Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
1Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЖивотПринцот Хари пред британскиот суд изјави дека медиумите имаат крвави раце Принцот Хари рече дека медиумите имаат крвави раце додека сведочеше на суд против издавач на таблоид што го тужеше за хакирање телефони и други незаконски активности.Со тоа тој стана првиот висок член на кралското семејство што сведочеше на суд по повеќе од еден век. Хари, кој е петти по редот за тронот, накратко се насмевна додека минуваше покрај мноштвото фотографи и камери по пристигнувањето во судскиот комплекс Ролс билдинг во центарот на Лондон. Тој и повеќе од 100 други ги тужат весниците Мирор Груп (МГН), издавач на Дејли мирор, Сандеј Мирор и Сандеј Пипл, обвинети за хакирање телефони и други незаконски активности помеѓу 1991 и 2011 година. Помладиот син на кралот Чарлс III. Се појави како сведок, за да биде подложен на повеќечасовно вкрстено испрашување од страна на адвокатот на МГН, Ендрју Грин, за 33 написи во весниците за кои Хари рече дека се засновани на незаконско добиени информации. Грин го започна сослушувањето со лично извинување до Хари во име на неговиот клиент за случај во кој тој призна дека собирал незаконски информации. „Тоа никогаш не требаше да се случи и никогаш нема да се повтори“, рече тој, додавајќи дека ако судот утврди дека МГН извршиле други злосторства, Хари „ќе има право и ќе добие поцелосно извинување“. Адвокатот го испраша Хари за дел од неговата писмена изјава во која се осврнува на „грозоморното“ однесување на британските медиуми. „Колку повеќе крв ќе ги обои нивните прсти пред некој да стави крај на ова лудило?“, напиша Хари. Грин го праша дали мисли дека новинарите на МГН, кои ги напишаа написите за кои ги тужи, се одговорни за нечија смрт, а Хари одговори: „Некои од уредниците и новинарите, кои се одговорни за предизвикување многу болка, се вознемирени, а во некои случаи, можеби ненамерно, предизвикале смрт“. Принцот е првиот висок член на британското кралско семејство кој сведочел на суд во последните 130 години. Тој зборуваше од истото место на сведоци во судницата број 15, каде пејачот Ед Ширан и француската актерка Ева Грин неодамна се појавија во одвоени и неповрзани случаи. Судењето на МГН започна минатиот месец, а адвокатите на тужителите сакаа да докажат дека информациите биле незаконско собрани со знаење и одобрение на главните уредници и шефовите. Случајот на Хари е еден од четирите случаи, а неговите конкретни наводи се во центарот на првите три дена од оваа недела. Сепак, тој вчера не се појави на суд, бидејќи само претходната вечер ги напушти Соединетите држави, каде што сега живее со својата сопруга Меган, и каде што беше во неделата за роденденот на неговата ќерка Лилибет. Судијата Тимоти Фанкур рече дека е изненаден од неговото отсуство. Хари изгледаше сериозно и тивко рече дека има илјадници, можеби милиони приказни напишани за него откако Грин го прашал дали ги прочитал предметните написи на МГН. Принцот признал дека тој и неговите адвокати ги избрале најнаметливите написи и оние кои предизвикуваат најголема болка. На прашањето дали се сеќава дека го прочитал првиот текст за кој се пожалил, а тоа е за неговата мајка која го посетила за неговиот 12-ти роденден, Хари рече: „Бев дете, бев на училиште, тие написи беа крајно инвазивни. Секој пат кога една од тие статии беа напишани, имаше ефект“. Адвокатот на Хари, Дејвид Шерборн, вчера изјави дека неговата покојна мајка принцезата Дијана исто така била жртва на хакирање, а принцот го споменал тоа во својата изјава, обвинувајќи го Пирс Морган, поранешниот уредник на Дејли Мирор. Тој рече дека помислата дека Морган и неговата „банда новинари“ ги прислушуваат пораките на неговата мајка „го прави неутешен и го прави уште порешителен да ги повика одговорните, вклучително и г-дин Морган, да одговараат за нивното гнасно и целосно неоправдано однесување“. Морган, сега познат новинар во News Corp на медиумскиот магнат Руперт Мардок, отсекогаш негирал вмешаност или знаење за хакирање телефони или други нелегални активности. MGN претходно призна дека нивните документи биле вклучени во хакирање телефони, но Грин рече дека нема докази дека Хари некогаш бил жртва. Издавачката куќа исто така тврди дека некои од личните информации ги споделиле високи соработници на кралското семејство, вклучително и еден од највисоките поранешни соработници на неговиот татко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромниСДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење. Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни местаТри дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од јкп комуналец свети николе, кое го сподели градоначалникот Владев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВо автобус на фудбалски клуб пронајдени 86,5 кг марихуанаСкандал на векот во фудбалот на Боливија. Во автобус на клуб пронајдени 86,5 килограми марихуана!Фудбалскиот натпревар меѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант! Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требало да ги превезува фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, а поради целиот случај се уапсени тројца возачи. Инцидентот се случи во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР (UMOPAR) запреле автобус за рутинска контрола. Но, неочекуѕвано во автобусот биле пронајдени четири торби полни со дрога, по што следувла голема полициска операција. Возилото било ангажирано за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но било запленето пред да може да ги преземе играчите. Сао Пауло за „UOL“ потврди дека превозот бил организиран од боливиската компанија „Buses Cosmos“, која обезбедила втор автобус по полициската акција. Така, експедицијата на бразилскиот гигант го продолжила патувањето без проблеми, додека полицијата ги привела тројцата возачи одговорни за возилото. Според информациите од Бразил, компанијата „Buses Cosmos“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и изјавила дека клубот немал никаква поврзаност со запленетата дрога. Сао Пауло се наоѓа во Боливија за натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар, а клубот изготви посебен план за патување поради надморската височина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook