Принцот Хари: Новинарите на „АНЛ“ се криминалци - Канал 5

Принцот Хари: Новинарите на „АНЛ“ се криминалци

Британскиот принц Хари денеска сведочеше на судењето меѓу него и други истакнати личности, од една страна, и медиумската групација „Асошиејтед њуспејперс лимитед“ (АНЛ), од друга. 

Принцот Хари: Новинарите на „АНЛ“ се криминалци

Како сведок, даде изјава дека поради кралското семејство, тој морал да го следи правилото „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“ во справувањето со медиумите.

- По смртта на мајка ми во 1997 година, кога имав 12 години, морав да трпам притисок од медиумите, со кои оттогаш имав заладени односи и го следев семејното правило од кое нема отстапување. Ми беше многу тешко да се воздржам од зборување за медиумите, по оние бројни обвинувања, вознемирувања, напади и расистички написи за Меган... А, не е претерување да се каже дека сè тргна надолу кога решив да се преселам од Обединетото Кралство во 2020 година, изјави принцот.

Според сведочењето, работите само се влошиле кога неговата избраничка забременила со нивниот син Арчи... А, додаде и дека има докази дека неговиот мобилен телефон бил хакиран уште претходно.

- Јас не ја поднесувам оваа тужба само за себе, затоа што којзнае колку други членови на (кралското) семејство биле следени на овој начин. Доказите што ги видов укажуваат дека новинарите на „АНЛ“ се криминалци кои имаат посебни овластувања поради нивниот статус на новинари. Британската јавност заслужува да знае сè за ова прикривање, и чувствувам дека е моја одговорност да го направам тоа, нагласи принцот Хари.

Сослушувањето на сведоците ќе трае четири дена, а меѓу луѓето кои ја тужат „АНЛ“ има познати лица, како Елтон Џон и Елизабет Харли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пресудата е донесена- доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Судот во Куманово донесе пресуда за доживотен затвор за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во Кумановско.

Пресудата е донесена- доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Според обвинението, Бојковски во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година нападнал шест жени во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири од нив починале, додека две ги преживеале нападите.

Обвинителството тврди дека жртвите биле главно повозрасни и немоќни жени кои биле напаѓани додека биле сами. Според обвинителниот акт, делата биле извршени од ниски побуди, со намера за задоволување полови нагони врз мртви тела.

Во текот на судењето Бојковски призна дека извршил три од четирите убиства и двата обида за убиство, а едно од убиствата го негираше.

Психијатриското вештачење утврдило дека обвинетиот бил пресметлив и способен да го разбере значењето на своите постапки. Вештакот оценил и дека постои ризик од повторување на делата.

Основното јавно обвинителство Куманово уште при поднесувањето на обвинението наведе дека за кривичното дело за кое се товари Бојковски е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Goal“: Фудбалерите на Барселона се променети. Тоа претставува проблем за конкурентите

Тренерот на шпанскиот фудбалски шампион,  Барселона, Ханси Флик, ја пофали промената во менталитетот на своите играчи, која стана очигледна за време на тековната репрезентативна пауза. 

„Goal“: Фудбалерите на Барселона се променети. Тоа претставува проблем за конкурентите

Флик и неговиот стручен штаб сметаат дека е од клучно значење што играчите почнаа да ги слушаат сигналите на своите тела за да избегнат скапи грешки од минатото, пренесува фудбалскиот портал „Goal“.

Клубот смета дека повредите биле главната причина за нивното предвремено испаѓање од Лигата на шампионите.

Рафиња подолго време беше надвор од терените поради проблеми предизвикани поради големите напори и ангажмани во бразилската репрезентација, додека слични проблеми имаа и Жил Кунде, Балде, Феран Торес, Педри, Френки де Јонг и Ламин Јамал.

Затоа, стручниот штаб на Барселона внимателно го следеше однесувањето на играчите за време на неодамнешната репрезентативна пауза, која – со времетраење од три недели – беше подолга од вообичаеното.

Клубот има за цел да спречи проблеми кои произлегуваат од прекумерната минутажа и честите патувања – фактори што негативно влијаеја врз формата на тимот минатата сезона. Рафиња и Гарсија како примери Флик изрази задоволство што овој пат играчите постапуваа повнимателно, избегнувајќи непотребни ризици и навремено препознавајќи ги сигналите на своите тела.

Рафиња и Ерик Гарсија се издвојуваат како примери за овој нов пристап.

Капитенот на Барса, побарал да биде заменет на полувремето од натпреварот против Австралија штом почувствува непријатност, имајќи ги предвид проблемите со мускулот на бутот што ги имаше минатата сезона.

Сличен пристап применил и Гарсија, кој се повлече од загревањето пред натпреварот на шпанската репрезентација и се врати во Барселона на лекарски прегледи.

Стручниот штаб ги оцени двете одлуки како исправни бидејќи со нив се избегна ризикот од посериозни повреди, а лекарските прегледи потврдија дека нема сериозни проблеми.

Овој пристап треба да стане стандард во клубот, бидејќи минимизирањето на ризикот се смета за клучно во борбата за трофеи во текот на сезона со многу натпревари. Пред Барселона сега е напорен распоред од пет натпревари во рок од две недели. По утрешниот натпревар на гостински терен против Хетафе – а пред „Ел Класико“ на 25 октомври – тимот треба да игра против Реал Бетис, Галатасарај и Пари Сен Жермен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи

Светската музичка ѕвезда, пејачката Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се созеде и продолжи да настапува како ништо да не се случило.

Видео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи

Несреќата се случи во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамките на серијата настапи „Celine Dion Paris 2026-2027“.

За време на изведбата на една од песните, Селин Дион ја изгуби рамнотежата и падна. Таа падна на задникот, но успеа да го ублажи падот со раката.

Веднаш стана, покажа палец нагоре за да ѝ стави до знаење на публиката дека е добро и продолжи да пее.

YouTube video

Селин Дион се повлече од концертните сцени во последниве години поради „синдромот на вкочанета личност“ – ретко невролошко нарушување што предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви.

И покрај здравствените проблеми, пејачката им се врати на настапите пред публика во 2024 година со спектакуларен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега, со нова серија концерти, таа се враќа на редовните настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер