Пристигнаа ѕвездите на концертот што ќе го отвори „Охридско лето“ - Канал 5

Пристигнаа ѕвездите на концертот што ќе го отвори „Охридско лето“

Многу сме среќни што сме тука, што првпат на двајцата ни се даде можност да ја запознаеме овдешната публика и убавините на оваа земја за која што сме слушнале. Се надеваме дека утре нема да врне, дека времето ќе не послужи, истакнаа уметниците Барбара Фритоли и Лео Нучи, ѕвездите на утрешното свечено отворање на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Пристигнаа ѕвездите на концертот што ќе го отвори „Охридско лето“
Италијанскиот баритон Нучи изрази задоволство што му е доделена честа токму нему и на неговата колешка, сопранистката Фритоли, да бидат дел од еден прекрасен фестивал и во спектакуларен амбиент што зрачи со расположение и ведрина за каква што има слушнато од неговите колеги кои претходно настапувале на фестивалот.

Ѕвездите на утрешното отворање пристигнаа со приватен авион на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ и веднаш се упатија на прием кај претседателот Ѓорге Иванов во резиденцијалната вила „Билјана“.

- „Охридско лето“ на оваа 54. издание е домаќин на атрактивни настани и светски уметници, домаќин на најдобрите, најзвучните и на познатите уметници. Така и ќе започне ова фестивалско издание утре на Античкиот театар од 21 часот, со мегаѕвездите - оперската дива Барбара Фритоли и легендарниот Лео Нучи заедно со Македонската филхармонија со атрактивна програма на големиот Џузепе Верди, изјави селекторот на музичката програма на фестивалот, Гордана Јосифова-Неделковска.

Според критиката, Фритоли е гламурозна певица со ангелски глас која уште со првиот контакт ја освојува публиката, а Лео Нучи го оценува не само како фантастичен пејач, туку длабок уметник со вистинска емоционалност, кој на фантастичен начин ја доловува улогата што ја толкува, ја маѓепсува публиката и ја пренесува во друг свет и во друго време.

Гала-концертот на Џузепе Верди, на утрешното свечено отворање на фестивалот, ќе го води аргентинскиот диригент Луис Горелик. И оваа година „Охридско лето“ се одржува под покровителство на претседалот на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.

Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието.

Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.

Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Денеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштението

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер