Припадник на нарко- клан од Бар е екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, оди директно во затвор - Канал 5

Припадник на нарко- клан од Бар е екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, оди директно во затвор

Член на организирана криминална група од Бар, Ардијан Ајдарпашиќ (27), синоќа е екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, соопшти денес Полициската управа.

Припадник на нарко- клан од Бар е екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, оди директно во затвор

По него е издадена меѓународна потерница од страна на НЦБ Интерпол Подгорица врз основа на наредба од Основниот суд во Бар, со цел да отслужи двегодишна затворска казна, пренесе Телеграф.

„Тој е осуден со пресуда за кривично дело неовластено производство, поседување и дистрибуција на наркотични дроги“, соопшти полицијата.

Ајдарпашиќ беше уапсен во Уругвај на 23 март 2023 година, за време на големата полициска акција „Виртус“, кога локалната национална полиција заплени повеќе од 1.200 килограми кокаин. Во тоа време беа уапсени десет лица, меѓу кои и двајца црногорски државјани - А. А. и С. Д., објави CdM.

По отслужувањето на казната во Уругвај, Ардијан Ајдарпашиќ беше повторно уапсен по меѓународна потерница и синоќа беше екстрадиран во Црна Гора.

Екстрадицијата ја извршија службеници на НЦБ Интерпол Подгорица, со помош на Специјалната полициска единица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер