БалканПринцот од Албанија е осуден на една година затвор поради семејно насилство (ВИДЕО)Судот во Тирана го осуди принцот Лека Зогу на една година затвор за насилство во кралската палата пред една година.Поради скратен судски процес, казната е намалена на 8 месеци, условно на 16 месеци, поради обвинението за семејно насилство, објави Телеграфи. Судијката Мигена Ласка го осуди Ѓерѓ Захарија, татко на Елија Захарија, на 10 месеци со скратен судски процес, со што ја намали казната на 6 месеци и 20 дена. Судот одлучи да ја укине казната на една година и 40 дена условно. Во меѓувреме, судијата ја прогласи Елија Захарија за невина. Видео кое кружи во локалните медиуми, очигледно снимено од самиот принц Лека, се чини дека ги докажува неговите тврдења дека неговиот поранешен таст го удрил со тврд предмет. Следното видео подетално ја прикажува физичката пресметка на парот, во која учествувал и поранешниот таст на принцот. На овие слики се гледа како Елија вика. Се гледа како таа го удира принцот, додека нејзиниот татко се обидува да ја спречи. „Кралската“ кавга беше објавена на видео во март 2024 година. Сите социјални мрежи емитуваа снимки на кои Елија го удира и го кара принцот во кралската палата. Сведоците на денот на „насилството“ ја виделе Елија Захарија на тротоарот во близина на МВР како го пцуе, шамари и клоца принцот Лека, додека тој се жалел „Ај, те молам Елија, немој...!“, без да се сврти. Принцот стана шега меѓу „тврдокорните“ Албанци кога ја видоа сопругата како го тепа во живо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денариОд вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари. Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook