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави е партнерство градено со децении и дека Владата има јасна определба тоа дополнително да го продлабочува. Тој посочи дека Македонија е мала држава, но со исклучително значајна геостратешка позиција во срцето на Балканот, како природна крстосница на важни европски транспортни и енергетски коридори.

Премиерот нагласи дека политиката на Владата се темели на предвидливост и исполнување на преземените обврски. Во тој контекст посочи дека државата има јасен план и во однос на обврските како членка на НАТО, вклучително и постепено зголемување на издвојувањата за одбраната, но и инвестиции во стратешката инфраструктура – автопати, железници и енергетски преносни системи.

Како еден од важните предизвици за иднината, Мицкоски ја посочи и сајбер-безбедноста. Владата, како дел од реформската агенда со Европската Унија, планира развој на примарен дата-центар кој ќе ги поврзува јавните институции, ќе биде поврзан со постојниот секундарен центар за обновување на податоци и дополнително обезбеден преку клауд инфраструктура. Целта е државата да изгради посилен и поотпорен систем за заштита од современите сајбер-закани.

Мицкоски пред Атлантскиот совет ја претстави и развојната стратегија на Владата која се темели на три меѓусебно поврзани столба – инфраструктура, енергетска инфраструктура и вештачка интелигенција и висока технологија.

Во делот на енергетиката, тој истакна дека амбицијата е Македонија да стане значајна енергетска и транзитна крстосница на Балканот. Интерконекторот кон Грција треба да овозможи поврзување со ЛНГ терминалот во Александрополис, додека со изградбата на интерконекторот кон Србија се создава можност овој енергетски правец да продолжи кон Централна Европа.

Според Мицкоски, со завршувањето на двата проекти Македонија добива далеку поголемо регионално значење и можност да стане транзитна земја за снабдување со природен гас кон Централна Европа. Во исто време, развојот на гасната инфраструктура се поврзува и со идните инвестиции во производство на електрична енергија, дата-центри, вештачка интелигенција и високотехнолошка индустрија.

Премиерот се осврна и на инфраструктурните проекти, посочувајќи го значењето на Коридорите 8 и 10. Македонија се наоѓа на природната крстосница на овие два европски коридори – Коридорот 10 кој го поврзува Медитеранот и Егејското Море со Централна Европа и Коридорот 8 кој ги поврзува Јадранското и Јонското со Црното Море.

Тој посочи дека нивното значење не е само економско, туку и стратешко и безбедносно, особено за НАТО и за идната реконструкција на Украина.

Во однос на европската интеграција, Мицкоски нагласи дека Македонија останува целосно посветена на членството во Европската Унија, но дека процесот треба да биде заснован на реформи и заслуги, наместо на постојано отворање нови билатерални прашања.

Тој потсети дека Македонија повеќе од две децении се наоѓа на европскиот пат и дека во изминатиот период државата и граѓаните направиле бројни отстапки во име на европската перспектива. Според Мицкоски, незадоволството кај граѓаните произлегува од фактот што и покрај направените чекори, државата повторно се соочува со дополнителни услови. Погребна е предвидливост на процесот и гаранција дека нема постојано да се отвораат нови билатерални услови.

Премиерот истакна дека додека Владата бара решение за европскиот пат, Македонија нема да чека во место, туку ќе продолжи да ја развива економијата, да спроведува реформи, да го зајакнува владеењето на правото, да привлекува странски директни инвестиции и да инвестира во високотехнолошка индустрија.

Во тој контекст тој го посочи и економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал, оценувајќи дека Македонија е меѓу земјите со највисок раст во Европа.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да разговара со европските партнери и со Соединетите Американски Држави за предизвиците со кои се соочува земјата и дека Македонија нема да се изолира или да се повлекува од разговорите.

Стратешката определба, како што истакна, останува јасна – продлабочување на сојузништвото и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и полноправно членство во Европската Унија.

Обраќањето пред Атлантскиот совет ја потврди позицијата на Македонија како НАТО сојузник со јасна западна стратешка ориентација, но и како држава која сака сопствениот развој да го темели на конкретни проекти – модерна инфраструктура, енергетско поврзување, дигитална и сајбер отпорност, инвестиции, вештачка интелигенција и висока технологија.

Пораката на Мицкоски од Вашингтон е дека Македонија ќе продолжи да ги води разговорите за својата европска иднина, но истовремено ќе работи на сопствениот економски развој и на зајакнување на својата геостратешка позиција во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата

Општина Центар е прва општина во државата која на граѓаните им овозможува директен дигитален увид во мерењата на бучавата преку општинскиот ГИС-портал.

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата

Со новата услуга, граѓаните можат да ја следат состојбата на 30 локации низ општината, каде што се поставени мерни уреди за бучава, и на својот компјутер да проверат дали измерените вредности се во законски дозволените граници.

Пристапот е едноставен: потребно е граѓаните да се регистрираат на порталот, да кликнат на „Категории“ и да ја изберат опцијата „Мониторинг на бучава“. Со избирање на секоја локација се прикажуваат просечните измерени вредности на бучавата по час, како и просечната дневна вредност за периодот од 19:00 до 07:00 часот во текот на претходниот ден.

Мерењата се изразуваат во децибели, во скала од 0 до 145, а секое мерење е обележано со боја-индикатор. Црвената боја означува надминување на законски дозволената граница на бучава.

Проектот се реализираше во две фази, прво беа поставени 30 уреди на локациите каде граѓаните најчесто пријавуваа проблеми, а сега, со поврзувањето со ГИС-порталот, мерењата се јавно достапни.

„Ова е уште едно исполнето предизборно ветување. Како што ветив, воведовме паметен систем за мерење на бучавата. Прецизно ги мапиравме најгорливите точки, а сега секој граѓанин може сам да се увери во нивото на бучава во општината и во својата непосредна околина, како и да алармира кога ќе забележи надминување на дозволените граници. Доволно е да се најави на нашиот ГИС-портал, мерењата сега се целосно транспарентни“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Воедно, добиените податоци од мониторингот се индикативни и за општинските инспектори, кои врз основа на истите, можат да излезат на терен и да извршат проверки на конкретните локации.

Општина Центар во иднина планира проширување на системот за мониторинг со нови локации, согласно барањата на жителите. Поставување на овој дигитален систем е само уште еден чекор кон целосна дигитализација на општинските услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер