Природна состојка за побујна коса – Како до поцврста и посјајна коса? (видео) - Канал 5

Природна состојка за побујна коса – Како до поцврста и посјајна коса? (видео)

Доколку се соочувате со опаѓање на косата, не мора да посегнувате по скапи производи и третмани, тоа го докажа една жена преку свој пример на Тикток.

Природна состојка за побујна коса – Како до поцврста и посјајна коса? (видео)

Долга и густа коса е сон на речиси секоја дама, меѓутоа не можеме да ја промениме генетиката, она што можеме да го направиме е добра нега на нашата коса.

Многу жени потврдиле дека нивната здрава и густа коса се должи исклучиво на некоја природна состојка на која не потрошиле многу пари.

Кирти е корисничка на Тикток која на своите придружници им откри дека нејзината здрава и густа коса се должи исклучиво на една состојка што ја купува во продавница.

Оваа инфлуенсерка на Тикток која ја следат преку 315.000 лица, дели совети за убавина објаснувајќи како не користи скапи производи.

- Ви паѓа многу коса? Пробајте го ова! Евтино е, достапно и можете да си го направите дома. Само е малку неуредно – вели таа во својата објава.

Кирти тврди дека го спречила опаѓањето на косата и го вратила нејзиниот сјај. Таа на објавеното видео ја подели косата во повеќе прамени и од коренот до врвовите ги премачка со алое вера кое претходно го подготви во чинија. Кирти објаснува дека регенераторот за коса го заменила со лист од оваа билка. Во видеото, таа го споделила точниот рецепт за подготовка на смесата, објаснувајќи како оваа лигава течност ја добива со лупење на стапче од алое вера и додавање малку масло, а потоа ја втрива смесата во скалпот. За подобри резултати Кирти препорачува ваквата смеса да се остави на главата 20-30 минути, а потоа да се исплакне.

- Да, ова ми помогна 100%.

- Ќе се обидам. Имам алое во дворот - беа дел од коментарите.

Пред извесно време Кирти сподели и маска за лице со која ги воодушеви корисниците на Тикток што ја следат. На видеото, таа направи комбинација од црвена леќа, шафран, куркума и јогурт и доби ајурведска маска.

Придружниците на оваа инфлуенсерка честопати се воодушевени од нејзините одлични решенија и трикови за убавина кои се сосема безбедни и се алтернатива на класичните козметички производи.

@kirtitewani Hair loss is a big problem and needs to be solved and resolved internally and externally. My hair is super shiny since i have started to use aloe vera! #hairloss #hair #haircare ♬ original sound - Kirti - Ayurveda

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер