АвтомобилизамПристигна новиот БМВ М2, поскап за 10.000 евра (ФОТО) Новиот модел нуди бројни подобрувања, но и најмалку 10.000 евра повисока цена.На љубителите на BMW во последните години не им цветаат рози. Серијата 1 го загуби погонот на задните тркала и е ограничена на три и четири цилиндри, со најозборуваните електрични модели предводени од кросоверот iX. Да не зборуваме за огромните бубрези кои изгледаат како запалена скара. Сега работите се менуваат бидејќи BMW повторно се фокусира на уживањето во возењето - пристигна новиот M2. Според многумина, најдобро уредениот модел во линијата М доби наследник. На пазарот ќе се појави во април следната година, а според последните информации ќе биде значително поскап. Имено, BMW M2 Competition во Германија се нудел за 62.500 евра, а новиот M2 започнува од 72.800 евра. Поставен на платформата CLAR, новиот модел порасна, но се уште го држи своето во компактни димензии. Така тој достигнува 4,58 метри во должина, што е добри 20 см помалку од М4. Она што сепак радува е што новиот модел со широчина од 1,87 метри е дури 3,3 cm поширок од претходникот. Освен ширината, око привлекуваат аголните детали, особено напред каде што зафатите се огромни. Агресивен изглед со јасен приказ на мускулите е особено видлив кај браниците, кои дополнително се издолжени на страните. Силуетата е препознатлива со бандажи од 19 инчи напред и поголеми одзади, а зад нив има само челик. Да, композитните сопирачки не се ни нудат како опција. Назад, пак, доминираат четирите ауспуси, повторно со аголна форма. Под хаубата има интегриран спојлер, багажен простор до 390 литри. Внатре нема изненадувања. Германската прецизност и квалитет со опционалните седишта од карбонска обвивка јасно го откриваат карактерот на автомобилот. Дигиталниот кокпит се состои од 12,3-инчен екран пред возачот и 14,9-инчен екран за инфозабавни цели. Понуден е целиот опсег на телеметрија, како и поставување на природата на автомобилот, од „Road“ до „Track“ и M Mode“. Да го спомнеме и моторот. S58 во новата апликација сега дава помалку од М3 и М4, но сепак многу. Со 460 КС и 550 Nm ретко кој ќе се разочара. А најдобриот дел е што рачниот менувач е стандарден, а осумстепениот ZF автоматски е на листата на опции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од ВладатаНа вториот круг од вонредните избори за градоначалник во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски. Во штабот на дуи во Брвеница синоќа се славеше. Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбујк напиша: „Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови. Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес претежно облачно со повремени врнежи од дождВремето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени. До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter