Пристигна во Њујорк претседателот за чија глава САД даваа 10 милиони долари - Канал 5

Пристигна во Њујорк претседателот за чија глава САД даваа 10 милиони долари

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара пристигна во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН, прв пат од страна на сириски претседател од 1967 година, објави државната новинска агенција.

Пристигна во Њујорк претседателот за чија глава САД даваа 10 милиони долари

Сириските медиуми ја нарекоа посетата историска.

Шаара - поранешен лидер на Ал Каеда за кого беше распишана награда од 10 милиони долари од САД - постигна голема дипломатска победа во мај кога беше признат од американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Ријад.

Потоа САД ги укинаа повеќето санкции врз Сирија, а администрацијата на Трамп изрази поддршка за неговите напори за обединување и стабилизација на земјата.

Се очекува Шаара да го одржи својот прв говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк, кое утре ја отвора својата 80-та сесија.

Сириското претседателство соопшти на платформата за социјални медиуми X дека ал-Шара се сретнал со група сириски емигранти во САД. Тој ја нагласи „важноста на нивната улога во пренесувањето на вистинската слика за Сириската Арапска Република“ и изрази „благодарност за нивните искрени напори во служењето на татковината“.

Кој е Ахмед ал-Шара?

Ахмед ал-Шара, познат и по неговото воено име Абу Мохамед ал-Џолани, беше истакнат член и командант на Ал-Каеда во Ирак, каде што учествуваше во вооружени акции против американските сили. Тој беше уапсен и затворен во неколку американски и ирачки логори, вклучувајќи ги Камп Бука и Камп Таџи.

На почетокот на 2010-тите, по наредба на врвот на Ал-Каеда, тој ја основа гранката Џабхат ал-Нусра (Фронт на победата) во Сирија, која брзо стана една од најмоќните и радикални фракции во сириската војна, директно поврзана со Ал-Каеда.

Под негово водство, Џабхат ал-Нусра, а подоцна и Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), вршеа терористички и криминални активности како што се киднапирања, изнуда и напади врз цивили, што ги натера ООН, САД, ЕУ и други меѓународни тела да ги прогласат овие организации за терористички.

До неодамна, Американците нудеа награда од 10 милиони долари за неговата глава. Иако формално ги прекина врските со Ал-Каеда во 2016 година и се обиде да го преобликува имиџот на ХТС, меѓународните организации сè уште го сметаат за одговорен за бројни злосторства и терористичко минато.

Средба со Трамп во Ријад

Во мај, сликите од Трамп и Ал-Шара станаа вирални низ целиот свет. Трамп и Ал-Шара, кој беше ставен на листата на глобални терористи на САД во 2013 година поради неговата поврзаност со бомбашки напади, седеа насмеани додека пиеја чај додека камерите ги снимаа за историјата. Сириското Министерство за надворешни работи го нарече состанокот „историски“.

Средбата се одржа како дел од првата турнеја на Трамп на Блискиот Исток откако го освои својот втор мандат. Тоа беше и првата официјална комуникација меѓу САД и сирискиот претседател за 25 години. Ал-Шара, кој водеше молскавична кампања за соборување на режимот на Башар ал-Асад и протерување на проиранските милиции, се прогласи за претседател на Сирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Фактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС.

Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски.

Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка.

Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании.

Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода.

Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура.

Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем.

СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи.

Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц.

Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

Од 13 до 15 ноември, во салата „Расадник“ во Кисела Вода, се одржува јубилејното 55. издание на „Златен гонг“, еден од најстарите меѓународни боксерски турнири во Европа. 

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

На него настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји, а организатор е Македонската боксерска федерација.

Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година. Украинскиот состав го засилуваат и Џамал Кулијев, европски шампион У23 од 2024 и светски бронзен медалист У19 од 2022, како и Матвиј Ражба, европски шампион У17 од 2019 година.

Во женска конкуренција, Ирина Луцак доаѓа со европско злато У23 од 2024 и сениорска европска бронза од Софија 2026. Нејзина противничка во четвртфиналето до 80 кг е македонската боксерка Марија Костовска. Во украинската селекција се и Наталија Меринова, европска шампионка У23 од 2024, и Анастасија Сарањук, бронзена на Европското првенство У17 во 2021 година.

Од Литванија настапува Александар Трофимчук, европски вицешампион У23 од 2024, кој во финалето во Софија боксуваше токму против Захарјејев. Во литванскиот состав се и Едгарас Скурделис, европски младински вицешампион од 2011, и Алгирдас Баниулис, бронзен медалист од Светските воени игри во 2019 година.

Молдавија ја предводи Даниил Гуранда, европски шампион У17 од 2023, европски вицешампион У19 од 2024 и бронзен на Европското У19 во 2025. Неговите сонародници Михај Поромбак и Владислав Васковски освоија европска бронза У23 во 2025 година. Поромбак има и бронза од Европското У22 во 2023.

Во Скопје боксуваат и Румен Руменов од Бугарија, европски бронзен медалист У23 од 2024, Хамза Рашљанин од Србија, европски бронзен медалист У19 од 2024, и Башким Бајоку, кој за Косово освои бронза на Европското У22 во 2023 година.

Програма во салата „Расадник“:

петок, 13 ноември, во 14:00 – четвртфинални борби

сабота, 14 ноември, во 14:00 – полуфинални борби

недела, 15 ноември, во 17:00 – финални борби

Влезот е слободен. Македонската боксерска федерација ги поканува љубителите на боксот да ги проследат борбите во „Расадник“ и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи.

Македонска боксерска федерација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

​Се размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.

Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград.

Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“.

Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград.

Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка?

Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?

Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.

Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо.

Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции.

Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер