Прирачник од Аргентина: Како да одведете Русинка во кревет - Канал 5

Прирачник од Аргентина: Како да одведете Русинка во кревет

Додека останатите репрезентации подготвуваат прирачници за играчите, статистики, тактики и слични детали, Аргентинците посветија внимание на некои други теми.

Прирачник од Аргентина: Како да одведете Русинка во кревет

Фудбалскиот сојуз на Аргентина на семинарот за претстојното Светско првенство подели прирачник за рускиот јазик и култура во кој централен дел зазема приказната за Русинките, односно советите како да се заведат припадничките на поубавиот пол во оваа земја.

„Што треба да направите за да имате шанси кај руските девојки? Русинките, како и сите други девојки, сакаат да бидете чисти, убаво да мирисате и да сте убаво облечени. Првиот впечаток е многу важен, затоа внимавајте како изгледате“ – стои во официјалниот водич наменет за играчите, челниците на советот и новинарите.

Авторот оди и чекор понатаму.

„Многу мажи, бидејќи Русинките се преубави, само сакаат да ги однесат девојките во кревет, но и тие сакаат се чувствуваат важно и единствено. Нашиот совет е да се однесувате кон нив како кон личности“ – еден е од “умните“ совети на творецот на прирачникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер